Тешка тешка е исто насабајле пошо ноќе не менувам ниеднаш. А преку ден некои се повеќе помочкани некои помалку.
А колку столици треба да имаат на 3+ одприлика? моето до скоро какаше по 4-5 пати дневно а се случувало и повеќе. Последните 2 недели почна да намалува и има 2 до 3 полни пелени, ама некогаш многу малку а и последниве 2-3 дена има зелена столица. Мене педијатарот ми кажа се освен бело и црно е нормална столица, ама некако не се чувствувам мирно, беба е расположена и нормална... ама сепак се преиспитувам по 1000 пати, има ли некои вакви искуства?
Какви се тие лепенки за уши? За што служат? @Andrejaaaaaa и јас сменувам пелена на 3-4ч, освен ако се појака и и кај нас не се полни и тешки пелените. Освен ноќната, ми се чини ќе експлодира дека не ја сменувам 12+ч. Мислам дека е нормално, поголеми се веќе, поголеми пелени користиме, не е можно да се наполнат во толку кратко време за да тежат убаво.
Za da ne gi previtkuvaat vo spienje. Navodno pomagale da ne se klempavi, ama neznam kolku se efikasni i bezbedni. Mozebi nekoja clenka gi koristela i dali pomognale?
поголема глупост немам видено. На кој му текнало ова да го измисли . Иначе клемпавост на уши е генетска работа, шо сакаш лепи праи ако има ген пак ке му се клемпави. А колку што видов овие се многу ситни, а бебиња многу сакаат за уши да се чепкаат и не дај боже да го докачи и лапне . Не ти треба вакво нешто. Ако стварно има клемпави уши коа ќе порасне, ќе му направиш корекција со оперативен зафат.
На моево после ротата скроз му се поремети, кака зелено цело време и има по 4-5 столици денот кои мн лошо мирисаат. Педијатарот вика нормално е . На страна тоа што до вчера и повраќаше желудочен сок. И то било нормално.
Страшна работа е. Кај нас подолго траеше. 2,3 недели. Ноќе на 2ч стануваше и цицаше, а денски дремки по 30мин и тоа само в раце Мислев крај ќе немаа.... Ама од пред 10тина дена се среди се. Повторно станува ноќе само по 2 пати, 3 некогаш,а денските дремки и се по 45мин, саат, една само има околу 2ч. Се препородив минатава недела А пелени на 3-4ч најчесто менувам. Само наутро е претешка, зашто ноќе не и менувам и се собираат секако 12ч. А во текот на денот тешки се, ама не премногу.
Другарки, мојата беба има 6м, неколку дена и приметувам на бодито мали точки крв од десното цице. И го разгледував не и е гребнато и нема никакви траги дека течело крв од него а веќе два дена има. Не е малце касно да се чисти од мене? И се има случено на некоја вака? Секако се јавив на педијатарот, ќе идеме после на преглед ама да си прашам и тука јас.
Мајка јас сакав да земам за моето бебе, на нејзе и се генетски клемпави. Читав за нив дека требаат неколку месеци за да има некоја видлива промена. А за скроз да се оправат ушите треба година-две да ставаш на беба.
Каква промена видовте од 4ти скок? 3+ Сме .. Моето е кенкаво од вчера, ги прета нозете а немаме грчеви веќе Вчера цел ден не можеше да заспие а му се спиеше и еве денес исто... Роден на 06.08 , термин 19.08 Да не сме во скок ??
Аууу ме утеши сега 2,3 недели Ајде ќе се издржи мора Иначе да ти кажам за повраќањето, почнавме ние со кашички и да ти кажам има подобрување, пак знае да поврати ама далеку поретко. Дури мислам дека сега и го орецицувам дека го ставам често на цицка да спие оти неќе никако, па и многу му доаѓа од тоа плус.
Па зависи. Немора да значи. Ете кај Ивана 1 недела траело. Секаде различно е, мене регресијата досега ми беше најтешка, скоковите и не баш. Ооо утеха јас по 2 недели сакам да почнам па ќе видиме како ќе биди кај нас. А не повраќа сега зелено, портокалево, зависи каква каша јадело? Да не ја направиме после цела куќа лом Некогаш и јас мислам дека ја прецицувам, ама ако неможам да ја заспијам никако мора така
Повраќа во боја да, и тоа перење алиштата тешко, мора прво да ги третираш со нешто. Ајде се надевам ќе престане скроз за брзо