Вчера беше мн подобра само еднаш се разбуди само што ја заспав, не беше зацврстена изгледа, па ја разбуди поголемава сестра цела ноќ ја преспа
Мајка ние исто имавме и искочи дека имаме атопичен дерматит. Да прашаш педијатар со што да мачкаш. Не го бањај бебето секој ден и гледај во денот барем неколку пати оставај го голо за да диши кожата. А после бањање можеш да земеш хидратанта крема и додека е мокра кожата да намачкаш.
Си се навикнавме ние да спиеме навечер па сега 2-3 дена ако ни стануваат проблем ни е баш сме размазени
Не ја бањам секој ден, и секако по два три пати во ден ја оатавам малку гола. Али ќе прашам обавезно.
Нелииии? Мене ми го кажа една другарка и ептен бев скептик. Иначе зимам од еден пчелар, на татко ми проијател... најдобро е да е од проверено место медот. Ова се надоврзувам на @kostovaivana што ме праша
Мислам дека ќе ти дадат Антифунгол да мачкаш, ама прашај и за Пантенол да мачкаш. Со што ја бањаш иначе?
На почеток капнував во уста пред млекце било кој период од денот А сега дека ми мрда ставам во млекцето и обично насабајле.
Имам две шишиња од по 260 мл. и сакам да докупам уште две за да имам доволно да не мијам цело време. Од 6 месеци па натаму доволно ли ќе бидат големи или да земам од по 330 мл. уште две? За да не треба да купувам пак нови уште некој месец.
Со хип од почеток. Немаше никаква реакција, супер и беше кожичката. И кога и се појави сега ова пробав со Мустела, еве веќе еднаш ја имам избањато и со лосион ја мачкам два дена, како подобро ми изгледа. Не и е како што беше. Па ќе видам ако има подобрување ќе продолжам, ако не со другиве што ми ги предложивте тука ќе пробам
Е штом со Мустела ја бањаш земи ја хидратантата крема исто на Мустела. 390 денари јас ја земав од Зегин, после бањање на мокра кожа намачкај, многу ја омекнува кожата.
Дали на некое од вашите бебиња им дијагностицирале папочна кила? Ми предложија појас да купам. Дали некој користел? Има ли ефект? Која цена се? Или да оставам да помине време само да се среди
Нешто ефикасно за теменици? Веќе два месеци користиме пена на Мустела за теменици, не гледам некакв ефект. Таман ќе се подисчисти, се појавуваат нови жолти лушпи. Подолго треба да ја користам пената за да има ефект, или стварно во нашиот случај не помага, па да пробам со нешто друго?
Нас ни беше дијагностицирана, по совет на доктор ми рекоа дека до година би требало да се среди како што се зацврстуваат мускулите ако не ќе треба операција, на наш пријател ќеркичката беше оперирана, па така јас и сопругот решивме да пробаме со појас, за неполни 6 недели и се среди папокот, ние го стававме преку ноќ бидејќи тогаш не се врти и не го изместува. Кога побаравме објаснување од докторот зошто да не пробаме со појас беше дека растат па да не се стегнати. Самиот појас се подесува колку да се стегне и не беше никаков проблем и кај нас помогна. Ти прикачив слика од појасот кој ние го користевме чисто да видиш како изгледа, инаку не сме МК и не би можела да ти препорачам.
Ние имавме од некаде 2 до 6 месеци и после сама си исчезна…не носевме ни појас ни нешто посебно правевме