Мене патронажната ми кажа да го вртсм и ставам на страна, секое спиење на Моево пролази на 7 месеци. Дубак не планирам, џампер можеби би позајмила да имам од кој инаку не планирам да купувам ,многу кратко се користи а и секако нели не препорачуваат.
Јас па повеќе во јакна го шетам отколку во скафандер така изгледа цело зимо ќе терам полесно ми е а и бебуш не се нервира, во скафандерот одма склет го фаќа што неможе да мрда многу. скоро 6месеци е
Да @Beble јас имам пиено и тоа неколку дена после пораѓај заради мастит. Бебе цицаше нон стоп, немај гајле безбеден е. Скоро на се пишува така заради претпазливост
Мајки ај мислење... и праќам на една другарка слика од бебенцево мое кое иначе има 4++ со палчето во уста и типката ми враќа "цицањето на палец е недостаток на љубов од родителите" wtf... јас детево го обелев од бацување, љубов и внимание и сеа се истрескав од плачење дека ова ми го рекоа... маж ми вика ти будала си што им се замараш... Ама изгледа дека сум пред добивање, па откачив малку... што мислите вие? Има ли вистина во ова?
Значи вака, прво дете ти е и те разбирам. Прво, цциање на палче е најнормална појава кај бебиња, има бебиња дури и во мешето си цицаат палче. И моето си го цица, и ми е преслатко тоа. Одсекогаш ми биле мили бебиња што цицаат палец. Второ, од сега па натака биди спремна да добиваш коментари за се. Зошто цица палец, зошто не цица. Зошто го дохрануваш на 4 мес рано е, зашто чекаш да го раниш на 6 мес касно е. И тоа нема крај. Големиот ми е 7 год и тоа си трае, само се други правила како проаѓа времето. Сега се зашто го пушташ сам да игра надвор мал е, или зашто не го оставаш сам голем е. И така за се. Мораш да отрпнеш зашто ако се замараш за такви работи, да знаеш дека нема крај. Нек си цица бебе палче, и нека си ужива.
Абе јас не ги разбирам луѓево... како прво го кажуваш тоа, нели мислат малку? Јас пример, без разлика и пред детево 100 пати ќе се преслушам пред да кажам/ советувам нешто некоја мајка...
Тоа плус, друг муабет е што е кажано и како тоа би се рефлектирало врз мајката која во овој период е најкревка. А најлошо е ако муабетот доаѓа од друга мајка која што знае како е.
Лелее колку одвратен коментар, да земеш да ја затепаш. Мене една ми рече многу е буцко детево, не му давај да јаде толку. Па кога ќе почнат со коментарите дека не сум го облекувала доволно, па дека не му обрнувам внимание, па дека премногу внимание му обрнувам, па дека детето ме зафркава, затоа плачело. Ова последното посебно ми иде на нерви. Божем бебето сака да плаче, оно јадното мака си има, ако не го мачи нешто сигурно нема да плачи. И за крај, плачело оти не е носено на бајачка.
Цицање на палец значело недостаток на љубов леле што све ќе слушнеме значи моево не само палче него четири прста пика во уста што значи уште понесакано е . И мене пред некој ден ме извадија од кожа од еден коментар " да сум намалила со давањето млеко (ад) зошто бебево мое тежело на 3 месеца како нејзиното што тежело на 6 а тоа било просек , кје сме го направеле буцко ама сум и вратила па можно во близина време да не се видиме
Те прашувам, оти некогаш знаат да дадат докторите "превентивно" антибиотик. Сестра ми лани имаше Ковид 19, немаше никаков наод на бели дробови, а и препишаа две дози антибиотик. Мене во исто време и први симптоми на Ковид и ми касни циклус. Веднаш направив тест за бременост за да не се случи без причина да ми пишуваат антибиотик. Цигари пушиш?
Аа секаде има коментари, мене комшивкава кога и да ме види, со бебе сум во раце и насекое: лелеее зашто бе го учиш во раце, нон стоп го држиш, дај остави го малку да лежи… а мајка ми: лелее ич не ти е облечена, ќе настине. Некој кивнал во близина, маж, поголемо дете, комшија итн. јас на тел со мајка ми и таа: Кој кивна сега? А свеќи: ооо уба на баба, готово спремна е ќе прооди, ќе прозбори. И јас од таму: даа, за на училиште ја спремаме а бебе 5 мес. А сестра ми: лелее не ја учи на екрани, ко ќе ми се јавуваш многу нека не гледа. Лелее ја зрачиш. А јас: добро бе жено 1 мин да ја видиш, (во др град живее) инаку како, слика да ти пратам по пошта или?!
Мојот ортопед за дубак е строго против, од безбедносни причини пошо има ризик не дај боже да се преврти директ на глава. А дубак може, ем на дете интересно ем мајка ќе одмара раце. Секако не повеќе од 20 минути. За лазење, мојава на 5 ги праи веќе почетните стадиуми. Кога е на стомаче прета прета и се врти у круг. Некогаш и наназад се бутка. Сеа не е лазење лазење ама така почнуваат. Како бе им текнуваат вакви глупости на луѓево? Уште ваква глупост немам слушнато. Се пресмеав искрено. Батали мајка секој си има свои коментари, терај си како знаеш и сакаш и не си ставај на срце. Мене ми збореа на почеток, не го учи во раце не го учи во раце. Јас ко за инат уште толку. Ја откорнав од раце држење и еве ја сега на 5 месеци црвле невидено е, сака само на земја да прета да си игра.
@Lili90 да бидам искрена и мене би ме погодил таков коментар. Ама колку е само глуп, не е можно. Па, којзнае колку си ги мразиме децата. Речи и на другарка ти да прочита малку за орална фаза, да не ѝ се испушти таква глупост и на друго место. Многу се надевам дека не е мајка, оти вакви бесчувствителни коментари од мајка не очекувам. Како си земаат за право да коментираат не ми е јасно? Па за сѐ коментари. Во право е @Andrejaaaaaa. Оти го оставаш сам, мал е и оти не го оставаш, голем е. Ние сме криви шо сме многу фини. Отерај ги у триста лепе и чао журим. Аууу, се изнервирав.
Леле тие коментари никогаш нема да престанат. Кај мене има и од мажми коментари за држење во раце ама му одржав и на него една лекција. Коментарите од непознати ќе смрзне тоа бебе, ладно и е се секојдневие. А пред некој ден па бездомници не направија мене и бебка. И не знам како луѓево што не ме знаат очекуваат да ја дадам да ја држат?! Денес имаше случка една баба што не ме знае ни јас не ја знам а живееме во исто место се осмели да дојде до мене и пружа раце да ја земе беба за јас да сум пиела кафе на раат. Стварно немаат осет луѓево.
Toplo e da no nautro tt se spusta i do 0 pa ednas na kontrola probav da go nosam vo skafander i celo vreme kenkase