Леле истово ќе го прашав. Никако да се ослободам се некако страв ми е или го викам татко ми да не вози или викам некој со бебе да седи позади јас ако возам. Зашто мм само прва смена е, сегде сама одам со бебе
Дали ова перниче е практично и функционално за да се среди главчето?. Сплескано е позади и никако не ја врти главата лево десно на спиење.
И јас само со количката шпартам,не знам дали би издржала позади сама ,дур го врзам транспортерот више 10 мин трпение ќе и отидат ,најубаво да си пробаме низ маало некое кругче да видиме како ќе се понашаат
Како да го вежбам? А смеам да ја наместам и со телото да ја наместам странично да спие? Дека читав за сидс и ми е страв.
Моето дебелко не е многу подвижно Ама со викањево ми ги дупна ушите. Не ми се верува колку се промени после скокот. Повеќе стои буден, одвај го дојам само се врти, се го интересира. Почна ептен на глас да се смее
Абе исти се скроз двајцата, се знае тоа Писка на цел глас и после се радува. Интересно им е, ново нешто. Моето не е многу подвижно, дебело е Ама се мачи да се врти цело време. Некогаш му помагам, некогаш не. Ако се нервира и цимоли помагам, ако пробува и е расположен го оставам сам да се научи. До сега се сврти на стомак 2-3 пати без помош. Јас и очекувам да му се потешки овие работи, дебело е
Не ми е страв да возам страв ми е бебе како ќе се понаша само и транспортерот не ми е сигурен ако не го држам
Те разбирам ... мислев да не те фати паника ако не седи нешто или заплаче Пушти малку музика и можда ке седи
Транспортерот со каишот ќе го врзеш и нема мрдање. Јас се спремам за прва подолга вожња во вторник сама со бебе, од самата помисла, срцево почнува да ми чука забрзано
На бебо на едната страна на препоните му се појавија црвени точки, како брунки, суво е местото, ваљда потпарено -Од шо може да ми се има потпарено? Дома со влажна тетра го бришам или под чешма од ко е роден, влажни виолета со 99% вода само ако сме излезени, пелени не сум сменила 4 месеци -Маж ми зеде маст за потпарено од Еурофарм, ама не ја прашал аптекарката како се користи. Само на местото кај шо му се точките да го мачкам, на здравото не? Колку дена смеам да мачкам?
А која е таа маст за потпарено, има име? Мене денес ми дадоа флого маст па ќе видиме дали има ефект. И јас не ја бришам со влажни, дали еднаш двапати во неделата ќе ми се фати, постојано е под чешма. Мачкав мустела 123 ама немаше ефект.
Вакво исто кремче имам и јас по препорака на аптекарката ми рече да ставам по потреба кај што е црвено и така и правам и многу ни помогна
Јас ја користам оваа и мислам дека од неа помина црвенилото кај моето. Мачкам јас во подебел слој сегде кај што има црвено, а богами имаше и на препони премногу и на газето така да цел го мачкав во тој предел. И уште мачкам дури да видам дека е скроз чисто. Трет ден веќе мачкам. Оваа крема помогна повеќе, а бев на кожно ми препишаа крема во аптека да ми ја направат. Од неа немаше нешто ефект.