Isto 51 se rodi, na 1.5 bese 58,na 2.5 mes 63....neka si proverat ston im rekle ama ne znaci deka site mora
Убаво си пиша @kostovaivana дека извишила за кратко време, највероватно е во период на интензивен раст и знае да се јави тогаш физиолошки шум заради побрз проток на крвта, ама нека си направат едно ехо, нема штета.
Мајка не сум имала случај, но скоро гледав документарен филм на Нетфликс- Babies, доколку имаш можност погледни го, се базира на реални испитувања и токму има за растот на бебињата дека е нормално да има голема разлика во растот и за само неколку дена.Може ќе те смири колку толку дека се е убаво објаснето, се додека направите дополнителни испитувања.
Мамички како мерите температура, бебуш денес прими први вакцини (три) Преку ден и мерев тт ректално ( преку газето) ама си реков навечер ќе мерам под пазувче. Арно ама многу разлика ми покажува...под пазув 37,5 а во газето 38,5 што е точно?
Нормално е да ти покажува различно, во слузниците температурата е повисока за 0,5-1°. Точни се и двете, ама полесно мислам ти е да се водиш по таа под пазуви. Спокојно да ја поминете ноќта, да не оди нагоре.
Јас мислам дека немаш простор за грижа.Мојата ја меревме вчера, за два дена полни 4 месеци и баш беше исто 6 кг и 64 см.Докторот ми рече јас овие бебиња ги викам манекениИсто има доста пораснато во должина, со оглед дека е родена 51 см.Според просечни мерки би требало да биде 60, а она е 64.За физиолошкиот шум и нас ни кажаа дека го има уште на втор месец.Докторката рече дека воопшто не е загрижувачки и дека баш затоа се вика физиолошки, се јавува доста често кај мали бебиња и се губи со време.За ова се консултирав и со мајка ми, која исто е лекар и истото ми го кажа.На следните контроли веќе го немаше.Можеш да си почекаш до следна контрола но ако ти е на мисла провери си и кардиолошки, но верувам дека не е ништо.
Фала многу мами на одговорот , сега за сега се држиме супер, беби има температура (38,3 ректално) ама е весела,агилна и не е плачлива пу пу да не ја урочам, затоа ја оставам сама да си се избори. До утре ако не се подобри ќе превземеме нешто.
Како мерите должина? Само на педијатар ли ви ги мерат бебките? Моето до сега педијатар го нема измерено колку е високо.
како бе го немаат мерено? Мојата да на педијатар и на секој преглед мерат тежина, висина и обем на главче. Висина легнато бебето со нозето право во коленото и со метро, од глава до петица.
На педијатар ги мерат како што кажа Ивана тежина, должина и обем на главче. Ама можеш и ти сама дома да мериш само ти треба некој да го држи бебче. Кај педијатарот има една подлога го легнуваат бебче јас држам глава да не мрда а сестрата исправа коленца, тоа можеш и дома да го направиш со метро, само внимавај стапалцата треба до петата да ги мериш а не испружени.
Јас некогаш сама им велам да ја мерат, оти еднаш само килажа ми кажаа. И оттогаш ја мерат и во должина
Иванче и мојот пред 10 дена беше 59, вчера 64. Мене па чудно ми дојде викам не го измерија убаво. 3++ е