И кај мене слични приказни подолг период. АИТ, моето и покрај квалитетно најадување од некои 200гр млечна каша навечер, деновиве изненадува со пиење на голема количина млеко пред смиење, вчера дури 210мл! И пак спие немирно. Јас заклучив неколку работи за нас: 1. Спие многу помирно и не се буди често и дури знае до сабајле да спие ако заспие без цуцла. Цуцлата очигледно ја дразни на непцето а единици горни се на повидок, 2. Спие помирно БЕЗ музика. Нели муабетот да се пушти музика нон стоп во собата на бебето, за да се учи на галама и да спие поцврсто, епа кај нас се покажува спротивното... кога и да сме се прибереле дома од некаде а во спална било изгасено радиото, спиела помирно! И така деновиве навечер гасам радио. Еве на пример, и мене лично ми пречи музика, од човек до човек е, па изгледа и нејзе и пречи и си сака мир. 3. Помирно спие на стомак. За активна, немам коментар, значи малата ми работи со 1000 на саат, не 100. Па ќе речеш ќе се умори ќе спие. Ама не е баш така, ако не и е погодено сето она што го наведов горе нема да спие. Пар денови наназад сме изненадени со спиење до сабајле. Добро не се континуирани денови во прашање ама имаме напредок. Плус не барала млеко во ситни саати.
И мене ми викаа обавезно да пуштам музика тивка додека спие. Пробавме првиот ден, но јас неможев да заспијам не пак она, па така тоа отпадна уште во старт. Си имав зацртано дека преку ден ќе ја учам да си спие на галама, но кога е ноќ ќе се знае ноќно спиење, во мир. Па така се расправам по дома, кога она оди во спална на спиење да биде помирно, зошто овие моите по дома ужасно гласни се. А за преку ден пак имам приметено дека многу помирно спие кога слуша гласови, посебно мојот и на маж ми ако не слуша се заборава од спиење, а што е најважно и мирно спие тогаш.
Музика и гласови преку ден - да. Ноќе - не! Син ми заспива со музика, ама тоа ми е компилација од рингтони на мобилниот и трае макс. 15 минути. Без разлика дали ќе заспие на првата или последната песна, не ги пуштам повеќе од еднаш. После тоа кога спие е целосна тишина.
Јас кога се породив не го има слушнато или прочитано тој совет за музика во спалната, и искрено, и да го имав немаше да го применам. Преку ден, исто како МеУ, си спиеше во галама, со сите работи кои се прават низ куќа, со сите луѓе кои доаѓаа и никогаш немала проблем да заспие, одненадеж само ја снемуваше Ама навечер се знаеше - без светло, без музика, без галама, без ништо. Бањање, цицање и легнување во креветчето за сама да заспие. Не дека нема да поминат низ многу фази, ехееееее каша попара ми е умот од се` што поминавме и видовме ама основата им ја правиме ние (додека можеме, ете гледате на 1 година сами ќе ви покажат што сакаат, а што не, до сега не биле свесни). Јас на мојава никогаш не и` оставив запалено светло, макар и придушено, оти не ми беше логично да ја учам на светлина....да не случајно имала канделабри во стомак кога беше? Ниту па музика (освен преку ден), зошто сакав да ја научи разликата ден-ноќ, и тоа многу ни помогна.... Исто и мојата почна некое време пред годината да спие на стомак, јас се испаничив оти долгорочно размислував како ќе и` е кога ќе остани трудна ама секако ја оставив што сака да прави, како што и генерално правам....
Немав намера да коментирам ама ме насмеа со ова долгорочново размислување Не се секирај и јас до некој 3-4 месец од бременоста спиев на стомак а и цел живот претходно. Пред да се породам нон стоп зборев дека после тоа прво што ќе направам е ќе си легнам да отспијам на стомак, сум се радувала како дете на првото постпородилно легнување А околу бебешкото спиење, јас веќе се навикнав да не спијам Ќеркулец уште цица навечер и ме буди на 2-3 саати. Таман ќе се израдувам дека некоја вечер ќе отспие врзани 4 саати наредната ја наоѓам во 4ам будна во креветче и спремна да си игра(синоќа ). Среќа успевам да ја убедам дека е ноќ па после пола саат повторно заспа. Времето за легнување до скоро ни беше 8ч а гледам последнава недела издржува и до 9ч што мислам е ок. Музика никогаш не сум пуштала за спиење не ми паднало на ум, а светло пригушено има кај неа во соба но од аспект мајкава да ја најде полесно во темницата ноќе кога станува а и да се подразбудам малку Јас си се тешам дека времево брзо поминува па и ова ноќно не спиење ќе помине.
