I jas mu davam cajce legnat na grb , nekogas na strana Nikako vo race ne prifati sise , pa morav taka Nema drugo care
Ааа па скоковите им се најсмешни. Скоккк, па каков скок бре што е тоа. Скок имала како не вие немавте такви работи што е ова сега само нови работи се измислува
Ние сме 5 ама ќе ти кажам со што си играме. Тропки во сите варијанти . Купи му разноразни тропки со шарени бои, тоа им е играта овој период. И глодалки за да грицка. Можеш и некое плишано играче ама мојава пример плишаните не ги обожава.
Јас не ги мешам со ништо. Ама прво ги турам во лажичка па во уста. Мм си ставил мислам во главата дека може да ми се испушти во уста тоа мекото и не давам директно во уста.
Јас првиот месец дена директ и' ги стискав во уста, а сега ги ставам во млеко. Логиката ми е дека ионака веднаш во истата секунда после капките, почнува да пие млеко. Не смее да се ставаат во млеко?
И јас прво директ давав и дека мрсни кога сум ја скинала ми се намрсил прстот и незнам како ми падна во устата, среќа на усните и беше залепено па мал ѓавол од памет се извадив 10000 филмови ми се изнавртеа во главата што би ако би сега лажичка па во уста
Сега си идам од редовна контрола, и педијатарот рече да појачам Д3. И сега чист каков да купам? Ве читам со пливит, која цена е на приватно? Дека не ми даде човеков рецепта, а му спомнав дека ќе земам или Пливит или Бејбитол. И со каши да почнам вика на 5.5 а бебе по 1 кило месечно напредува само со доење. Ма на 6 ќе почнам, туку за витаминов кажете ми
Исто. Тропки и се омилени. Тие и се и глодалки, сркако се дирек в уста носи А плишани несака ич. Ќе ја види само 5сек и врти глава
Рецепт за витамин Д од Пливит мене ми дава матичниот педијатар. Инаку, на приватно е околу 200 денари.
Ц ц ц На мојов па ич не му текна дека може да ми даде рецепта јас не ни знаев, само на крај пред да се поздравиме, викам ајде докторе, одам до аптека да земам или на пливит или Бејбитол и тој ок, кои сакаш ти, поздрав се гледаме по 1мес. Сепак има разлика 30 ден и 200, не е една работа, ама ај, нема шанси назад да се враќам сега.
Кога сме веќе кај витаминот Д, која доза ја давате? Ортопедот ми рече зимово да појачам и да давам по 800 единици (до сега давав 400), а педијатарот ми рече може и по 1000 единици да даваш. Бебе е 3++. Исто ме интересира и до кога се дава омега.