Ништо. Ни прашок, ни пелени, бришам со влажна тетра, ако сум излезена со влажни Виолета, сѐ исто од ко е роден. Односно прашокот и омекнувачот ми се сменети еднаш, ама не сега, можда има 2 месеци.
Мила пробај со Веледа за пеленска регија.На мојата од неа се и поминува и брунчиња и црвенило и тоа само од два три пати што ќе намачкам.
Маич претходно му се повлече веднаш од маста за потпарено, јас сакам да откријам шо му ги предизвикува Фала ти во секој случај
Да не ги лази нешто алиштата или него? Ама ќе има секаде а не само на еден дел. На колку време сменуваш пелена? Дома дали ви е топло а тој повеќе облечен па од жештина да се фрла? Поставувам прашање можи да ти текни нешто што сте смениле. Не ми текнува што би можело да е ова вака само на дел нафрлан а ништо не се сменува. Моето се нафрла само еднаш, намачкав Мустела стелатопиа,се повчекоа одма. Ама не дознав зошто се нафрла.
Немам видено нешто да лази, па сега на ладново.. ама па и само на еден дел Пелена сменувам на 3-4ч, ако се покака одма после какање мијам газе и ставам нова пелена. Топло држиме дома, тој е облечен со боди на кратки, чорапчиња и маичка и пантолони или тренерчиња. Мене најчудно ми е шо надолу под курето, наназад накај газето е чист, нема ништо. Јас со мустела хидра бебе мачкам на тело, ама пеленска регија не.
Те разбирам, и кај нас понекогаш знаат да се појават некои ситни брунчиња и за брзо откако ќе ја намачкам да исчезнат.А ништо немам сменето од претходно, ист памперс, прашак, пеглање цело време.Сметам дека со растењето, и се менува и кожата, понекогаш станува почувствителна и затоа може да се појавуваат.Вие сте малку поголеми од нас, сигурно веќе имате почнато и со дохрана, па види да не е од некој вид храна.Ова само размислувам од што би можело да биде.
Може ли да споделиш зошто големо не за педијатрите во Ремедика?Јас стварно имам прекрасно искуство но со оглед дека ми е прво бебе и прво искуство воопшто со педијатри, па да не грешам во проценката.Баш ме загрижи со коментарот.Ова без никаква лоша намера, само би било добро да бидеме информирани и ние кои сме веќе таму.
@IRBBB мене повеќе ми личи на атопична сува кожа (карактеристично доаѓа до израз кога ќе залади) која поминала со маст за потпарено бидејки маста е помасна крема и прави липиден слој на кожата, се до моментот кога не си ја ставала повеќе па повторно се "исушила" кожата. Би ти ги спомнала Bioderma Atoderm како маслен гел за туширање и лосион за тело, иако гледам користиш Мустела па имаш и на нив линија за атопична кожа.
Дали во ова твое искуство имаше некаков проблем или само рутински контроли беа? Дај Боже и да немало, а и да немаш потреба. Моето искуство ме натера да го напишам коментарот, можеби твоето нема да е такво, а и посакувам да е различно. Доктор кој што е стручен во својата област нема да си дозволи 2 недели да ти одговара со "Да" "Не" "Ок" на твоите загрижени пораки за кои и самите тие ти даваат телефонски број и велат "Во секое време ќе бидеме во контакт". Го мкнам детето за крвна слика за дотичната докторка да забирави, пази, ЗАБОРАВИЛА да каже дека тој ден ќе дојде подоцна на работа??? Цел персонал со прашалници, во ходник чекаат 10 луѓе мин за контрола со кои се договорила да дојдат меѓу кои и јас загрижена. После сите тие пораки и нетрпение отидов во ординација ненајавена нормално, сама, 20 мои прашања да премолчува, на 21вото да ми рече НЕ ЗНАМ, консултирај се со друг педијатар евентуално со педијатар од диспанзер, а да не спомнувам дека кај породена таму секое доаѓање си плаќав по 1100 денари иако тука читам дека некои велат "контролата е бесплатна", освен нели првите 3 кои беа бесплатни и траеа колку што може пократко. Мене не ми треба педијатар да ме тапка по рамо кога ми е добро детето, туку да ми се најде кога најмногу ми треба. За рутинска контрола многу се фини на зборови двете госпоѓи таму. Очајно им треба персонал (доктори) за да може да им се растерети гужвата и да си ги средат мислите. Премногу сум револтирана, а имам уште многу неубави искуства. Ова што го спомнав беше само крајот, а моето големо НЕ започна уште после пораѓајот (за гинеколозите секоја чест, сѐ уште сум презадоволна во однос на гинеколошкиот дел). Слободно пиши ми порака ако нешто повеќе те интересира
Мами да не е од нешто ти што си јадела, па да е алергичен или некоја реакција...единствено тоа ми текна.
Здраво мајки, после вакцините ни се поремети скроз спиењето навечер Плаче, ги тегне ноџињата обидувајќи се да се искака ама не бива , пробиотик Биогаја му давам ( да не му одговара тој ) Сите што имате примено рота вакцина отприлика колку време траат грчевите ?
Ние како што сме почнале на 1 година ќе примиме вакцини. Одложија на 3 месеци прво ради што имаше пнеувмониа. Сега никако да му сопре носот, еден секрет како на голем човек. Сабајлево и како на зеленкасти ми личат. Утре ќе го носам на брисеви, па на големиот од ноќеска му е полн носот он па зелени ги вади. Утре еден по еден ќе ги носам на брисеви. Има ли крај на ова незнам.
Уффф јас мислам дека е промена на време од топло-ладно. Периодов залади ептен и може да има реакција кожичето. Имаш на веледа weather cream за кога ќе го изнесуваш надвор. Само предлог... најубаво педијатар да го ѕирне
После 10 дена и јас да се убацам ,провери им важи уште акцијата?И дали некој има инфо во Зегин со марамиците дали има уште акција со играчка ,касно палам ,ама баш уште тоа немаме
Од кога дадовте грашак, боранија? 6+ сме, не сум дала сеуште. Што друго давате на 6 месеци, освен јаболко, круша, морков.. (стандардното за од 4+). И како сте напредувале со тежина?
Jas od 6 pocnav da davam do sea iam jabolko,praska,sliva,morkov,kompir,tikvicka. Uste ne e obrok probuvame vkusovi cica koga saka kolku saka. Se na se 2 nedeli terape dohrana ne mi e merena
Jas dadov grasok na 6++, boranija mi e sledno i mlecni proizvodi pocnav so urda, sledno davam jogurt 6++++