^ Ќе помине, не берете гајле. Јас сега вака кога ве читам се потсетувам на тој период, иначе сум заборавила (се` што ме измачувало одма го бришам од меморија ), пошто малата сега си легнува и до сабајле ја нема (освен во исклучителни моменти, ако се уплашила нешто во сон). Ако се сеќавам добро, и мојата еден (краток за среќа) период се будеше на сред ноќ за играње, и јас имав мноооогу голем стрес да не и` премини во навика, читајќи ги маките на другите мајки (со саати играње, думкање, молење да заспие), и искрено - не правев ништо Кога ќе ја сетев дека е будна во креветчето (а не плачи), хрчев, за да знае дека спиеме и да не помислува дека некој ќе игра со неа. Таа ќе се исправеше во креветчето, ќе почнеше нешто да си блада (го гледаше дигиталниот саат секогаш или копчето црвено од телевизорот ) и по некое време, кога ќе видеше дека никој не ја регистрира - ќе си легнеше и ќе заспиеше. Сва среќа ова траеше многу кратко, 1 недела дали...
Оф.. јас не знам што бидна со мојава малечка.. ова дефинитивно беше најлошата ноќ до сега.. од вчера во 5 часот до денес во 11 часот око не затвори .. или ќе заспие 10 мин максимум и се буди и плаче.. и никако не сака ниту во раце, ниту да лежи , ниту да се игра ни ништоо.. а и преку ден не спие многу 2 пати по 3 максимум 4 часа.. Инаку ние заспиваме без музика и со лабма која е минимално пуштена во случај да не се истепам додека стигнам до креветче.. и сега сфаќам дека ние уште немаме ред фатено, ни се знае кога спиеме ни кога јадеме.. ќе заплаче малку после 1 мин се смее ли се смее..
Јас решив нема да се замарам ,за тоа колку спие или колку, ред -неред ,и да ви кажам јас откако се опуштив со тоа и малиот е посмирен и подолго си спие навечер . Преку ден спие во галама навечер со пуштен тв не дека е за него повеке за мене јас неможам да спијам без тв а него не му смета ,некогаш го гаснам некогаш и цела вечер ке гори па нема гајле . Ако на детето му се спие ке си спие,ако стане навечер првин го оставам 10 мин да видам дали ке плаче ако ја почне песната првин се обидувам да го презаспијам со нишкање ако не ја бидува му давам млекце и завршена приказна. Е сега имам заприметено дека највеќе ми спие кога ке го избањам покасно околу 9 и после го масирам малку со крема е тогаш е во кома и најмногу ми спиел 7 саати без будење . И да се пофалиме гледаме бејби фрст се буди и ако е уклучено на тој програм дури не ни плаче ни кенка си гледа и прави интересни фаци кога слуша интересни звуци.
Лелел АИТ исто и јас на најадувам убаво , прво кашичка , па пред спиење млеко ...и од кај 20ч спие до 01 ретко до 03ч и и ја давам цуцлата ке бидне мир некои минутки , и ете ја пак плаче Млеко и праам 150мл *иако не сакам нели да не се учи навечер да јаде * ама ги пие 150 мл без око да и трепне и презаспива . сабајле кај 06 пак е будна ,ама ја земам кај мене во кревет и лежи, спие, се врти до 08 и стануваме
Сака некоја да го чува син ми Вакво дете јас не сум видела, ќерка ми не спиеше ноќе, седеше будна до 2-3 ч наутро, ама па преку ден имавме некој ред, два пати дневно спиеше по 2 ч. Ова, ова малово е чудо!!! ...Ич не спие. Навечер го заспивам околу 22ч-23ч. спие сабајле до 9-10ч со тоа што цица 2-3 пати во текот на ноќта, околу 01ч, 03ч и 06ч. И се` би било добро доколку не беше таков пеи ин д ас и да се буди и да кенка на секој саат точно на секој саат се буди, ко програмиран е...некогаш ќе прокенка, ќе го занишкам и ќе заспие, а некогаш ќе се одере од плачење, со солзи дури, и тоа од што е лошо дете, а не дека го боли нешто, ќе се разлоши пр. зошто не сум го занишкала станата, а не седната Преку ден е бетер, еден саат е буден, па 15-30мин го успивам, за да поспие точно 30 мин. ко тајмер е, и тоа спие и заспива само во количка....раце и нозе ми отпаднаа нишајќи. Јас сум зомби, умрена, ко удрена со мокра чорапа...како сум жива со 24/7 дремнување не знам Вака е некои 2 недели, се` надевам ќе смени. Да додадам вчера се разболе, од ништо, од дома седење...нигде не сме мрднале, нигде не сум го изнесла, а се разболе ...како, од што, појма немам....па крена и температура 38,6, па сега е побетер разлошен и кенкав. Со лесно нека ми е. Ако мислите да се пожалите, прочитајте ме и речете си-имало бетер од моето Ова се смеам за да не заплачам. И да, сега е буден, мм го забавља. ја да одморам малку.
