Дали проба со силиконска брадавица да го доиш? Синчето исто никако не сакаше да цица, ни пак да ја фати брадавицата и сестрите од болницата ни препорачаа да пробам со силиконска брадавица на медела ( ко демек најубаво ги прифакале бебињата тие) и со нив почна да цица без проблем.
Исто и јас би ти предложила силиконска брадавица. Не е најдобро решение, но успешно е. Ние со неа се доиме веќе 5 месеци. Никако не фаќаше града. Исто можи да побараш совети од лактациски консултант.
Почни со 60мл види колку ќе испие. Пробај со филипс авент натурал 0+. Имаш млеко? Или не може да фати воопшто.
Од Александра сум крајно разочарана. Секој ден звонев, одвај на телефон да ја добијам неа или сестрата и ми викаше оди на детско, јас не примам со вирус. На детско ми викаат како бе така. Тука само ако е итно за инфузија треба да ве прати. Сега др. Вангел го пишавме, Карпош му е ординацијата. Има доктор од 7 сабајле до 20часот што е супер. Прво го прегледа докторката што беше на смена, после и доктор Вангел. Стар доктор ама многу внимателен, се ме праша за него од раѓање. За неколку пати што бевме сум многу задоволна.
Како бе не прима деца со вирус? Со шо прима? Боже Господи Од пусти мерак здрави деца некој на доктор да носи, јас немам слушнато. Оди по болници акај се со детето, шо бараш кај матичен Го знам Вангел, прекрасен доктор е. Мислев дека не работи веќе. Ние Ели ја пишавме, шо работеше претходно кај Вангел. Освен за тоа со крвавите столици, немаме други искуство со неа, чекав мислење од некој, затоа те прашав, реков случајно кај нејзе да не сте. Најважно е бебчо да е добар. Ако сликите шо ти се последно постирани се од сега, одлично изгледа бебуш. Гушкај ми го! ❤️
Александра е во филм влезена. Демек многу пациенти има па ќе пребира ако сака. Откако ја сменив одма ми звона сестрата, роднини се со мм, вика ајде донеси го, зошто сменувате матичен. Па ако за стомачен вирус не сака да го види детето, што ќе биди ако има нешто полошо. Вангел незнам дали цело време работи, ама го викнаа, тука беше. Неколку пати бевме одма дојде. Многу внимателно го прегледа без брзање, за разлика од кај Александра што брза многу да не можиш да ја прашаш нешто. На комшивката децата од раѓање Ели им е матична, таа е многу задоволна. Секогаш била достапна. Децата се по 5 и 2 год. Сакав и јас кај Ели ама многу ми е далеку, Алексадра и Вангел ми се на 5мин. пешки. И Александра била кај Вангел претходно. Сликите ни се од пред вирусот, ама готово помина. Уф многу гаден. На мм сестра му и мајкаа му беа кај нас да го видат бебе и за 2дена сите дома биле со стомачен вирус, префатен од Мартин. На детско докторката ми рече ист бил рота вирусот,малце полош, за среќа кај него не беше рота, негативен тестот.
Абе филмање за бебе со стомачен вирус... Немам коментар. Вангел е навистина прекрасен, имав можност да го запознаам и како човек е предобар. Многу ми е мило шо супер сѐ испадна, ќе надокнади бебчо сѐ за некој ден.
Малце неповрзано со бебиња ама да ве прашам тие шо сте со епизиотомија. Дали на моменти ве затега и имате некое чудно чувство на местото на резчето? Јас сум приметила на моменти во некои пози така ко затегање, не е болка и не цело време. Ако сум пораширено седната или на шоља некогаш осеќам па ми беше дали е нормално вака?
@Oneo каде има новиот матичен ординација? Некогаш Бог да чува се докториве, може им одиме онака на муабет од што немаме што да правиме
Фала ти,да повеќето работи веќе ги прави уште не се врти сама на меше...исто што приметувам знае да се прави важна,се враќа татко и од работа и минута 2 не го рецка па ќе почне да се смее (а можда па и не го приметува одма )
Маjки на бебиња oкoлу 5 месеци, ме интересира кoлку дремки имате, кoлку траат и какo ви се распoредени вo текoт на денoт?
Ние уште сме со 4 дремки (9ч, 12ч, 15ч и 17ч) и заспива поске 20ч до кај 7 сабајле со 2 будења за цицање
3++ сме. Вчера и денес го пие млекото со плачење. Пие и плаче од шише истовремено, па го турка, па плаче... Дали ми е преморена па и се спие? А и неколку дена по ред тешко ја успивам навечер т.е. ќе се успие брзо во раце и таман ќе ја спуштам ќе се разбуди Да напоменам...немаме ред за денско спиење...некогаш кога е тмурно време знае по цел ден да спие и ништо не и смета ама во глобала спие како зајак по 10-15 мин. меѓу секое јадење.. Шо е работава незнам.