Ќе кажеш кратко и јасно - За бебето јас ќе се грижам дали е јадено и што јадело вие ако сакате да го поиграте само и толку. Ќе си кажеш одма, да немаш проблеми понатаму. Па како не размислуваат, што ако бебето е алергично на чоколадо?!
И одма почнуваат "Јас три деца израснав и не правев така па ете се здрави прави". Ама јас одма враќам ти ги израсна затоа сега оставиме јас да го израснам моето. Овие муабети од мајка ми најчесто се, ама и кој да е друг исто кажувам, за детето сум ѕвер
Ако е алергично на нешто то е оти сум/си го чувала во стаклено ѕвоно. Да му тупнев грав од два месеци ќе набилдаше имунитет ништо да не го турка. Немам многу мака од блиските, освен мајка ми шо ми ја пука главата дека детето не е доволно облечено. Најјаки ми се шо рандом луѓе ми коментираат и ме советуваат.
Така де они на нивните деца им дале грав уште на 3м и затоа се јаки деца и никад не се разболеле, а ние дека ги растеме по интернет затоа ни се алергични и ќе ни се разболат
Хахаахахахахах.. сите исти коментари сме добивале значи Тоа е менталитетот низ цела држава е исти, ретко исклучоци.
Какви алергии, тоа не постоеше у времето ние кога бевме деца, не можеш да се докажеш дека сега се е сменето. На толку информации според мене лудост е да го "трујам" детето со глупости. Фала богу сами што живееме па ќе си ги контролирам оброците. Свекрва ми е разбрана ама уште сега знам дека мајка ми ќе му протнува глупости кога ќе го чува, ќе биде војна Јас само така сум цуцала цуцла ко бебе, брцната у мед, а сега мед после 1 година се давало, глупостиии. Дури ни кога ика ништо не му давам на бебето да се смири. Лимон директно во уста му се цедело и одма ќе престане, а не вака да се мачи да ика 3 минути. Ваква немајка тешко да се најде
Аа има исклучоци, свекрва ми моја. Збор нема кажано, ама буквално ни еден збор. Си мислам голо да го види надвор на -10степени нема ништо да речи
Јас се пријавувам за немајка со икањево. Ништо не и давам, а свекорми е тој што вели дај и вода, дај и вода. А оти не и даваш? Оти реков не давам. Е ај чај ко така дај и ми вели Не давам реков, ќе си преика. И секое икање истиот муабет. А за др блиски немам збор. Посебно за свекрва, збор нема речено.
Мајки. За некој ден правиме 5 месеци. Си се какаше досега еднаш дневно, или еднаш на два дена. Вчера и денес се кака по 3 пати на ден. Бојава, се е нормално. Да не ми е настината се мислам или ок е, се случува и вака. Или па да не е до мојата исхрана. Оти почнав повторно на здрав начин на живот повеќе смути, шејкови си правам наутро...
Мојата оддамна скрати на 3 дремки сите по саат ипол два. Прозорецот на будност и е 2 саати освен после последната дремка, тогаш и е 3. Прва дремка без разлика кога ќе се разбуди и е после саат ипол. И ја така им викам коа ќе почнат еее јас колку деца. Е викам ти твоите си ги изгледала сега ја ќе си го гледам моето. И да згрешам ја ќе згрешам. Шо викаш за детево со сите ќе се скарам ако треба и ич не ми чуе
Д3 со К и плус Омега од 8-миот ден на растојание од 5 минути меѓу нив, пола час пред јадење, така ми препорача докторката.
Јас на инста го гледав. Заследи ја прво ако не ти е заследена, оти приватен ѝ е профилот, може затоа не ти отвора.
Ова со икањево очигледно хит им е на сите. Сум го оставала детето да ика место лимон да му дадам. Нас кога сме икале лимон ни давале-мајка ми, татко ми, свекрва ми.
Може. Само сирупот дај го со малку вода за да бидеш сигурна дека го испило. Или пак ако е поголемко детенце можеш со малку млеко, јогурт, сок, пудинг... Со нешто што ти јади. Битното е сирупот да не го раствориш во голема количина друга течност, за да знаеш дека ти го испило цел.