Со истата крема за лице секогаш што го мачкаш или лосионче, иако многу брзо сами по себе им поминуваат гребаниците
Сечи му ноктиња обавезно мами. Јас на секој 3 ден му ги сечам, ептен брзо му растат. Иначе јас не мачкам ништо ако се гребне
Ми се чини ко секој втор ден да сечам И јас се чудам, кога му пораснало ќоше боцкаво му се направило и успеал да се гребне
Па нема што толку да се прави со новороденче. Спие, пие млеко, во раце ќе се држе. Најдобро е на кревет, а не во раце да биде постојано(совет од доктор), вежбички за ножињата, ставање на меше со играчки околу него, ама под твој надзор. Тоа е
Прочитај за Sleep Regression сега имаат на 3, 4 месеци. Кај мене спиеше цела ноќ сега почна по еднаш пак да се буди.
Здраво, дали е нормално бебе од 14 дена повеќе да спие , стане руча и пак заспива на сабалје знае само да е будна околу 3 часа. .. За доење цицката не сака да ја фати цело време ја плука а млеко има доволно и мораме со шише... Дали ќе се научи да цица и нормално е толку да спие ?Не можеме никако да ја разбидиме да биде будна, ако е будна тоа е 15 тина минути и пак заспива ?
Нормално е да спие постојано, уште не е свесно за надворешен свет, му треба време да се адаптира. Згора на тоа можеби има и жолтица што дополнително придонесува да спие. За града биди упорна, мало е, послаб му е рефлексот на цицање. Пробај да не даваш со шише, ако веќе е неопходно тоа нека биде со шприц (има видеа на јутјуб за техниката). Оти може да се навикне на цуцлата и да и е полесно да влече од неа отколку од града, а ем не е исто ефективно за продукција на млеко молзење и цицање, ем мачно е на секое да се молзиш за да јаде, освен ако не е неопходно се разбира. Нуди го почесто на града, чепкај го за стапалата и трпение. Со лесно! Лади тој гелот и ублажува болка, оток и намалува температура на местото на убодот. Ако не можеш лепенки да најдеш, истото со ладни облоги со борна киселина можеш да го направиш.
за спиење нормално е мало е не е свесно дека е надвор, плус ако ти е топло во собата и облечено многу уште толку ќе спие. Гледај да го облекуваш како ти така тоа + еден слој. За цицањето давај града биди упорна, шише само можи да ти се одбија и само од шише да сака, а е ептен мачно денес прв пат се одмолзував што да ти кажувам. Ако веќе и со упорност не сака града тогаш шише како што каза @IRBBB има на you tube видео како со шприц да даваш млеко
Да се надоврзам за муабетот со шишето, јас јако се зафркнав така.. на болница лежевме после пораѓај 10 дена си цицаше нормално, нљвечер кај нив и даваа дохрана но со шприц. Си дојдовме фома и јас мислејќи дека и е малку млеко беше нервозна и давав дохрана со шише и така се навикна, и течи само не мора да трга сама никако градата не сакаше да ми ја фати, нервози и јас и таа, пробав да се одмолзувам млекото ми се намали и на крај ништо сега сме на вештачка. Совет мој труди се колку што можеш повеќе, ако не бива неколку дена ќе видиш и сама.
Нормално е да спие цел ден, малечко е. За цицањето биди многу упорна. Нуди го во сон. Моето исто беше мрзливо на почеток за цицање, јас го дохранував со молзено ама со шприц, шише не дадов никогаш. Моето беше и малечко, а градите мој огромни. Јас вметнав тогаш силиконска брадавица и со неа почна да цица одма. Јас би те советувала дури сте на почеток да побараш совети од стручно лице,лактациски консултант. Со молзење незнам колку можи да одржуваш лактација. Барај помош, според мене сега е вистинско време. Со среќа
Majki nie primivme rota vakcina i hepatit, mi kaci temperatura do 39 Care nesto drugo za da spadne temperaturata osven paracetamol? Dusa me boli
Ако не се симнува оди на дежурен! Цица ли барем? Ние сме 3+. Обично заспива до 22 и тоа најчесто сама, ноќе 1 станува и после 6-7. Последнава недела едвај ја успивам накај 23 и нешто и се буди накај 6. Синоќа пиеше ад во 20 часот и се успивавме 2 саати, раце ми паднаа а инаку сама се успиваше. Заспа дури во 23 часот и не заплача за млеко. Дури сабајле стана во 6.30, но пелената скроз сува. А млекце и дадов си го испи. За прв пат вака, дали да се грижам? Приметувам и дека не бара количински повеќе млеко како претходно. По 90 мл си пие веќе месец дена. По малку и цицнува. Знам вчера за празна пелена мислам @Oneo пишуваше ако не грешам.