Мајки после секое доење ја држам да иждрига до сега не се случило да ждригне да ми бјуцне да. А ја легнам почнува да ика (не секогаш) што да правам?
Nisto ke cekas da zavrsi ikanjeto.i moeto a zdrignese pocinjase da ika...bez razlika dali zdrigot bil so bljuckanje ili bez
И моето така правеше, а и сега ика, но не толку често. Ќе се намали со тек на време. Не можеш ништо да направиш, ќе почекаш да помине.
Пробав со масажа мила, подоцна пак ќе го масирам. Уште се нема искакано. Инаку да така ми рекоа биогаја да давам и од вчера колипрев. И после трета недела исто имам некои капки на бекутан. Ама некако не ми е јасно, читам ако се грчеви, гасови се појавувале во ист временски период од неколку саати. Моево еве скоро 3 дена нонстоп си е вака, кенкав, се стега, неможе да заспие се мачи прета и дали 15минути ќе дремне. Да не го мачи нешто друго? Вака баш ми е жал, што неможам да му помогнам никако. Ве гушкаме и ние вас.
Кога јаде го ставам колку можам исправено на рамо кај мене или го фаќам и го кревам накај мене. Некогаш ми успева ждригнува, ама некогаш не и знам дека и тоа предизвикува грчеви кога не ждригнува. А, за икањето обавезно неколку пати во текот на денот, исто како во меше. Кога почнува и испушта звуци како да се плаши, а и мене ме многу нервира тоа икање хаха.
Не мора да значи дека во исто време се јавуваат. Кај некои бебиња да, ама кај повеќето без редослед се јавуваат. За шо се тие бекутанот, и тие да не се пробиотик? На Јован му се смируваше мешето од колипревот и перниче со коски од цреши (за замена можеш затоплена тетра или со трици да си направиш, тоа уште повеќе би држело топлина). Гушкате се, контакт кожа на кожа и тоа ги смирува и цице. Ќе помине мама, сите бебиња така растат.
Еве на страната нивна има сет Еве на страната нивна можеш да си нарачаш. Праќаат до адреса на живеење.И за бањање и за мачкање. Се исплати многу
Баш читав дека икањето за нив не е така стресно како кај нас возрасните. Ако долго ика и не поминува, патронажна сестра ми даде совет една капка лимон со лажичка да дадам. Успева
Ме пукна детево денес. Не можам ништо да завршам, штом се одвојам вришти. Иако сум во иста соба, м о р а да сум ДО него. Ме држи за раце, ме грицка, лиже...абе...
Здраво мами, Синчето мое е 6 дена, и вчера 3 пати обилно поврати, не беше бијуцкање, туку повраќање. Додека спиеше од првото повраќање го пресоблекувавме, и после уште 3 пати го пресоблекувавме лом се направи буквално како водопад За јадење моментално сме комбинирано, Ад со мајчино. Искуства и идеи како да превенирам следен пат толку да повраќа? Ептен ме исплаши вчера и уште едно прашање, како му го вртите главчето додека спие? Јас а го фатам се подразбудува, или ако успеам да ја свртам се враќа на другата страна
Здраво девојки, ми треба совет. На бебево мое забележав денес дека ноктето му е враснато во кожата и му е црвено, почнува да собира гној. Пробав да му го пресечам но одма плачи се стега. Совет што можам да ставам за да се намали црвенилото и некако да му го средам или пак да го носам на доктор да му го средат ..? Поздрав
Здраво Прво направете дезинфекција со Бетадин, па со памукче исушете. Потоа на самото место ставете Флогомаст 2-3 пати на ден. Потребно е биде чисто и суво местото и да не го врзувате со фластер, ханзапласт или слично. Добро би било да се исече ноктето од крајот каде што не е воспалено, па полека да одите кон тој дел каде што има гној. Кога ќе излезе гнојот моментално ќе ја снема болката. Доколку не дозволува да се исече, пробувајте со дезинфекција и Флогомаст, па по некој ден исечето го и повторете ја постапката уште некој ден додека скроз не се смири воспалението
Знам тежок период уффф само на плачење и јас ја терам. Грчевите ајде во ред знам мора да ги поминеме, ама ме загрижува што ќе се направат 48 часа како се нема искакано. Што мислите за давање водичка топла 2 лажички ? Околу мене ме тоа советуваат, незнам што е исправно?
Мила бидејќи моето глувче се роди помало и кога не испишаа ми рекоа на 3часа да давам Аптамил млеко 35ml и плус меѓу да нудам од мајчиното дека уште незнаеше да убаво влече и немав многу млеко. На контролата за 2 дена беше 30 грама ставил и рекоа требало барем 50. Од тука ми рекоа да давам 50ml на 3 часа и исто да нудам цице. Контрола за 2 дена и качени 120грама, сега па било многу. И ми рекоа сега на 6h да давам од Аптамил, ама ако има потреба и почесто. Јас го ставам на цице, цоца по малку ама и тоа што ќе измолзам му го давам наместо да правам од Аптамилот. Инаку да си мочка, на секое менување пелена мочана е и секако плус ме мочка насекаде обавезно, само чека памперс да му се тргне. За водата што мислење имаш ?
Нас ни беше исто, тогаш од педијатар совет беше хлоранфеникол маст да се мачка и обавезно ракавичка на раката. За 2-3дена помина. Мене ми рече ако успеам со мојот нокт одоздола на неговиот да поминам за да го подизвадам. Па потоа да се исече.
Ви благодарам. Заспа и пробав повторно да го пресечам, мислам дека успеав. Ќе видам утре дали ќе има подобрување, ако не ќе земам маст. Пријатна вечер