Мама ќе те цитирам тука, за да не ја полниме со оф топици темата. Еве ќе ја означам и @Andrejaaaaaa како уште една мајка на бебе со крв во столицата. Ме интересира дали испитувавте нешто? Како докажавте дека е интолеранција на лактоза или само претпоставка е? И мене еден педијатар ми рече дека од тоа се јавува крв во столицата на син ми, исфрлив млечни производи (иако прв пат кога му се појави јас постев и 2 недели немав внесено ништо од животинско потекло) ама никаков ефект немаше и му се јавуваше крв еднаш неделно во просек. Потоа матичниот педијатар на син ми инсистираше да ги вратам на мени млечните продукти, дека нема шанси да е од тоа, бидејќи кравји белковини не поминуваат во мајчино млеко. Од нејзино искуство идопатски се јавува, без посебна причина и само од себе се повлекува до 6ти месец. Одлучив да ја послушам и еве, нешто повеќе 1 месец нема крвави столици (5++ е).
@ivance.. @Iva Mitrevski Мамички вас може ќе ви биде тешко со бебенце и мало детенце, ама нема ништо поубаво од тоа да имаш брат/сестра кои се на слична возраст.Сестра ми е 1 ипол година поголема од мене, заедно пораснавме, си игравме, заедно излегувавме и се си делевме... прекрасно детство имавме. Честитки и со лесно
Претпоставка е на двајца педијатри, прашував како да испитаме и кога, ми рекоа нема потреба се уште, ќе се видело како реагира кога ќе внесам во исхрана млечни производи. Првите месеци вриштеше од грчеви кога и да каснев нешто млечно, веќе очигледно беше тоа, затоа ги исклучивме. Сега кога внесов после 5 месеци, му се јави крв и тоа беше единствено нешто што сменив во исхрана тој период па затоа се претпостави дека е ради тоа. Сега пак внесувам веќе 3 дена и нема крв фала богу така што може ни да не беше ни тоа причината. Инаку за 2 дена 6 месеци ќе прави бебуш. Едит: Ми рекоа ако плаче периодов од болки во меше или му се јави крв, да прекинам одма млечни производи, а после годинка ќе сме му воведеле козјо млеко на бебуш наместо кравјо.
Нема означено возраст на него, а инаку вчера го купив ама не и ставив на телото денес бевме на педијатар настината е, баш ја прашав др за него ми рече слободно можам да мачкам. И ставив малку на носето и веднаш и попушти, па фала богу не јави алергија.
Во Германија крв во столица кај бебе ја поврзуваат (не секогаш) со недостиг на Витамин К. Тука даваат во болница кога ќе се роди бебето и после тоа на прв преглед, некаде во 5та недела (сигурно и кај нас е исто). Но некогаш може да се случи да го поврати или исплука, па даваат накнадно. Прашај дали можеби е поврзано со тоа.
маста за потпарено што е во кои случаи ја мачкате? Потпарено се мисли на црвена кожа или и на ситни црвени брумчиња?
Ајде мајки совет и искуства споделете малото ми е 6++++ и има 11кг, самостојно седи...кажете ми како ги бањате вашите малечки зошто коритцето веќе мало му станува а имам туш кабина па се мислам што следно...
Јас почнав со мустела, па флогомаст и на крај белодерм и ги снема. Но од белодермот се направија како флеки и матичната рече пробај со мустела, но еве сега пак се појавија црвени брумчиња. Не користам влажни и постојано ја мијам после каки. Се вртиме во кругче. Затоа прашав за маста за потпарено.
Незнам какви се вашите нашите беа како лишаи мали а црвени ставав антифугол мислам така беше во комбинација со белогент и за 3 дена ги снема, сега пред некоја недела и се појавија пак ама не сакав пак кортико креми да ставам и пробав со оваа маст за потпарено и ги снема, така да пробај и ти би требало да има ефект и кај вас.