Се препорачува на 6 месеци да се почне со воведување цврста храна + - 2 недели. Значи најрано на 5 ипол месеци најдоцна на 6 ипол. За бебче жед се гаси со вода, сокови свежо цедени, не купечки пуни со шеќери.
Како бе свежо цедени? Јас како што знам на почеток се дава печено или варено јаболче на пример, преработено не свежо. Јас на почеток план ми е купечки, па понатака секако и ќе цедиме
После годинка сокче Ако има пр со какање може да понудиш од водичката што се варело јаболко или слива. Жед се гасе само со вода , сокот е празни непотребни калории. За каши ќе се водиш спрема детето , кога мислиш дека е спремна. Најдобро е од 5ипол некаде постепено да почниш. Рано нели е бе 3.5-4 , ни знае да седе ни му е спремно мешето уште за цврста храна
Да во почетокот е термички обработено и овошјето и зеленчукот, свежо цеденото сокче мислев за понатаму после една годинка. Како што кажала Попинс подолу
Јас со двајцата со пробување на вкусови почнав нешто пред полни 6 м, затоа што и двајцата супер напредуваа со цицање. Сок никогаш не сум понудила на големата, не планирам ни на ова. Затоа сега си има супер навика пие само вода, сок ептен со други дечиња на гости. Според мене подобро да јаде свежо овошје, а жед да гаси со вода.
Големиов пиеше сок како бебе, а сега несака да види. Не само сега, одамна нејќе да види. Освен вода никаква течност не сака. Газиран нема пробано.
Таман работа, ќе се фаќа по некоја кривина Само убаво е да се знае како треба, па кој како милува понатаму
И јас не сакам да брзам, чисто онака Видов во маркет сокчиња и затоа реков да прашам Рано ни е нас сега, ама и јас побрзо би и дала вода отколку сокче.
Ама не е тоа кој како мисли. 3 и пол месеци е препрерано за секое бебе, а дека давале некои да давале ама голема грешка прават. Од 5 и пол месеци најрано.
И јас така мислев, ама читајќи низ форумот гледам дека поголем дел од педијатрите им препорачуваат на родителите да почнат со немлечна дохрана уште од 4-4 и пол месеци. У ствари со пробување вкусови.
Не би рекла поголем дел ама има да такви што препорачуваат. Ама ко и за се друго нели, затоа има педијатри и педијатри.
Од 4 до 6 месеци тој период се почнува со дохрана. Не е погрешно на 4, иако се препорачува до 6 да е на ексклузивно, нормално ако бебе добро напредува. Еве јас мн сакав до 6 да тераме така, ама со напредоков мислам ќе мора порано да почнам
Се сложувам дека најдобро е после 6 месеци да се почне ама еве син ми какаше на 15 денови додека не почнав со вкусови и тоа само после клизма, кај 4ца педијатри добив ист одговор, по полни 4м да почнам со пробување вкусови. Се прероди детето, предходно модрееше од мака со мешето. Инаку само го доев, па на 3 месеци ми препорачаа еден оброк ад новалак ит специјална формула за новороденчиња со запек, па порталак сируп и на крај само воведување храна го спаси.
Јас и ти со буцковци можиме до година да не почниме со дохрана Се зафркавам, на 6 месеци ќе почниме ние, само се мислам дали блв или каши
Со големото почнав на 5 месеци така и со ова ќе почнам а може и подоцна. Има проблем со какањето па откако ќе наполни 4 месеци ќе му давам сокче од слива по малце. Одлично си напредува дури и повеќе отколку што треба ни што е тука е. Родилната килажа ја дуплира на 2 ипол месеци наместо на 6 Ќе почнам со каши купечки, не планирам за две лажички лом да правам. Откако ќе воведеме еден оброк ќе правиме домашни.
Epa tie ke ti recat ti gresis mene pedijatar mi rece vaka zatoa e koja kako si misli deka treba so svoeto dete. Jas teram blw i mene nekoja ke me naprai mrdnata ama jas mislam deka sum ispravna a taa so kasite blendirani ne e i taka