И ние сме точно 4 мес за 3,4 дена ама кај нас скокот на почетокот беше многу поизразен. Јас и незнаев дека е во скок ама ептен беше раздразнет па овде девојките ми проверија ми кажаа дека сме во скок. Сега некако сме вратени во колосек
Мене не може точно да ми се пресмета скокот зошто немав редовна менструација... и упорно им викав на докторите дека ми го имаат утнато терминот, зошто ми викаа дека 2 недели ми е помал бебуш... како и да е... Што се симтомите дека влага во скок?
Јас највеќе приметив по спиењето. Значи од раѓање си заспиваше околу 8, 9 сега доаѓаше 12 саат он кукурек. И плачеше нејкеше да спие. Преку ден беше кенкав, повеќе сакаше во раце и навечер почесто се будеше за цицање
Да првиот пат кога ја прочитав @Oneo мислев нешто згрешила во пишувањето моево ниту еден ден немало таков да спие по толку , јас славам ако заспал без да морам да го нишам во количка
Во 4 скок такви бевме, 5 дремки по пола час И јас незнам како би било мора да си најдиме решение,вака ми кенка секое попладне Немора да значи, ние исто време и заспивавме и се будевме како и претходно, само што ноќе почна да станува на секои 2 часа
Мамички дали нешто ставате кај бебушите во креветче на пример кога се сами во соба? На фб групине начекав некој метла става, икона... Не знам што значење би имале ама еве ме интересираат и ваши мислења.
Хахаха.. од раѓање нема проблем со спиењето, многу спие. Претходно имаше една дремка што траеше 4 часа, незнаев што да правам дури спие тогаш. Во количка си заспива ако шетаме, не секогаш ама заспива. Со татко му заспива во раце со нишкање, а со мене на цицка легнати двајцата. Некогаш не сака цицка само си лежиме и тивко му пеам и мижам, почнува да мижи и тој. Заспива и јас станувам. Ако не спие убаво, кенка цело време и ништо не го интересира. Ако спие 1 сат на пример, после за брзо го успивам пак. Го следам него цело време и прозорот на будност секако. Ако е прозорот 2 часа, јас 15мин. порано го земам и го легнувам да се смири за да се успие побрзо.
Метла?! Порќе?! Ќебенце за покривање му ставам кога е ладно, ништо друго. Евентуално камерата ако имаме гости и не можам да оставам отворени врати за да го слушнам ако се разбуди.
Мартин е златно бебе што да речам, срцуле , моево во раце не заспива само првиот месец кога се роди, сега кога го држам све му е интересно а ако му се спие почнува да плаче па го спуштам во креветче ( читај количка )и така заспива.
Хахах.. Премирен е и соработува што е најважно, не се буни Ако заспива во раце само покрај без ѕид каде нема ништо, во ходник имам таков и нема кај да гледа, ќе заспие. Ако го шетаме низ соба исто си рагледува и се му е интересно.
Ама тоа е нормално до некаде ретко кое бебе на оваа возраст само заспива. На сите им треба дали нишање, цице, количка зависи кое како.
Мама, ако навечер има квалитетен сон ич не се секирај дека ви се кратки дремките. Со тек на време ќе се намалат по број, а зголемат по времетраење.
Па колку е квалитетен незнам се буди за млеко накај 12 /1 и после си мрмка, ржи по 2 часа дали спие незнам си мижи ама .. па ќе се успие, па накј 4 пак млекце и пак исто саат два мрмка , и после спие до 8 сабајле Во раце не заспива воопшто, дури плаче ако му се спие а јас го држам, количка или креветче толку.
Мене една другарка ме праша дали ставам метла во креветчето? Не реков зошто, првпат слушам. Е така требало демек добив одговор. И мислев дека се зафркава до ден денес, ама еве не било така. И други го знаеле тоа И ништо не ставам, само бебето в креветче
Oд 4 месеци, вкупно треба да спие 12-16ч во едно деноноќие. Не се секирај мама, ако си е весело бебе, доволно му е спиење. Нас не ни е. Еве ако ти е за утеха, син ми уште 1 нецела 6 месеци ќе полни. Денски дремки од 30-40 мин, некогаш една, некогаш 5 (најчесто 3,ама со скоков знае да варира- 5ти скок кај нас ужас). Ама затоа па навечер спие барем 11ч. Гледав тоа видеото шо го имаше постирано @kostovaivana од гуднајт. Ај демек ќе продолжувам дремки. Првата успеав да ја продолжам од 40 мин на речиси 2ч. Знаеш шо добив? Уште 2 дремки од по 20 мин и ултра нервозно бебе. Одлучив дека нема да експериментиирам и ќе го оставам тоа да ме води колку сака да спие се додека е весел и активен измеѓу.
Во право си за све, треба само да се навикнам дека бебево не ми е спијач, инаку воглавно си е весел , поздрав до лепотанко твој