Првиот преглед на ортопед тој ни рече не и го вртете телото на страна, заради ризик од сидс. А јас уште првиот месец и го вртев телото и главчето кога не ми ждригнуваше. Но антоније ми рече не, се додека не почне сама да се врти. А што до тогаш? Главчето ќе и остане сплескано Точно 3мес.сме. Смеам и телото странично?
Ох е ај да видиме. Баш ме изненади вакво понашање денес Првпат и моево денес се расплака. Дури чудно ми падна. Досега секаде одеше без проблем Ај ќе се смени си велам хаха
Не знам, мене педијатарот па ми препорачуваше на страна да го легнувам дури и на антирефлукс душечето за превенција од сидс оти ептен повраќаше мојов. Сега и да го легнам на страна, сам се врти на грбче да спие, ама главата секогаш на страна, во негативна рамнина дури
Хахах нормално е, сите плачат по мама само моево нема гајле Дури и по болници седи со сестрите им се смее, на улица ако му прозбори некој одма крева раце да го земат и се смее. Можи му здосадив јас. Поголем дел од времето сме сами двајцата
И моево се смее и оди кај сите, веќе по дома не’ распознава, мене најмногу и ептен ми се радува. Мајка ми па ми вика уште малце вака ќе оди кај сите после нема да сака, викам како да не моево е друштвено ќе оди кај сите
Ете, женска му пак иста е со сите другарка, на сите им се смее. На мене, на татко и и на мајка ми највеќе, и највеќе ни се радува пошо највеќе време е со нас. Ама и на сите други им се смее и си седи у раце без проблем
Јасно ми е, не ни мислев да спијам, него дека навечер ми е тешко поради тоа денот како ми се одвива....и цица па плаче многу т.е писка ептен го мачат грчеви, и не знам веќе дали е најаден дали плаче од глад, грчеви...ама изгледа помалце трпение имам него со првово )) Ама во право сте да, додека направиш ад па да држиш боца да пие..
Моето од сам старт спие и странично... сеа се исплашив коа прочитав дека не смее. Моето се укочува само на грб и го фаќа сафра. Почнува да дига нозе, да се буни... го вртам на страна и за секунда заспива... заедно спиеме на спална. Језда го подгледувам од време на време ама не знаев дека не смее...
Еве и јас со се прашувам...ми викаат врти ја главата странично кога спие за да се оформи правилно. Ама не може бебе на грб а главата странично, барем моето не сака така. А од сам старт и јас странично телото и го ставав да си спие.
Мамички дајте совет. Сакам да си купам вреќа за спиење од тила ама не знам шо величина. Бебе ми е 4 месеци ама е ситничка, 60цм. Сакам вреќата да ја користиме до летоска барем.
Те разбирам, сите поминавме/поминуваме низ истото. Првите два месеци мислам само да јадам и за вц го тргав од на гради. Секогаш поддржувам доење и сите ги знаме придобивките од истото. Но ако за вас двајцата функционира ад, тоа е сосема во ред.
Јас имам земено 80цм (уште кога беше 2м ја зедов)сега беба е 5м и 72цм и има уште простор. Мое мислење земи и 80цм ќе и биде сигурно и до летото таман.
Мојата беше иста до 6тиот месец, дури се нервирав дека кај сите оди и се смешка мене не ме погледнувапреку вечер смени, кај и да е ако ме види си ја бара мајка а јас си се топам
Првиот месец дури беше многу мало во гнездо до мене на спална а после цицајки заспиваше а нели мора да му е цело тело и глава свртена кон мене така и го оставав да си спие сега се врти сам спие и на меше само на грб многу ретко
Леле одвај чекам хаха.. Од секогаш ми било убаво да гледам бебиња што сакат кај мајките. Сега конечно имам бебе и јас сакам така
Леле неќиш, верувај ми. Одиме кај моите, има куп луѓе што го немаат видено и едвај чекаат да го видат, а јас и мм едвај чекаме да ни одморат рацете и да си помуабетиме, ама не, вреска за кај нас, со гушкање, со туткање, со плачки, со сите нишани. Мислам, во одредени ситуации, да, слатко е, мило е онака ко ќе се стутка во тебе оти цел свет му си, ама некогаш едноставно ми требаат 5 минути (ова го кажува мајка на бебе шо сака постојано да е в раце).
Хахахах.. Да напорно и особено кога сите сакаат да го видат а тој не сака никој освен мама и тато. Мојот мува не го лази од никој Ми се има случено да имаме гости и да го земам во друга соба за спиење и да почни на глас да се смее штом сме сами а пред гостите да е озбилен, ама да плачи по мене никогаш. Сега одвај чекам да сака кај мене, после ќе викам беља си барав. Лежи моето секаде, не долго ама колку да ми одморат рацете доволно е