Малата е демек до 0-6 месеци големата 6+. Ама мислам нема везе, малава има такви две како кругчиња ребрасти и мислам е боље за глодање. Големата е баш жирафа поголема само. Иначе јас ја оставам на под ама па кај мене се плочи доле ама цевките од парното поминуваат доле така да топло ни е. Ама мислам дека вака како шо пишуваш е ок, оставај го.
Мамички дали бебушките се вртат од грб на меше на една страна или на двете како ќе им дојде. Мојата си се врти сама ама на лево. Значи од грб како шо лежи на лево и на меше. На десно само со моја помош, сама не и текнува. Дали вака и е полесно, кој ја знае.
I mojata prvo na levo se vretese samo pa nauci I na desno da se vrti ama Pak na levo I e polesno pa pojke e na taa strana
Кај мене кога почна да се врти, полесно и беше накај нејзина десна страна да се сврти и онака, баш го увежба тоа вртење. А на лево одеше послабо. Арно ама почнав да и ставам играчки и на лева страна, и почна полека и на лево да се врти. Неколку пати и помагав со раката да си ја извади, и сега си е подобра, го увежба и тоа. Помогни и неколку пати, за некој ден ќе и легне и тоа движење, ич да не се секираш.
Да го цитирам др Антоније: "Ти кога ќе научиш да пишуваш со десна рака, не учиш и со лева." Ист беше и синко, сега не само што се врти на двете страни туку и се фрла од стомак на грб Акробации живи е по дома
Прво се вртеше само на лево, сега и на десно ама потешко му е. Сам си учи се, на под. Го чекам денот ко ќе почни да се враќа назад, оти готово стражар сум низ дома кај и да е легнат. Ќе ја држи главата нагоре и за кратко цимоли да го вратам на грб и одма се врти пак
Од одма почна на двете страни и имам приметено (дека спие до мене на спална), ако станам денски се врти на таа страна на која сум лежела, тргнува да ме бара .
Леле исто и мојот се вртеше на меше и нуркаше со главата во подот квичеше за назад, го вртев на грб и во секундата пак на меше свртен беше и по цел ден тоа го правевме. Инаку и мојот само на лево се вртеше од почеток, дури и кога го држев в раце на лево се виткаше некако, ама после се си научи.
Мојава е 4+++ па не се врти редовно. Кога ќе и текни, неколку пати само се има свртено досега. И тежи газето, неможи често
Не се замарај ич Дембелчево мое на 5 почна по малку да се врти од една страна , сега на 6 ипол исто на една страна се врти и врти во круг ... незнам како некои викаат дека веке стабилно седат а моево паѓа седнато нема рамнотежа Ај викам не е секое бебе исто ова побавно си ги прави работите
Кога почнуваат бебушки да сонуваат? Моево на моменти се смее ама баш она смеење, а на момебти ќе се мршти некое време, па ќе почне да плаче спиејќи. Се мислам, што толку лошо може да сонува?
Ејј три деца имам родено до сега не сум размислила што сонуваат Се додека не плаче нека се мршти ќути
Побавно ама битно си напредува и си расте здраво право а нешите желби и очекувања не мора да се исполнуваат тогаш кога ние сакаме него кога они ќе бидат спремни
И јас мислам за моево некои работи побавно ги учи и ги прави. Али ќе научи кога тогаш, нека биде и подоцна, не ја форсирам за ништо, кога ќе биде спремна тогаш.