Кое спрејче е најдобро за новороденче? Сега ќе го пратам мм во набавки, сакам и носко аспираторот за на правосмукалка да го земам.
На малата првите две може и три недели и се лупеше кожичката и баш на педијатар прашав со што да ја мачкам дека сува кожичката и и се лупи. Докторката ми објасни дека не и се лупи затоа што е сува, туку дека е заради тоа што била во плодова течност 9 месеци, дека ќе си се регулира и дека нема потреба со ништо да ја мачкам.
Така, само на пример ако имаш уште за некој ден во пакетчето не е проблем да ги потрошиш, па после да смениш на Д3 со омега.
Имам едно прашање за тие бебенца што преминале на 3 дремки во колку им е првата и после колку време од будење
Обично околу саат и пол после будење. А пошто се буди во различно време (од 7 и пол до 9), не знам да кажам точно за саат.
Исто е и моево само првата му е 30мин а втората 30 мин или 1 саат и после мора уште две да има до спиење Ништо.. ќе си чекам сам да смени со надеж дека ќе му бидат подолги поске
Ако успееш со финтата на д-р гуднајт да пробаш да ја продолжиш. Јас така правам. Некогаш успева, некогаш не, ама се трудам, барем една дремка да е подолга. Бидејќи се успива со цицање, 5-10 мин пред да се разбуди си легнувам до него (уште поубаво откако ќе заспие да си до него) и кога ќе почне да се буди му давам да цица за да презаспие. Финтата е да го правиш истото што го правиш за да го успиеш (доење, цуцла, нишкање, бели звуци... шо и да користиш). Пробај.
После третиот скок ја намали првата дремка на 1 саат, инаку тераше 2.5 саати. Втората си остана 2.5 саати,а третата кога како, попладне немаме константа, некогаш саат, некогаш 40мин, некогаш 2 саати.
@Tea SK блазеси ти @IRBBB кога ова спие другото ме чека за играње не ни успевам да видам кога ќе почне да се буди само користиме со другово да поиграме малку лудница ми е куќава ќе прооди
Леле со јадењето у борба сум уште сега со баби и дедовци, а уште не сме почнале со немлечна исхрана Јас им викам шеќер ќе одложувам колку можам, они сокчиња какви да му купеле, па рецепти за бисквити и млеко пред спиење, па малку ако лижнел чоколадо што ќе му биде Не ќе сум готвела посебно за него од нашата манџа ќе му црпнам и така се ќе си научел да јаде. Ок, не ве ни прашав нит па така ќе правам Не сум фан на екстремности ама додека можам да контолирам што внесува, ќе јаде тоа што му треба на телото, не леб и крем.
Не знам шо мајки сме ние вакви мед на цуцлите шо не му даваме за да ги фатат или салата од краствици со ракиичка да лизне малку. Е шо ќе им биде де? Немајки.