Лелеее златно бебее Е и ние со такви музички најмногу се заигруваме. Некои рипки, кучиња има и ги пуштам и тие свират и вртат круг низ соба и таа му се смее Макар што и со вистинското куче играме само му се смее и него кога ќе го здогледа Аааа возот. И јас имав како малечка. Супер идеја ми даде. Ќе и купам и јас нека и врти
Ја комплет идам бебе у количка, буткам количка со една рака со другата кучето . Среќа беба седи у количка и кучево колку толку ме слуша
Искуства со витамините babytol. До сега давав посебно D3 и Omega. А гледам и дека заедно одат и се значително поефтини, прашав бо аптека за мг да не содржат помалце, ми рече не исто е. Да ги земам 2во1 или да терам оддвоено?
А дали некоја освен д3+омега дава и само д3? Знам пред некое време пишувавте за тоа дека сите ја зголемувате дозата ладниве месеци. Ако од babytol и давам д3+омега, може да давам + пливит д3? И ако може по колку капки?
Најдобро да прашаш педијатар дали има потреба,и јас давам д3+омега баш денес го прашав педијатарот дане треба да давам плус д3 ми рече не треба ништо плус, фонтанелата си била затворена таман за возраста и се друго е во ред ,скоро 7 месеци сме.
Ако треба да зголемиш витамин Д, можиш и пливит д да додаваш. Една капка има 200ие. Во капсулата на бебитол има 400ие. Воглавно препорачуваат од 800-1200ие, па во зависност од тоа, ќе броиш дали плус 2, 3 или 4 капки. Витамин Д не е само за фонтанелата. Се дава и за превенција на рахитис и за цврсти и здрави коски.
Пред 1 недела пишував за ова кога бевме на ортопед кај Иванка. Давам д3 и д3 со омега јас, ми рече да продолжам до јули месец вака, па после тоа само д3+омега да давам дека лето и нема потреба од толку д3.
Јас давам дополнително д3, по препорака на ортопед пошто е крупно бебе. Консултирај се со педијатарот да не ти е во мисла