Ако ја прими во среда ќе има 4 мес и една недела. Претходно ќе правам кс па ќе видам што ќе кажат. Знам во Ѓорче ми рече докторката минимум да има размак 43 дена од една кон друга доза
Кај мене се е блиску, се е отворено. Ако спие го оставам во спална секогаш за да можам слободно да си работам во дневна. Ако е буден само на под ми е најсигурен. Ако е расположен да игра го оставам на теписонче а и сега си вежба да се врти на стомак. Ако цимоли, подлога што висат играчки(не ми текнува како се викаше) ја ставам блиску да ме гледа. Јас работам и му зборувам. Некогаш не сака никаде и ако мора нешто да работам го држам во една рака со друга работам
На под Овие се сосема различни производи. Молерсот покрај имунитет добар е и за видот, коските, мозокот, а дефендилот е за подобрување на имунитетот и најчесто педијатрите не се за негово давање превентивно. Јас давав лани од него и имаше ефект кај големата, цела зима не се разболе. Сега не планирам да го давам превентивно, само ако се разболе. Ѝ давам мултивитамини сируп најмногу за апетитот да ѝ се зголеми и плус вит Ц и вит Д. Друго нема потреба. Повеќе овошје, зеленчук, супи и толку
Не ти е страв на кревет да лежи дури не си до не неа? Без разлика колку е со перници или било што заградено што мене ми е страв, непредвиливи се. Првото вртење на стомак го направи дури бев јас во вц а тој лежеше на под. Јас и тв не пуштам, мали се уште. Како хипнотизирани се од тв.
Мајки ние сме 2+ , се мачи да се искака .. Во тој случај јас што би можела да јадам за да му олесни барем преку доење?
И јас сум поголем дел од дел од денот сама со беба. Исто кујна дневна споени. Дневни дремки си ги спие во дневна во гнездо. Кога е будна со мене седи на гарнитура и ја занимавам. Ако додека е будна треба нешто да сработам или во релаксатор или на под ја ставам за најсигурно.
Моето после 4ти месец се сврти сам 2 пати. После 2-3 дена не се вртеше, па пак се сврти. Како е расположен така. Само на под и ако не го гледам пробува. Ако се сврти после се смее или кашла за да го видам што направил
Мене и двајцата ми дозволиа да давам , а и на самиот молерс пишува дека може од 6м. Јас давам пола доза некоаш цела . Затоа и го земав јас , тоа капсулите ич не ги сакам. Сите различно кажуваат докториве. На земја , на подлогата со играчки , во игрална . И кај мене е како кај тебе отворен простор и се сме вака . Сега и во џампер па дубак по малку почнав да користам и минам денот. Јас првпат давам Молерс на големата и би сакала да се задржам на него ако се покаже добро овие 2м . Дефендилот е појак и последен ќе го зимам ако треба ама добар е и тој дефинитивно. Сум и давала и од меченцата на Џејмисон и оние од зегин меченца и тие се добри исто така. Киндер имуно имам давано ама ништо салам не видов од него. Лани првпат и од оние капките од зегин на Natures Aid immune plus , mini drops и земав и тие ми се добри и имаа ефект на се
Малата има многу грчеви плаче многу неможам да ја смирам а таман и се смирија дали е можно од рота прва доза ама примена пред недела дена дали може после недела дена да се појават грчевите?
Да. Да не ризикуваш. На кревет само ако и ти седиш до неа пошо никогаш не знаеш кога прв пат ќе успее. Ја ти викам, на гарнитура си седиме двете, ако треба нешто да праам или на под или релаксатор. А ако не сака да седи, ја ставам у транспортер и си ја носам со мене у кујна да ме гледа
Да. Јас на сред спална ептен малечок, на друго место освен на под го немам оставено. Најсигурно е, нема каде да оди. Во релаксатор го оставав до кај 2 месеци, почна после да се врти со газето и слегуваше надолу и го баталив релаксаторот. А на кревет во дневна само со мене, сам никогаш нема седено. Многу сум плашлива за такви работи.
Да, и јас велам незнам кога ќе и биде првпат и дали ќе бидам до неа. И јас ако правам нешто в релаксатор ја ставам или двете си седиме на гарнитура. Ептен некогаш ја имам оставено пр да земам нешто од кујна, споено ни е се отворено и дневна, трпезарија, кујна.. али сепак долго е, додека појдам, се вратам, страв ме фаќа што може да направи Одсега и јас само на под ќе ја оставам. Ништо неможе да и биде барем. Освен кучето ако не и се стрча хахах