Еднаш прашував, ај сега пак. Дали некоја го користела ова перниче за бебе? Дали има ефект? 3+ сме а главче назад многу сплескано. Спие на тилот. Пробав да го вртам главчето лево десно дур спие ама тоа трае некоја минутка и пак си се враќа на тилот со спиење или ќе се разбуди .
Парацетамолот го оштетува црниот дроб, јас не би давала толку често. Сите сме поминале низ фаза запчиња, мачно е ама проаѓа, глодалки изладени во фрижидер, гелче на непцата и ќе пројде мајка. @ivance.. го има, ама не е баш задоволна.
Да, толку пари се. Најубави шарки имаат Денеска бев во ДМ колку убаво ги ставиле сега големите пакувања на средина. Одма во очи паѓаат. Само не купив, не можев да носам, утре ќе го пратам мм. А виолета да не спомнувам колку залиха имам купено заради играчките
И јас ради играчките сакав да се префрлам на Виолета, Јован ја обожава пчелата, ама ја ко шо сум малер ќе изгребам влажни марамици, а веќе имам со акцијата од зегин 10 пакетчиња.
Хахахаха.. И Мартин го сака зајкото Во Еурофарм на Широк сокак нема повеќе грепки, чекам да ми се јават штом добијат, па со фискална да изгребиме. Да си ја пробаме среќата Едит: Со стомачниов вирус сите грепки ќе ги изгребиме ние
Те читав, ептен ми е криво, ама штом почна да цица, се гледа крајот. Душиче, да ми го изгмечиш еднаш Во тој Еурофарм речи им да си ја донесат фотелјата, таа била за Мартин. Ако јас сум малер, вака со грепки е поубо, шо ќе ти се падни, то. Мм во зегин ко земал влажни имало едно слонче (имаме ние друго слонче плишано), зајчиња што ги чувале за некој и пчели. Претпоставувам никој не ги сакал пчелите, затоа и тие ги имало. Не ми се верува дека за играчка пријател се бара, да ти чува по избор. Среќа Јован ептен ја сака пчелката, тоа антените таман погодени за в уста. Инаку да ги пофалам од Виолета, сигурно преку 10 пати ми е перена досега оти ја шмука, не е мрдната играчката. Трет пат и ќе продаваме пелени на парче
Јас го имав за малата ама не сум задоволна баш нас не ни помогна многу да не кажам ич мојава не ни сакаше да спие на нејзе џабе дадени пари за неа.Најубаво нека си спие на душечето на тврдо ќе и се исправи со тек на време мене ортопедот ми рече дека до 2 години им се оформува главчето.
Мамички ај некоja што ја има апликацијата ако може да ми пресмета до кај сме со скокови... 01.07 краен термин, роден 07.07. Нејќе да ми спие бебе ич да видам да не скока
Ама цело време на тилот спие. Душекот е рамен и цврст. Кај вас само по себе се среди главчето? Исто позади беше сплескано?
Пробуваш да му ги свиткаш ноџињата?Јас на мојата и помагам кога се мачи...ги качувам моите нозе на кревет свиткани и ја седнувам со грбчето потпрена на моите нозе а ноџињата кај мене на стомак(мислам добро објаснив) и за минутка е готова ,или на голем јастук како полуседната ја ставам и така успева.
Врти ја и на двете страни и лево и десно и мојата така спиеше на почетокот цело време на грб па после почна да се врти и на двете страни па еве сега на стомак само спие иначе и нас уште ни е сплескано од левата страна само не толку многу како што беше се надевам дека до 2години ќе и се среди.
Хаха.. Во Еурофарм на широк сокак се троши одма се. Нема да го собира да седи Мартин во фотелјата, дебело е Мене па во Зегин кај нас (Карпош) ми ги понуди само зајкото и козата. Само тие ги добиле демек. Леле за плишани играчки пријател, не ми се верува ццц... Мартин ушите од зајакот ги тегне во уста, исто нема мрднато. И слонот голем што го имам од Виолета подарок неколку години, перен многу пати, нема мрднато.
Девојки, ве молам кажете ми од кои бодиња сте задоволни, пред некој ден од Локо кроко земавме 3 бодиња со големина 6-9 и сите се различни, едно му е скроз точно на бебуш на 5+++, второто е троа поголемо во ракавите и подолго, ќе го носи поише, а третото му е тесно, ич не можам да го облечам, значи хаос. Тритекс имам едно боди на прерамки 56ка, уште му е точно да се чудиш, нормално пливаше во него првите месеци. Од Ваикики по кратки ни беа најпогодени ама не сум вакцинирана, а на мм ништо не му се свиѓаше кога отиде
Од зара се многу убави и не скапи исто и на џорџ. Од Ваикики имав едни з аод 0-1 месец сега му се точни на 3++.
Џабе фрлени пари. Свекрвами и купи на мојава бебка и дали два пати легна. А и ми рекоа дека не се препорачува да спијат на нив. Еве 4+ па скоро да и е скроз оформено. Од десната страна кај нас беше сплескана али сега и сама си сее врти, и повеќе време е в раце и затоа.