Ние сме 13 дена како да почнува да има грчеви по малку. Од кога давате чајче? Утре сме на педијатар да видиме што ќе каже
22дена сме, почнав да давам некаде од 16ти ден, педијатарката рече да нудам чајче по малку, земав бекутан - сладок анасон. Можеби ни помага за момент ама мали пак стиска ноџиња крева нагоре се грчи, па денес на контрола ни препорача да земам еспумисан и да давам по 20капки на двапати после ручек.. се надевам ќе пројдат..
Мајки вчера се породив царски, бебе беше чисто на образите а денеска кога ми ја донесоа беше доста црвена само на образите. Се плашам да не е атопичен дерматит бидејќи брат ми имаше од бебе и моите видоа навистина големи маки. Козметика земав еуцерин маслена и лосион за дома. Која крема да ја земам за лице што можам на своја рака да ја ставам??
Зошто би земала крем на своја рака, кога сигурно си уште во болница па можи да прашаш педијатар што точно е тоа на лицето ? Според одговорот ќе користиш соодветна крема ако има потреба.
Мојата исто така брше мн црвена на образите неколку дена, само си се повлече се, почекај некој ден немој да ставаш ништо се е тоа нормално, ако е носена повеќе од 40ден им се суши кожичката и сама ќе се излупи, јас дури и не ја бањав првите 10дена,препорака на бабици овде каде што сум.
Спијат вашите бебиња во креветче? Ова моево како со лепак лепено за мене...ај денски што ми е цело време во раце од шетање до дремки , па и навечер значи не можам ни да се одспијам како човек, малку е фрустрирачки. Обично се обидувам да ја преместам кога е успиена многу ретко ми успева но и тогаш се буди брзо, од саат, два повеќе не сврзува. Некои совет, утеха?
Да. Од почеток си спие во креветче, еве 4++ е. Ама затоа сите дневни дремки в раце, ела остави ја, одма се буди. Ама ова последнава недела т.е само
Моето преку ден во количка, навечер во креветче, 2++ е. Мене ми се будеше навечер после доење кога ќе ја спуштев во креветче ама го гледав Др. Денис од ГАК педијатарот на ТВ и негова препорака беше да се подржи бебето на гради 10тина минути, па после да се спушти. Еве две вечери по ред ми успева така, не се буди си продолжува во креветче
Моето си спие во креветче но од 20-02 некаде после се буди на еден сат да цица и јас сама го земам до мене зашто полесно ми е да го дојам така него да го земам и враќам цело време. Пробај преку ден да спие во креветчето , така и навечер ќе го сака. Стави му и некои играчки одозгора и преку ден нека ги фаќа, клоца, да му биде забавно и да го засака креветчето
Како на толку мали им давате чај? Па на самиот чај од бекутан пишува 2+. Мене педијатарот ми рече никако. Еспумисан и дадов прв пат на 2 месеци, запек и направи. Експериментирање со 5 вида капки и сирупи за грчеви кај мало бебе, како што прават многу ми е нелогично. Од мое искуство до 40 дена имаше јаки грчеви, секој ден од 17 до 20ч, после почнаа пократко да траат од кај 18 до 19ч, и еве сега е 2++, дали по 10 мин има ама не секој ден. Само време да пројде треба.
Мојата спие од 20:30 до кај 5-6. Тогаш ја зимам со мене и гушнати си спиеме до кај 8. А преку ден спие во гнездо во дневна, ама се успива кај мене на гради. Пробај коа ќе е задремана да ја стаиш на гради кај тебе, погушкај ја 5-10 минути па спушти ја во креветче.
Не, спие со мене на спална од втор ден . Пола бременост ја поминав во читање за safe sleeping, за детево само една ноќ да преспие во креветче. Толку не го сакаше што ако сакав да го разбудам за цицање пример (жолтица имаше и тешко се будеше), го редев во креветчето . Сегде сака да спие, на гарнитура, спална, во раце, само таму не, немам објаснување зошто. Првиот месец му дежуравме со мм по пола вечер затоа што страв ми беше да спијам со него толку малечко, ама после си фативме некој ред и еве сега си спиеме на спална и дневни дремки и навечер. Сега креветчето ни служи за игра, му ја пуштам вртелешката, прета, се радува (по ново сега се врти на меше и си праи tummy time и збори со козата од Виолета ), али дури му здосади после плаче да го земам. Уште не се откажувам, чекам да направи 3 месеци и ќе пробам по една дневна дремка да го спуштам, викаат првата најубаво, па ќе видиме како ќе биде. Туку да ве прашам од кога почнаа вашите бебушки со вртење од грб на стомак? Нас ова ни е новитет овие два три дена и многу ни е интересно, толку многу што повеќе на грб шанса нема да лежи (освен за спиење). Не можам ни секунда да го оставам сам, автоматски одма се врти и се мести за tummy time, не можам ни до тоалет да отидам. Страв ми е дека нели не треба да се оставаат така без надзор. Плус дали е во ред да се врти толку мало, 2+++ е, читам сегде пишува после 5-6 месец и дека прво учат од меше на грб да се вртат, а малишанов не знае. Едит- ама сум се распишала .
Туку ние денес добивме зелено светло од ортопед за во кенгур, и може да си потседнува по малку во полуседечка положба, супер била. 4++ е. Па како ги носите во кенгурот? Свртени напред можи така? Оти накај мене ако ја свртам ич неќи. Ќе ми ја влепи една
Мојава прв пат сама се сврте на 4 месеци. Од 2ипол со помош се врти. Од грб на меше лета а од меше на грб уште не знае раката да си ја извади и заглавува Дури сега? ние од 2ипол сме во кенгур од 3 свртена напред. Само ми препорачаа да не е повеќе од 30-40 минути.
На првата контрола бевме некаде околу 2 месеци и не ни прашав тогаш. Али искрено јас несакам ич кенгур, али мм сакал и ај реков денес ќе прашам
@Naatashka123 @kostovaivana Абе мало е ова, до вчера едвај на tummy time го редев, сега се сили нешто . На 4 месеци каде каде се ојачани и можат да издржат на меше подолго време. Ова моево ќе се се сврти и ќе почне да кенка дека не може мн така да остане, а не знае да се врати назад . Јас сврти го на грб, тој пак се враќа на меше и пак кенка. Иначе од старт се вртеше на страна, дека едвај 3 кг беше на почеток и му сметаше памперсот , од ко е родено се на страна спие, јас стави го на грб тој со нозете во вис и ќе се сврти. Сите др ми рекоа штом само се врти остави го нека спие така… И еве го сега ми прави бељи. Брза да порасне .
И ние од 2.5мес во кенгур, и дирек свртена напред, да гледа. Јас со раката моја и го држев главчето. Сега веќе и тешка ми е за носење, 7кг 4+++ е, и ладно е, си викам колку толку го искористивме кенгурот додека беше топло.
Така убаво давам. Како што препорачал педијатар. И на кутијата од чајот пишува после една недела се дава.