При комбинирана исхрана се користи 0+ или евентуално 1+. Ако му тече повеќе може да ти се одтргне од града, зголеми цицање пред ад и после дај му шишенце, ќе ти надојде млекцето
Уфф. Јас мојот нос вака си го чистам со едно такво рино хорн се вика. Не ви е страв на бебче? Дека не стои мирно цело време?
Не, не ми беше страв зошто супер соработуваше. Во смисол не се тргнеше, не плачеше. Со малиов немам пробано, ќе видиме дали ќе може.
Денеска малово е неподносливо. Вришти штом го спуштиме, па после ни во раце не се смирува. Секој ден се полошо е.
И мене ми е страв. И мирен да е не ме бива за вакви работи. Јас одвај со страв со пумпица влечам ама морам, не можи да диши.
Дали има таков посебен шприц што го продаваат како на видеото или со обичен шприц го правеше тоа? И тоа друго е само физиолошки раствор, така да го барам во аптека?
Моево цел трет месец не сака никако спуштено да е, само во раце. Од кај 17h додека заспие првите 2 недели ми беше уфф, мачно. Сега е 3+++ и веќе два - три дена е ок, рано заспива, веќе лесно, не се буди не плаче, итн. Така да секоја недела различни се. Вчера пример прв пат бебе во 20 заспа, спиеше скоро до 10 сабајлето. Цел ден после весела, претходно не. Издржи неколку дена, има крај…. Туку уште кашла моево, чистам инхалирам, аман нека се опорави. Кај ни е зимата уште од сега вака ако се дешва …
Јас не форсирам ништо, но сакам да му правам вежбички за да совлада полесно и најчесто на youtuve наогам многу корисни видеа, од таму брзо совладавме вртење на меше. Најдов добро видео и планирам по него да правам вежби за седење ќе го споделам може ќе ви се најде
Кај нас со пумпицата немаше некој успех, многу се лути дечкото. Полесно и поефективно ми е со стапче за уши, наеднаш сѐ излегува, нема многу време за плачки.
Да, физиолошки. Јас купувам големо пакување како за инфузија. Сум правела и со обичен шприц, ама има и додаток што се става на шприцот. Ги има по аптекиве. Јас вака ја чистев големата и не знам дали е до тоа, ама никогаш сме немале поголем проблем од растечен нос.
Majki vie sto ste samo na doenje koga go doite bebce dali posle gledate da pominat 2sati ili na pomalku od 2sati mu davate da cica.
Не гледам на време ,препорака од сите доктори кога сака колку сака....до 2 месеци ми се чини цело време беше на гради,а како расте сега е веќе 3++ поретко бара па знае да се фати на 2,3 саата некогаш и почесто,нема правило
Не гледам на сат го дојам колку сака и кога сака бебето. На почеток беше цело време на гради. Сега на 4 месеци цица одприлика на 4-5 сати.