Срце убаво Мојот будилник е навиен во 6.30 секое утро, среќааааааа и денес стана тогаш се молев во 5 да не ми стане
Браво за Вера и за мама, значаен milestone сте достигнале , уште многу такви дремки да ви се множат во иднина . Супер сте вие штом заспивате во количка, јас ќе частам ко ќе се научи моево да заспива така и ко ќе можам на раат да излезам да го прошетам поише од 200м пред зграда . Иначе и нас многу ни се интересни дупчињата од ролетните, секое сабајле ко ќе се разбуди то една радост ко ќе ги види, со гугање, со претање, со све . А дека не ми е скроз најтемно во спална и се гледа колку толку (логично), абе се ни е интересно, перницата, ѕидот, маицата, јас.. Ко ќе цица фати пушти прави само, гага гугу, викам јади сега после ќе ми кажеш. И си викам под итно ми требаат завеси зашто во четврти скок ниту јадење ниту спиење ќе видиме . Срцка убава . Јас сум денес надежна дека детево мое ќе заспие пред 8.30 вечер, дека нели не знае за новото сметање на времето .
@Autumn Love И во црна темница знае да се загледа во нешто, се врти како кифла да види нешто што има на другиот крај од собата Фала фала, се надевам нема да е последна Посакувам за вас да се навикне бебе во количка, признавам пораат си @kostovaivana преслатка Имаку мојата си стана во 06.00 за цицање па ја презаспав некако до 7.30ч, чудо.. А ноќеска стана во 01.30 и се нишкавме до 03.00ч... После гледам дека баш тогаш се сменило времето
Мајки здраво.Ние првиот вирус го поминавме и тоа до болница стигнавме.Значи бато се разболе, кашлица и шлајмови, инекции инхалации.Таман си оздраве, малото почна да кашла,надгледуван секој ден, слушан на градите, и пак за една вечер спушти на гради, не задржаа во болница и таму си примаше терапија.Е сега сме добро дома сме.Имам прашања две за вас незнаев во која тема да ги поставам. 1.Дали смеам да го шетам бебе (3.5месеци) надвор на свеж воздух ( живееме во село, чист е воздухот многу) сега откако си дојдовме од болница? Во четвртокот не испуштија.Да не го настинам дополнително.Вчера го изнесов многу малку сепак ми е страв. 2.За тие што имате поголеми дечиња што посетуваат градинка и плус мало бебе дома.Дали ги пуштате големите во градинка?Мене ми рекоа од болница да стопира малце, заради бебето инаку рекоа дека се ќе ми се разболува така од големото кога ќе закачи вирус.Догодина е прваче, многу му е битна оваа година во градинка, сака да оди, 3 часа е само ама пак е убаво да ја посетува.Што мислете кога е најсоодветно, и знам дека кога ќе почне ни следува нов вирус или бактерија ама мора мислам да оди му треба...а пак од друга страна ми е страв за малото, секогаш ке прифаќа од него... Првиот вирус што го прифати од бато до болница стигнавме 5 дена. Ве молам за совет.Убав ден
Мајки од кое шишенце и цуцла сте најзадоволни во смисла најлесно да има прифатено бебе? Почнав со антирефлукс формула, несака да ја пие. Испи едвај 3, 4 пати по 60 мл и толуку. Му купив чај, прв пат да видам дали млекото не го сака или цуцлата, еве сега и чајот не го пие. Па викам да сменам шише да пробам. Ај препорачајте Бебе е за некој ден 4 месеци
Иста ситуациjа маjка на 3,5 месеци спушти на плуќа. Прoдoлжив да гo праќам пoгoлемoтo вo градинка сo тoа штo превенирам каj неа сo витамини.
Здраво мајки, колку долго трае скокот во 4 м и како го поминавте? Беблак е 4+ и многу е тешка за заспивање навечер, па откако ќе заспие се буди во нареден 1ч едно добри 2 до 3х. Вчера цела вечер кенкаше, се будеше, дури едно време почна да си брмчи, балончиња да прави (тоа и е новитет) се презаспивавме, а претходно си ја преспиваше цела ноќ.
Филипс авент натурал. Во облик на града е, слично на доење. Мојата од прв ден е со шише и плус цицање.
Незнам колку трае точно. Го поминавме дење мирно, ама ноќе 2 пати се будеше со вриштење. Исто се разбуди 2-3 пати расположен да си игра сред ноќ. Има и регресија во спиење околу 4ти скок мислам. После скокот се врати на старо моето, си спие исто цела ноќ.
Со скокот добро поминавме. 2,3 дена сљмо со плачење и беа сите дневни дремки, пиштеше. А навечер немав проблем. Ама сега па заврши скокот и не фати регресијата во спиење и станува ноќе на секои 2 часа, т.е од синоќа на 3 часа почна напредок
Мене ми е страв, сега се добро Фала му на Бога и двајцата, ама пусти страв незнам кога ќе ми дозволи да го пуштам пак.Давам јас матичен млеч, витамин Ц и Молерс, ама и покрај тоа го фати тој вирус, па заврши на инекции, а малото во болница .Тоа ми беше најголем страв, го доживеав и преживеав Стварно незнам што да правам, а кога и да е ќе морам да го пуштам, бидејќи догодина ќе биде прваче, оваа му е подготвителна година.
Чим се добро вади го на воздух, не е добро ни смао внатре. Облечи го складно со времето, не го тунтари, и на сонце. Ако дува и ако врне тогаш не. 15, 20 мин мислам е доволно. Едно прашање, по колку мг витамин ц даваш на големиот???
Жени, фатив мастит вчера, ама не е тоа проблем него брадавицата на истата града...толку е воспалена солзи ми течат, не можам да му дадам да ја исцица груткава имав пред пар дена исто ама брадавицата беше нормална, бев под топол туш после исцица и се беше ок. Ама сеа му дадов да цица и сум вриштела.. Совет што да ставам на брадавицата да пројде?
Мачкај ланолин на брадавицата и оставај ја гола на воздух колку можеш. За доење пробај со силиконска на таа града, би требало помалку да боли. Издржи мами и брзо да помине.
Ставам ланолин, мислев нешто друго или некој домашен лек. Не давам од таа града, 2 пати му дадов и се виткам од болка. Ќе се одмолзувам додека да пројде