Ми се има и мене случено, не се секирај, момент е. Зарем нас како возрасни не ни се случило да се исплашиме така? Смири се мама и гушкај ја убавицата.
[/QUOTE] Измасирај го бебчо по стомачето. Нас секогаш ни помага масажа. Со движења од едната страна кон другата на стомачето, намачкај малку крема. По масажата одма се искакува моето и вежбај му ги ноџињата, може има и гасови кои се мачи да ги испушти. Има доста видеа на youtube, погледни од помош ќе ти е.
Како ги чистите подлогите за играње на под пред првата употреба со оглед на тоа дека не се перат во машина? Доволно ли ќе биде да ја пребришам со Фрош бејби хигиенското средство за чистење на бебешка опрема и играчки?
Имаш право,чудно ми стана бидејќи секогаш кога ќе се исплаши мене ме бара. Ама се се средува со малку гушкање Поздрави, бакнежи и гушки до баткото убав
Не сум ни прочитала дали се пере во машина ичи не, јас ја пуштив на 30 степени. Ете, среќа не се оштетило
Мајки помагајте не знам веќе што да правам. Бебка има сува кожа и атопичен дерматит, највлошено е на образите, грбот и на рачињата. Вратот и е црвен и на ноџињата има малку. Ја бањам со Мустела, и перам алишта со Фрош течниот детергент. Нејзината матична ми ја дава секогаш истата крема за да ја мачкам ама нема никаков ефект. Што да земам да ја мачкам/бањам за да и помине? И бидејќи ова веќе не е за на педијатар каде би можела да ја однесам? Имам пишано и во темата Атопичен дерматит ама никој ми нема вратено. Еве слика од образот а иначе додека ја мачкам по грбот плаче, излеа ја боли.
Немам искуство ама ова ти е прекрасно за бањање. 1240 ден 1л. А во некои аптеки а може и на самата страна на Bioderma има сет и со крема интензив балм подарок од 75мл. И е баш за таа намена. Соодветно и за бебе. Братучетка моја за малата го користи. А јас лично за мене користам . Да дотрошам за бебе што имам и планирам и него да го бањам со истото .
Душичка да пробаш со биодерма? моментално го мачкам со биодерма интензив балм ама разлика не гледам, а гледам задоволни мамички...почнати сте со дохрана? да не е алергија на храна? нас ни се јавува само на образи и кај вратот ама пример со кремата од скендер некогаш го мачкам ако му се вцрвени позади коленото, а ако го намачкам со истата крема на лице уште повеќе се вцрвенува и никако да проценам дали тоа на лицето ни е реакција од храна или дерматит
Мм ќе ја земе денес Биодерма интензив па ќе видиме. Не сме почнале уште со дохрана, само на АД е од раѓање.
Ако можеш да ја најдеш кремава. Сопствениците имале детенце со дерматит и така ја создале кремата. Ја користев за малата многу кратко затоа што и помогна (една недела можеби). Доколку не можеш да ја најдеш контактирај ме, би ти ја донела но следен месец доаѓам за Македонија.
Подлогата за играње се пери на 30 степени, така пишува на декларацијата. А теписончето не ми е перено до сега. Го бришам само со влажна крпа.
Е тешко дека би ја имала кремава таму кај што живеам. Ако нема ефект со Биодермата обавезно ќе ти пишам. Иначе каде живееш, каде ја има кремава?
На теписончето мислев како се одржува, грешка се изразив можеби. Зашто кога ќе го ставам бебето на меше на теписончето, знам дека ќе сака да го лиже и затоа сакам да сум сигурна дека е чисто. Инаку, да, подлогатата за играње со играчки кои висат над неа и јас ја перам во машина.
Јас ја користам Биодерма таа што е за егзема, 75мл, после две мачкања и пројде. Сега гледам и на бутчињата и се појавила, ја намачкав, исто одма пројде. Мустелата е за нигде, 100 пати се покајав што ја купив и гекот за бањање и млекото.
Jas na pocetokot koa bese 2mes i neso prskav alkohol i brisev. Koa prkna da recam odkaj 4-5mes negde samo so froschot
Ќе и сменам и јас. Ако не па само со вода телото ќе и го мијам а имам млеко на бејби лав за сува кожа.
Мамички здраво и јас како една мајка сум загрижена незнам дали е моево прашање за овде и колку ќе ми се помогне моево синче е уште неродено но има деформитет на десно стапало дали некој се соочил со вакво нешто секој совет и мислење ќе ми биде добредојден...