Па реално кога е будна повеќе е в раце одколку во корпата обично спие додека шетаме,иначе нас ортопед не ни препорача да ја седнувам воопшто до 6 месеци затоа не знам
@Naatashka123 @Tea SK @Autumn Love @mace89 @kostovaivana @Oneo Ви благодарам на сите за одговорите Е моето вакво е...
Леле аман ова ортопедиве Мојот ми кажа на 2ипол да ја ставам под агол од 45° и да вежбаме седење по малку
Нас ни кажа ортопедот од 4 месеци под агол од 45 степени а од 5 месеци под агол од 80 степени. Сите различно ама па си зависи и од детето. Нашите си сакаат да седат и реално неможеш да ги спречиш само затоа што ортопедите така мислат. Секое дете различно си се развива А кога сме кај корпата уфф најнеискористен дел, после два месеца веќе не му беше интресна и само плачеше па ја заменивме со транспортерот и поголемиот дел
Исто скроз. До 2 месеци топ и беше после ја спакувавме и ене си дреме. Мојата па во транспортер не сака да спие и само на кратко кога сме излезени или со кола се возиме со транспортер. Ама на делот со седење маме му расплакавме, ептен погоден и е. Се подесува, сака да лежи, сака подигната, мераци. А во право си, и од детето многу зависи. Не се сите исти. Со на другарка ми, 6 дена се разлика, мојата е многу поцврта. Може и затоа различно кажуваат, којзнае.
И јас не го седнувам, така ми кажа ортопед. Тој се исправува и сака да седи ама не е стабилен. Го вежбам само и си лежи пак. Во корпа на 45 степени се возиме или скроз легнат, си спие секако. Јас најмногу на под го оставам,па си вежба се. Се врти, пробува да се исправи, се фаќа за играчките ако е во подлогата и се крева како билдер Го оставам сам да си прави што сака, да си поминува низ сите фази, без форсирање за нешто.
И јас го оставам да прави што сака. 6+ е и последниве денови гледам дека седи стабилно подолг период. Го оставам подлегнат, го наоѓам седнат на газе и не го спречувам. Иако по 10/15 мин знае да изгуби рамнотежа и да се настрани.
Како така нема да го спречиш ако ортопед кажи не можи да седи?! Зошто ги носиме кај нив ако не им веруваме?! Бебе е тоа од кај знае што е правилно а што не. Сепак ортопед советува за бебето да има правилен раст и развој, не дека тој не сака бебето да седи. Вака читам и некогаш си викам само јас правам се што ќе ми кажат и никогаш спротивното.
Ете ги носиме ама па сите имаат различни мислења и ставови . Едни викаат вака едни така а не се малце 2000 ден за преглед да ги дадеме. Али ок ќе му направат ехо на колкчиња, ќе му прегледаат грбче, цврстина, држење... но неможат да кажат нека седи од 6 месеци кога некои дечиња на 6 месеци неможат да садат пошто не се осеќаат стабилно, а мојот еве и на @kostovaivana уште многу порано изразуваат желба за седење. Јас пак го ставав под агол од 45 степени ама он пак ќе си се намести погоре да седи, тоа е, такви се децата што да им правиме, како викаат сите цвеќиња не цветаат во исто време така и дечињата
Мојот ортопед, имам пишувано, многу убаво ми кажа, дете седи кога ќе научи да седи! Оно не знае колку месеци има. Кога ќе биде спремно за тоа и кога ќе има мускулатура ојачана за тоа. И ми кажа, твое е да му обезбедиш да се вежба на грб, на стомаче, на агол. Па оно кога ќе е спремно ќе си направи се што треба. И исто, добро е да му покажеш како се прави нешто за побрзо да го совлада. Ние пример една недела се вежбавме за вртење и почна сама да се врати
Па реално ако бебето веќе седнува, значи е подготвено за седење и не знам зошто би се спречувало. И не верувам дека постои ортопед што би рекол - ааа не го пуштај мал е има 5ипол месеци. Од 6 треба. Ако не дај боже има проблем пр. Неразвиени коски е тогаш бебе се врзува со каиши да ојача, па после се пушта да ги прави работите. Значи бебе се врти, седнува проодува кога е спремно физички и умствено. Ако некое бебе има нагон да прооди од 10 месеци, значи е подготвено и која е поентата да се спречува. @kostovaivana претпоставувам кај Видоевски одите. И мене ми го кажа истото. Ќе седне кога ќе научи. Дали на 4 или на 8,од него зависи. Не треба да се форсира, но и не треба да се спречува.
Да кај него. Апсолутно се согласувам. Не треба ни да форсираш ни да спречувашж еве пример мојава од 4 4ипол месеци се бутка и сака да застане на нозе. Значи сама сака и пробува, и шо треба сега јас да и речам аааа немој така мала си? ја оставам ама не долго, чим сака сама и е спремна не гледам зошто би ја спречувала.
Ќе се уфрлам во муабетот за седење. Моето бебе за 2 недели прави 4 месеци и она уште од сега се дига за да седне. Кога ја ставам на кревет да лежи ја потпирам на јастук така да лежи и тогаш се стега за да седне ама не успева и паѓа на стомаче. А се вежбаме и да се вртиме на стомаче и сеуште не успева сама да се сврти. А кога ќе ја исправам како да седи издржува неколку секунди сама да седи. И јас делам исто мислење како вас, бебе ако е спремно не треба да ги спречуваме.
Не си само ти, и кај мене е истиот случај. Се радував дека како расте бебе, времето за доење ќе се намалува, нели дека побрзо цицаат. Арно ама, секое доење преку ден е исто. Вртење на сите страни, мрдање, ме мава со рацете, ме гребе, ми ги гриза брадавките. Среќа што уште заби нема... на моменти се чувствувам како на бојно поле да сум (пред некој ден му се пожалив на маж ми дека како ранет војвода се осеќам ). И мене ми поткачи една бемка на вратот, и од тогаш се пазам цело време кога ми е во близина на бемката.
Пробај на спиење кон тебе сврти ја и држи ја кај грбчето или газето гушната(или перниче стави и да се потпира) и нема мрдање ,јас така и правам кога ги фрла нозете у вис
Луѓе јас побудалувам со скоков во 4ти месец... кажувајте чаре. Денес вриши без престан 12 саати. Не е спиен од 1 попладне, сега дури заспа... нејќеше да цица, ми се тргаше од града. Морав да се измолзам па да го залажам со шишенцето за да се закачи на цицка. До кога ќе трае? Кога престанува ова чудо? Иначе за 3 дена правиме 4 месеци... Се осетив лошо ептен како да нејќе бебе за цица веќе се има ли на некој ова случено?
Исти табиет се скроз значи . Нема спиење преку ден немој да не пропуштат нешто . Сега за четврти скок во план сум што потемни завеси да набавам . Јас јадам ќотек редовно. Со нозете ко ќе почне да мава по раната од царскиот сите ѕвезди ги бројам.. јас спушти ги ноџињата тој пак ги враќа на стомак и си продолжува со клоцање. Од љубов си трпиш .
Добра идеа се темни завеси.. Во спална не ми се спуштаат скроз ролетните па секое заспивање гледа низ дупчињата горе како хипнотизирана Денес сменивме малку локација бевме на повисоко.. Во количка вози горе доле цело време, па заспа... Спиеше 1.5 час А мене ме фати паника дали е сѐ во ред Дека ретки моменти... Го зачував моментот со фотка
Друга работа што приметив во скоков (5) е што пребира во која позиција да го заспивам почнуваме на кревет па во раце и најчесто на перницата за доење заспива.