@Oneo бевме мила ми дадe спрејче nizita рече дека само носето е затнато и да следам ако не се опорави онда ќе испитуваме и др. работи демек досега јас не давав спрејче ама ...ова друго билоо ахммм океј ај и и со ова да видам а и фалаа богу најдов и фитобалм .
Аха .. ајде ќе прашам матичен и јас за спрејчето. Прашав за брисеви, да не има бактерија, нема ми рекоја хахах.. Маки со ова што се затнати а допрва иде зима и ладно.
Искрено не ми текнува кога точно почна сама да си се буди, негде после 40 дена беше, пред тоа многу ми се успиваше. Сега е швајцарски саат за цицање. Прашај си педијатар, може ќе ти рече да не будиш ако качува на килажа ама според мене 6 недели е мало да јаде на 6 саати
Може прашањево не ми е за тука... ама има ли некоја мамичка што се соочува со кандида после бременост? Во живот сум немала кандида, еве веќе 4ти месец ја имам никако да се отарасам... Некој лек?
Малце бабин лек, ама многу помага. Едно чешне лук ќе излупиш и ќе му провнеш конче да дојде како тампон. Ќе го ставиш внатре пред спиење сабајлето ќе извадиш. Повтори неколку дена. Кај мене секогаш делува.
Колку често ви се будат бебињата преку ноќ за млеко? Ние сме 6++,заспива најкасно 22ч,до 7 сабајле знае да испие и 2 пати по 180мл. млеко
На левата страна од вратчето бебка има како топче мало (жлезда е) не се гледа туку на допир се чувствува, др рече не е ништо страшно ќе се повлече сама. Некој има ли искуство?
Кај мене за неколку дена ќе прави 5 месеци и спие цела ноќ односно заспива во 9/9-30 а станува сабајле во 6-30/7 без воопшто да се разбуди
Имаат повеќето деца/бебиња, не е страшно, или само ќе се повлече или ќе ги има но нема проблем да прават. Така ни рече др нас, и моето има, и кога е настинато (поголемото дете, не бебево) поизразени се. Значи кога му се поголемки не се паничи, може од настинка е
Мајки од колку почнуваат со вакцини одсабајле во Јане Сандански? Треба детево да го носам па сакам пред работа ...
Од 8 почнуваат. Ние бевме минатата недела, имаше два педијатри што ги прегледуваат децата и беше прилично брзо.
Па настината е, баш таа ден кога ја однесов на др да ја прегледаат и ја видов т.е ја почувствував на допир, претходно ја немаше. Фала мајка
На 2 месеци примивме прва доза рота, шестовалентна и пнеумокок. Утре сме на вакцина втора доза рота и кој ке бидат со буцкање?? Истите втора доза или други? Бебе е 4 месеца, 7кг тежи колку сируп да му дадам ако недај Боже качи тт
Ние примивме на 3м 2 доза рота, 2 доза пнеумокок и петовалента. Без реакција ни беа. За сирупите за тт види во упатството пишува се дозира по килажа.
Na 4 mes e rota,5valentna i streptokoka. Za sirup imas dozerce vo samoto pakuvanje spored kilaza na bebe, a tamu sekako ke ti go izmerat
Ние бевме вчера Примивме втора доза рота, петовалентна во едното ноџе и превенар во другото ноџе Ми рекоа да ставам ациди борици на боцнатото и денес е 2 ден не крена температура уште Јас имам ефералган мислам се вика, има лажиче и обележано е колку да се дава, мислам оти е 15мл за 7 кила ама прочитај си во упатството
Фала девојки, дај Боже да поминеме и ние без реакција. Значи само наместо шесто, утре петовалентна и останатите две