Јас давав д3+омега и една Д3 чиста, а вчера заради побрз раст и лесен краниотабес ни зголемија уште една така да сега давам плус две Д3 или вкупно 1200IE. Види најубаво со педијатар, најчесто според потреба се дозира, ама во зимски месеци обично сите зголемуваат.
Фала мајки на сите, да не враќам поединечно Мене ортопед ми рече нема потреба супер било бебето со се, ама следно ќе прашам педијатар. За 10тина дена сме на контрола па ќе видиме. Прашував бидејќи гледамдека зимскиве месеци на сите им зголемуваат.
Здраво мајки. Моето бебче е 8 дена, последниве два дена мислам дека имаме грчеви. Прета, кинка, го фаќа нервоза па го тегне цоцето исто како што една мајка имаше пишано како куче кога цепи месо. Го плука, па го бара и целиот е вознемирен. Денес бевме на педијатар и рече можно е да се грчеви ни препиша ColiPrev капки, иако претходно примаме и БиоГаја. Јас ја сватив докторката 5 капки во шише млеко, сега гледам пишува пред секој оброк. Некој да ги има користено да ми каже ? Пишав на Докторката, ама уште ја нема да врати.
Нас ни зголеми на последната контрола чист д3 да давам 2 капки. Па зедов на Пливит и ги давам во комбинација со Babytol
Јас давав Колиеф, мислам дека се слични со Колипреф... 4 капки пред секој оброк, со тоа што максимум капки се 28 дневно. Ги давав во лажиче и многу му помагаа
Што да земам за мали ситни брунчиња за бебе под устата? Се нафрли од цуцлата, ја користевме зелената на авент кога беше помал, ама не ми е практична зошто неможе да се стави на држач за цуцла, па земав на авент ултра софт, ама има и пластика на неа и се нафрла малце? Сега му ставам само мустела хидра facial cream, ама со што да го намачкам за брунченцава? Друго кога го држам бебе и кога прета со ножињата му пукаат незнам од кој дел на ножето е, не секогаш ама ако се распрета повеќе да.. сега е 5месеци на 6 ни рекоа на контрола на ортопед. И уште едно прашање последнава недела дена, многу се напиња значи не е за какање, туку онака како да се кара да се лути, незнам што му е... најаден, пресоблечен, во раце...он како да ржи буквално....
Јас по препорака и на педијатар и на ортопед давам 800 единици Д3. Една капсула Д3 и една Д3+омега. Сега ќе ми донесат вигантол па ќе давам тоа. За последново можам да ти кажам само дека и мојата така прави. Ќе се стегне цел, поцрвенува и ржи, ко да се нервира. Мислам дека им е од карактерот тоа. Ја и викам ајде пак те фатија будалите
Лелеее за сите три работк како за моево дете да пишуваш - јас место обична мустела му мачкам стелатопија и му ги чисти ептен (препорака од педијатар) -му пукаат не само нозете и рачињата, баш сакав да прашам на следен преглед - и моето ржи и те како... поготово навечер кога ќе стане за цицање, а не е гладен знам (иначе станува на секој саат) ржи како волк... ваљда им е фаза, ние за една недела 5 правиме
Види на упатството стои како се дозираат, различно е за различна возраст. Инаку се даваат пред секој оброк (иако и на сред на подој имам давано ко ќе почнеше бебе многу да плаче вадев цицка, па после капки), јас почнав да ги давам негде од месец ипол па не знам колку се даваат првите недели. На мое бебе многу му помогнаа, претходно давав Колиеф и врска немаше.
За брунчињата пробај Мустела стелатопиа. Кога и да има некоја точка мачкам навечер и до сабајле нема ништо. За 'ржење исто прави. Јас еднаш исто мислев дека му се кака, ама подоцна забележав дека збеснува нешто, се буни
Значи рже не се држе ке биде работава Ај белким за брзо ке помине, пошто мислам грлово ке си го надразни
Докторката од Ремедика ми ги препиша и тие капки, па сигурно може да се даваат. Туку бебе последно се има искакано вчера ноќот околу 3-4часот убаво наполнет беше памперсот, а и претходно исто. И толку вчера преку ден и ноќеска нема воопшто какано до сега. Се мачи, гледам лошо му е. Неможе да заспие и само кенкаме. Можно е запек да има ? Што да превземам ?
Majka ako mislis deka e do toa sto ne e pokakano kemkavo Nas ni pomagase edno do dve lazicki topla voda, probaj prvo na rakata da ne e mnogu zeska.
Ви се случило бебе да се исплаши од вас? Мојата вчера додека цицаше беше тишина, јас нешто задлабочена исто и таа, И прозборев а таа се штрекна ме погледна и почна да плаче... Прв пат вакво нешто и се случува а и зборувам постојано.
Не е запек мама, не давај ништо. Може од грчевите да е, може гасови има. Масирај меше, Ставај му топли облоги, давај пробиотик (прочитав биогаја даваш, од него се имаат жалено мајки на запек, ама тоа е индивидуално може баш вас ќе ви е од помош), давај колипрев предобри се, ако уште има грчеви земи и харви нурс сирупче. Тоа е мама, период на грчеви, ќе помине и тој, ќе дојде друг и така.. Гушки до баткото мал. ❤️