Последниве два дена бебе кога цица (не на секој подој) тегне чудно како да се изразам, како кученце кога раскинува месо. Може глупо објаснување ама така изгледа, врти лево десно со главчето и тегне. Од што може да биде тоа? Се случило на некоја од вас? Нормално е?
И мојата така се лигави,учи нови работи,ќе ја грабне па ќе пушти,почне да тегле и да гриза па пак се тргне,се плашам кога ќе има заби како ќе ме гриза. И мојата е 3++ па почнаа да ја мачат забите,рацете и се се во уста,а и гелче почнав да ја мачкам и помага.
Мамички бебе 2++ веќе недела дена има зелена кака, матичната вика не било проблем бидејќи нередовно какаше и сме на ад. Вчера и денес еве се кака пак е зелено, дури денес темно зелено беше се исплашив, а слушам понекогаш и кркорат цревцата.. и многу прди како голем човек дали е настината или не незнам, што мислите?
Какви солени капки смеам да дадам на бебе 6+? Поткшлува му крчи во грло а само инхалации со физиолошки ни препишаа Вадам секрет многу малку а пак ми крчи И дали смер спреј од диво оригано дали сте давале?
Јас му прскав од овој спреј и му помогна. Кога ја прашав аптекарката дали смеам да давам спреј од диво оригано оти тогаш 5++ беше син ми, ми рече јас ни на 12м не би давала на мое дете оти лути и ја оштетува слузницата. После тоа @kostovaivana зеде за малата, рече дека пробала и не биле лути.
Дали имате користено флогоцид маст? Бебе е полничок и поради тоа се потсечува на вратчето и на бутчињата, а од вчера и ми се исфрли на вратот. Една блиска ми спомна да го намачкам со оваа маст. Му ставам бебешка пудра ама нема ништо ефект.
Моето на секое слекување беше какано додека почнав со дохрана на 4++. Во ред е. Има грчеви, се чисти. Исто и моето така какаше додека почнав со дохрана. Некогаш зелено некогаш жолто но секогаш меко. Прашај подобро педијатар. Јас само аква бејби давав и може сономарин