Имаме ние. Баш прашував и тука за искуство. Ни препорачаа појас да земеме, и дека освен естетски што нас ни сметало на бебето не му правело штета. Како ќе растело така ќе се повлечело. И реално сега е поднамалено, не е како што беше. Не земав појас го масирам со кружни движења при менување пелена. Ако не се повлече само може хируршки да се среди.
Колкави сте на возраст? Ние сме 2ипол месеци, матичната ми рече да и го вовлекувам и да и го стегам со ханзаплас или нешто слично да и стои вовлечено, а истп денес бевме на вакцина таму ми рекоја имало некое што викаш ти како помагало како појас да земиме и да и ставаме и масажи исто.Па сега и го залепив ама шубе ми е така да и го држам незнам што да правам..
Имаше и мојот бебуш, од многу плачење поради интензивни грчеви. Мене ми рече педијатар прво да пробаме со масажа и се нормализираше пупачето. Стевете рака врз папокот и движете ја десно, во насока на стрелките на часовникот, така по 2-3 пати на секое менување пелена.
На 2 месеци го дијагностицираа сега за недела ќе правиме 4. Мене матичната ми рече дека можам и сама да сошијам појас. Ама искрено решив да пробам само со масажи исто како што ти посочиле и ако ептен не бива тогаш да барам појас. Па сега е ок малку како кожичка испакнато е и ако се расплаче малку се дуе ама ептен малку. А претходно беше многу и дури како модро кога плачеше.
Не е плачливо бебе некое, плачи лога и се јаде и сака да цуца цуцла, обично си е мирна незнам како да кажам. Можно е да е од грчеви кај нас има многу последнава 1-2 недели и лркорат и цревцата дури.. ќе пробам и така со масажи. Фала ти Епа значи тука негде на тој месец исто и вие. Ништо тогаш да пробам некое време со масажи па ќр видиме што како. Не е модро лај нас, како бабуле е како топче големко.
Мајки со што ги вадите сувите мрсулчиња? Пробав со чепкалка не можам да го фатам на крај е. Имам такво за влечење со уста
Најслаткото бебе на цел свет! ❤️ Од кај ви е количето со топче мама? Исто во друга боја имавме добиено на поклон и мајка му му го изгуби. А си го сакаше многу.
Количето го земав од Џамбо, околу 300ден беше мислам. Го купив денот кога дознав дека сум бремена, па му правев изненадување на мм
Од каде ви е вовчето? Неможам да најдам воз со поголема стаза, се се мали :/ Вашата како поголемка личи на сликава од тие што сум ги гледала
Да поголем е од стандардните. Го планирав за околу елка па затоа барав поголемо Од продавница за играчки во Битола. Еве слика што има внатре, колку такви пластичиња за шини, ако бараш да купиш.
Аи што е златен, медењак . Што ми е мерак вака ко ќе видам дете си се радува на играчки, а не ко ова моево само во раце и ништо не го интересира, додуше све го интересира освен играчките за него што се . Туку кажи ми оваа месечинава на претпоследната слика ја имаш перено? Не знам како да ја исчистам ради тој механизмот внатре да не прекини да музицира .
Со се игра и затоа ми е кејф да му купувам. Се радува многу на секоја нова играчка Месечината не ми е перена од истите причини. Не му ја давам во раце, само вака ја врзувам да виси. Ако ја има во раце се знае во уста ќе заврши
Хахахаха.. Има уште играчки интересни што му држат внимание ама многу долг ќе беше коментарот. Кравата е од Џамбо. Ама ја има секаде во продавници за играчки а и во поголеми маркети ја има. Многу е интересна и има звук, мууу прави
Мајки од каде купувате пијано подлога? Ние имаме од Просветно , ама не ја сака некако незнам Не сака да ги мрда нозете