Ее кучето не се знае што ќе направи. Инаку на под не можи ништо да и биди. Само да се врти, друго нема што да прави. Мојот ги тегни играчките што висат над него и се кара до нив
Од раѓање ја бањам со бекутан шампонче во вода. Еве сега 3 + е .... почна да и се прави како првут во косата. Чаре?
Можно е да е бебешка теменица. Земи си масло било какво бебешко или масло за теменица на фрези дерм и мачкај го саат два пред бањање. После нормално ќе си го избањаш. Ако се повлече или изгуби тоа е. На мојата исто и се појави така како првутче на 2 месеци и неколку пати ја мачкав со ова на фрези дерм и одма и помина. Од тогаш и се нема појавено.
Исто како што ти кажале членките погоре.. Јас само би додала дека јас го користам бебешко то масло на бејби лав и тоа ми врши работа топ, не купив специјално за теменица
Да го мачкам само на местото кај што има теменица претежно горниот дел, пред бањање околу саат време, два и после си го бањаш најнормално. После бањање го проаѓам со чешле онакво бебешко со запци не како четка тие што се, ама нема ни потреба, паѓаат во бањање корупките.
Мајки ај мислење ми треба едно од ваше искуство. Бебево мое последниве 3 недели скоро почна на секој саат да ми се буди навечер за цицање... жива ненаспана сум Што може да е? Дали не се дојадува? Не му стасува, врска немам... Дали да воведам пред спиење АД, што мислите? Дали така ќе спие повеќе и поцврсто? Иначе сме 3++ само на доење. И што мислите кога да се почне со кашички, вкусови и слично?
Дали сте во скок? Има многу работи што би довеле до воведување ад. Секако јас не сум доктор ама ако напредува добро,полни пелени не би вовела ад. И да не сте во скок имаат периоди бебињава кога сакаат да висат само на града. Си ја сакаат мама Јас со вкусови планирам да почниме на 6 месеци.
Кај мене скоковите тешко се пресметуваат зошто немав редовна менструација, покасно ми ја водеа бременоста, се породив во 42ра недела, така да врска немам кога ми е скок хаха. Ама и да е скок предолго ми трае 3 недели скоро е вака... Иначе си напредува ептен супер. Полни пелени 3++ сме а е 6200 чисто сакав да видам искуства... а до 6 на интензивно доење?
Скокови мислам се пресметуваат според терминот на раѓање. Штом си е супер бебе, јас не би му давала ад, секако ти си знаеш најдобро. Да, само на доење.
Мила период е изгледа, а и скок можеби. И ние така бевме, дури нервоза ме фаќаше ноќе кога ќе видев на секои 2 саати дека станува. Од пред 2 дена си го врати стариот ред сама, а в четврток правиме 4 месеци. И јас мислев прво дека не и стигнува млекце, ама немало врска. Еве сега супер си е. А за вкусови, баш денес на вакцина бевме и на преглед, ми рече педијатарот од 4ипол месеци најрано може да почнам со по една лажичка од еден вкус и три дена така. Да не и мешам, да видам што ќе сака. Ама ќе видам, пред 5месеци не планирам ништо да и давам. Супер си напредува.
Хелоу од нас Бебе го изгуби цел ред значи готово а од утре тргувам на работа дали да враќам постепено или на еднаш? Почна чисто убаво да кажува мама абе душата ми ја полни ( до душа кога плачи кажува хахахаха ) На педијатар сме четврток 3 вакцини наеднаш ми се плачи 5+++ сме да давам парацетамол пред или после ?
Ако ти крене тт мад 38.5 давај парацетамол, стави лепенки на боцнатото и следи го бебчо. Со лесно и без реакција да ги поминете
И ние денес 3 наеднаш примивме, ама еве досега супер сме, се надевам така ќе биди. Како и секој ден. Воопшто не и дадов сирупче, ми рекоа ако крени темп над 38.5. Само лепенки и ставам на боцнатото. Со лесно да поминете