Мојата на почеток не сакаше вода, дури кај 8ми месец се навикна да пие (шише од почеток не прифати, сега пие од чаша со клунче) . Твое е да нудиш ќе се навикне, сигурно си пие и млекце нема да дехидрира не се секирај.
Денеска бев прашана дали на бебето (5м), му давам да лижне торти, колачи, солени јадења и сл. Кога реков не, се зачудија. Не ми ни текнало до сега било што да пробува, мислев ќе си пробува вкусови јаболка, банана кога ќе е ред за тоа. Вие им давате на вашите?
Мајки од која крема за пеленска регија сте најзадоволни? Како да ни се лупи танко кожичка на препони мислам дека е од многу павликева што ставам
Секој си има право како мисли да прави со своето дете,ама на 5месеци повејкето не се почнати со вкусови не па со сложени шеќери. Јас немам искуство ама тоа мислам на сите ни е познато. Требало да и речеш да, му давам па после малце кока кола да се иждрига
Имам добиено коментари од типот " Дај му да лижне (од некое јадење), греота е гледа". Па што да прави бебето да ги затвори очите?!! Тоа мало 2-3 месеци, гледало дека му се јадело баш од тоа јадење на масата Никогаш не сум дала да лижни од ништо, ама баш од ништо. Вода не давав до скоро не па шеќери. Има време ќе јади се.
Да. Често му давам да лижне ако нешто јадам али под услов да не е алергено. И чоколада му давам да лижне понекогаш али животинско царство. Пресреќно е кога ќе успее да ги отвори зашто знае дека ќе му дадам да лижне За јадење ќе си почека после година, две
Судокрем. Според мене најдобра. До скоро користев оргинална павловичева но се вцрвени и не му поминуваше. Од судокрем за еден ден се реши