Леле lolyta ти речи имало бетер и од твоето , твоето барем 1саат спие мојава на 10 мин се буди.. стварно не знам што и стана ама барем цел ден спиеше а и ние со нејзе.. еве сега со мм седиме си играме со неа ,пиеме кафе, знаеш како да е ден... ајде се надевам ќе смени.
^^Е па цел ден спиела, се наспала, ова, ова моево ни дење не спие асално, а јас и мм на смени , еден спие, друг го чува и се` така.
Со лесно нека е Лолитке ама си ме насмеала ноќеска ја легнав во 19-45 уморна одма заспа ..без никакви песни Исто и јас после еден час си легнав да насоберам сила за вечерта нели и во 00 10ч прокенка и јас станав одма да топлам вода за млеко (вечерна ужинка), кога престана си заспа пак , и така јас си останав во дневна на софата си прилегнав до 05ч така во 05 си легнавме и двете во спална ,и станавме во 08 30 наспани и двете за мерак
Лолитке....кенкање, неспиење, вриштење во сон, кревање Т - да не се и кај вас запчиња? Вака и мојата ги вадеше....не знам дали го мачкаш со нешто, ако не - почни, баш да видиш дали ќе има разлика во однесувањето/спиењето кога нема да има болка. А и вие веќе влеговте во магичен круг, за жал....тебе ти треба рестартирање, одмор, време за себе, и се` додека се вртите вака и немаш можност да го добиеш тоа - и ѕверчето ќе е вакво
Сакаш да те утешам и да ти кажам дека има бетер и од твоето Да има едно девојче кое веќе истиве работи ги прави цела една година.Секоја вечер се буди по 5-6 пати,а на 2-3 дена менува па се буди на 10-15 минути цела вечер.Преку ден спие 2 пати по пола саат и тоа исклучиво во раце,благо налегната на мене и во тој пола саат јас не смеам да дишам оти одма отвара очи и плаче,а за мрднување со рака,нога не смеам ни да помислам.И мене како и на тебе ми е второ и најодговорно тврдам дека вторите деца се каде каде полоши од првите и дека џабе искуство и финти кога ништо не помага.Секоја вечер јас ја молам мојата малечка да спие за да поспијам и јас ,ама и тоа не бива.Се надевам кај тебе побрзо ќе се среди.Туку еден предлог ,да се мењаме на по една вечер во дежурства .Една вечер јас ќе ги чувам,една ти ,па да поспиеме по малку ?
Еве доброволно се пријавувам да ви ги чувам и двете за да се наспиете АИТ мила, не генерализирај за вторите деца, јас сум второ Помирно од мене немало, никој не се замарал со мене, нит за заспивање, нит за јадење, нит за шетање. Се` сама научив, се` сама истерав, и ден денес сум таква До карактерот на детето е, кај вас се погодило второто да е такво „мирно“ Ај, само нека се здрави и живи, и давајте ги наваму
А бе женски мене првото ми беше лошо, ова требаше мирно да биде , така сум слушнала...ако едното е лошо, другото треба да е мирно и обратно Ова моиве и двете лоши да се погодат јас се надевам дека ќе смени. Моира не се заби, нема набрекнати непца, не се лигави, не знам што е.
И моето прво беше лошо,ама не до волку.ММ уште од сега почна страв да го фаќа Вика оваа маста ќе ни ја извади.Првото ми беше лошо ама само толку,но второво кај е лошо па и инат невиден е .Јас на мм му реков ,ако не ме најдеш некој ден дома те молам не ме барај оти сигурно некаде сум заспала Кога ќе се разбудам ,ќе си дојдам.
^^Јас веќе се навикнав на неспиење, не ми е проблем, доволно ми е преку ден да дремнам 15-на минутки и како нова сум. Мм кога доаѓа од работа го зема да го причува, дремнувам и сама се будам после 15-20 мин. и толку, екстра сум. Мене ме нервира инаетот, колку е мало, а уште од сега се инаети, ако не е по негово се дере бре ко да го коле некој и со солзи плаче....ѕверче мало. Малку му фали да се налути и да се расплаче ....или кенкањето прав пеин ин д есс е ова ме убива...по цел ден ееее...ееее....ееееее...се` нешто му фали....нејќе во раце, нејќе легнат, полуседнат, нејќе играчки....ништо нејќе....еве сега заспа т.е. ќе дремне половина час и пак јово на ново.... До пред 3-4 дена полудував, криво ми беше, навистина, сите мои другарки еве сега некако се погодивме да имаме второ дете и со која и да се слушнам на сите им спијат бебињата, само моите ли лоши се И отидов на викенд дома, кај моите, и мајка ми ми рече-до сега требаше да сфатиш дека од како ќе станеш мајка нема веќе спиење, помири се со тоа и точка И така, некако си се помирувам со судбината дека нема да спијам 2-3 год. ПАК , сепак јас пак потајно си се надевам дека ќе смени.