Нормално е за дете на ексклузивно доење и до 10 дена да не се искака. А за грчеви би ти го препорачала Nurse Harvey's сирупот.
На 3 мес почна да ги фаќа играчките од подлогата и да ги влече накај него, или кога ќе држам пред него играчка ја зема и право во уста. Ама координација рака уста од почетокот послабо, често во чело ќе се треснеше
Да ги фаќа активно почна сега, нешто пред 3 месеци, претходно само ги удираше тие играчките од baby gym-от.
Не, од старт не почнавме како шо треба со цицање. Туку, откако направи 3 месеци не се буди ноќе за цицање. Се фаќа дури 10-12 часа без млекце. Си викам да не е многу период без млекце Се живо го прашав педијатарот а за ова заборавив
Мене ме советуваше нашиот педијатар да не го будам ако не се разбуди сам, се додека си напредува како што треба.
Еднаш пишував за истово сега пак. Се чудам како можи моето бебе воопшто да не реагира на непознати, на сите се смее. Ама баш од никој не плачи или да сака кај мене, седи секаде. Многу ми е чудно. Дозна дека сакам да плачи по мене и за инает ми прави вака Јас го давам и одвај чекам да сака кај мене, тој не, се смее си игра нормално. Скоро 6 месеци има.
Бебе 2 месеци си е си повраќа скоро после секое хранење, но еве 2-3 дена повраќа како водичка по извесно време, иначе давам и чајче и водичка уште од шрвите неделу измеѓу ама никогаш вака не правеше. Дали е од чајчето или како? Ме фаќаат паники да не не е нешто како што треба
Нормално е, мене педијатарот ми рече кога направи еден месец да не го будам туку кога ќе си побара сам млеко во текот на ноќта тогаш да му давам и постепено си поврзуваше и веќе на 2,5 месеци до сега 5++ сме си спие од 9.30 до 7/7.30 сабајле
Истово се случува и кај нас. За 4 дена полни 2 месеци, пие редовно ад и повремено цица, 2-3 пати во денот, некогаш еднаш само. Во последниве недела дена повраќа (покрај стандардна бела повраќаница) проѕирно, баш се чудам што е. Не и' давам чај, патем. Чудно навистина.
Ние сме само на ад, ваљда е период некој... е баш така е како што опиша ти. Чудно ми е и мене, и поголеми млазови повраќа сеа..
Доста, не си ја барај бељата. Ако сакаш еден ден да ти го пуштам Јован, изнадржи го в раце цел ден (ич нема да ти се збуни, ама да му стоиш и да го шеташ), па после кажи ми дека сакаш да плачи Мартин за кај тебе в раце. Умно си е детето, гледај како си знае сѐ, знае дека треба да спие за мама да сработи, да одмори, да се среди, знае дека не треба да си ја мачи мамичка.. Уживај дури е така, благословена си, верувај.
Исто и ние 2 мес. Само на мајчино млеко е, а во последно време го повраќа баш како водичка, после секој оброк. Инаку бебево како да ќе истерува заби. Знам дека е мал уште, ама забележав бела точка на горната жлебина, и многу си ги става рачињата во уста, па и почна да ми лигави. Сѐ ме наведува на тоа да мислам. И плус кенкав ми е овие два три дена.
Ајде да речиме дека им е период и @MissChievous истото го пиша кај сите е иста мака, ќе им следиме ситуација. А друго нешто дали повеќе ви се размрдани бебињата во овај период? Ептен голема промена во последнава недела се покажа кај нас