Лелее исти сме со денско неспиење. Ноќе спие ама преку ден хорор. Лесно заспива ама таман ќе ја оставам и се буди. А во раце може со саати да си спие. И така во круг цел ден. Се успиваме и пак ме сме наспани, кенкави...и си легнуваме со надеж дека утре повеќе ќе спие.
И моево ич не спие преку ден. 3 пати по 20 мин. Пола саат ако дремне на коњ сум. Како завршувам работа по дома, ич не ме прашувајте.
И ние сме исти со спиењето како повеќето што пишаа, денски да ја држам во раце цел ден ќе спие. Не знам како успевам по дома да завршам се нека оди во градинка, ете даваш превентивно. И во двор да игра може да настине и да го префати бебе. Не може во стаклено ѕвоно да ги чуваме. Секако е период на настинки, битно на нога да ги помине
Спијачиња си се, само ни растат бебињата и се наспиваат побрзо. Зарем ние би можеле да спиеме секој ден по 15ч? Не. Така и тие. Плус скокови, нови вештини, запчиња.. Го осознаваат светот, сѐ им е интересно, има време и за спиење. Малку за охрабрување мама, тоа е. Гушки до најмилото бебенце.
Од овој последниот скок се ни се поремети и на нас со спиењето. Сабајле станува во 6.30 како навиен будилник е, во 8.30 има прва дремка која трае 1 1ипол час и после тоа има дремка која трае 2 2ипол часа. Е после долгата дремка е хаос... и се спие ама душа инатлива не сака да заспие или ќе заспиеме со сите маки и и трае 15-20мин максимално. А вечерта во 8 8.30 најкасно е веќе заспана и спие цела вечер до 6.30 со повремени будења за цицање. И јас незнам дали е во ред бебе од 6м со 4 убави дремки за една недела да ги скрати на 3 и сега веќе на 2 дневни дремки
Новороденче спиеше од 24ч. сигурно 22ч. во текот на еден ден. Многу спиеше. Ноќе спие околу 10часа вкупно. Станува во 06:00-06:30, прва дремка 8ч. втора 12ч. трета 16ч. и четврта спие помалце по 1 ипол сат. Во 9-9ипол ч. заспива и до сабајле спие. Дремките од прилика му се секогаш исти. Јас пишав со прозор на будност ако е 2ч. некогаш и за 1 ипол час го успивам. Една дремка ако трае помалце од 1ч. цел ден ни се пореметува и само нервозен е. Треба една да скратиме и таман ќе му дојдат сите по исто време спиење.
Браво што си нанкаат толку. Моево убаво спиеше, навечер врзуваше скоро 6-7 саати сега скоро цел 4ти месец се буди на два саати, како навиена. Во 22 заспива и до 8 сабајле на секои 2 часа. Уште малку 5 м ќе правиме, зарем нема да ми се врати бебчето што нанеше многу? Денски исто - не спие многу, 20-30 мин и ококорена. Башка во раце сака, да лежи во релаксатор или подлога, нее Боже сачувај!
Ние немаме термин на јадење а ни на дремки. Секој ден сме различно. Скоро 4 месеци сме. Незнам дали е тоа нормално?!
Исто. После 4 скок се ми се поремети детево. Во 19:30 заспива до 7 наутро. Само на почеток спие по повеќе, докај 23, 24ч. После на секои 2 часа. Ама од пред 2 дена почна и по 3ч да сврзува хаха се надевам ќе се вратиме во нормала. А и денски исто. 30мин. Како навиена. Може некогаш една дремка да и е 2 часа ама ретко.
Мајки да прашам дали некоја има проблем со доењето значи цело време плаче до дека цица, уште кога и ставам лигарчето почне да плаче, и цело време се трга од градата и плаче и пак продолже и цело време така. И малку ми напредува, еве за две недели 200 грама. Инаку за малку 2 месеца сме. Инаку имам многу млеко.
И мене тој период така ми плачеше при доење, а и во втор скок се погоди. Ама мојата супер напредна и тој месец. Пробај да менуваш позиции, а и можно е ако имаш многу млеко и шприца да се нервира бебчето.
Мајки, како да симнам температура? Денес прими вакцина и цел ден не може да спушти под 38.2 , ни со туширање, ни со парацетомол. И од тие лепенките ставивме. Ми рекоа дека е мал за да му ставам чорапи со оцет, наместо тоа да ги намокрам со топла вода, ама брзо се лади и нема некаков ефект.
Да да, дарелон му давам (далерон, парацетомол, исто е ваљда, ама далерон се вика). Нема минато уште 6 часа откако му дадов, затоа барам др решение...