Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    На братучетка ми малата имаше вакво папче и и кажаа дека е кила. Докторката кажа дека би требало да се повлече со тек на време. Еве сега е 4 години и многу и е повлечено, ама уште и се познава малку ко испапчено. Меѓутоа не и претставува никаков проблем па си чекаат скроз да си се повлче со тек на време само од себе.
     
    На veleska. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Мајки, ос наредна недела почнуваме со вкусови... 5 месеци ќе бидеме. Може ли некоја поискусна мајка да ми каже како ги даваше овошјата,зеленчукот?
    Педијатарот ми даде листа на воведување, ама не ми е јасно ако пример после третото пробување сака да јаде цела каша, да не му ја давам???
    После пробување вкус да му дадам да цица?
    Исто така воведување на втор, трет, оброк кога се? Ужинки? :)
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира, за некое време и јас ќе почнам да му давам, само јас планирам на 5 ипол, 6.
    Би додала, во кое време од денот им се дава?
     
  4. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Прво давав јаболче три дена, првиот ден 5 лажички, вториот ден 10 лажички, третиот ден петнаесет лажички. Истата постапка со крушка, праска, тиква. Понатаму од состојките кои го имате воведено му мешаш и му даваш од 50-100гр. Зависи колку ќе сака. Зеленчукот почнав со морковче, зелена тиквичка, благ компир. Овошјето го давав одсабајле а зеленчукот попладне. Но не ги мешав, кога давав овошја не давав зеленчук во исти ден. Ова кога имаше 5м. Сега е 6м и му воведов и доручек и ручек и се на се до сега јаде вкупно 100-120гр. Пред, измеѓу и по оброците си цица
     
    На Lili90 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    А само ги блендаш? Мислам на јаболка, круша, банана?
    Зеленчукот како го спремаш?
     
  6. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Бананата е по тешка и уште не сум ја вовела. А јаболчињата, крушките, морковите и тиквичките ги варам од 15-30мин во флаширана вода, и ги ставам во нутрибулет. Праската и тиквата му ги давав готови на хипп но планирам да ја печам тиквата, а бананата понатаму ќе му ја воведам пасирана со мајчино млекце
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Не сум многу искусна, пред една недела почнав да давам на бебе дохрана.
    Јас јаболкото го сварив малце, го смачкав малце со виљушка. Круша планирав да ја варам ама беше домашна и многу зрела па му ја дадов така. Морков варев.
    Давам и парчиња ама со нив повеќе си игра и ги фрла. Давам варено и малце омекнато за да сум сигурна дека пробал.
    Количински нема изедено појче од 5-6 лајчиња. Јаде толку и не отвара уста повеќе.
    Цица колку сака и кога сака. Кога ќе воведам оброк тогаш ќе внимавам да не цица пред јадење.
     
    На Lili90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.159
    Пол:
    Женски
    Мајки вие што користите подметачи кога ги пресоблекувате бебињата директно на нив ги легнувате или како? Јас до сега ја пресоблекував на тетра
     
  9. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    И ние почнавме од точно 5 месеци.Еве веќе две недели како пробува и супер ни оди за сега.Јас цело време и давам од кашичките на хип.Прво почнавме со јаболко и тоа првиот ден 5 лажички, вториот 10, третиот 15.После почнавме со круша три дена исто.Седмиот ден ги помешав, односно 20 лажички јаболко и 20 лажички круша.Следниот ден продолживме со слива три дена, а следните три дена со морковче.Од утре планирам да продолжам со банана, брокула, кајсија.Се ова вака додека да наполни 6 месеци.Од тогаш планирам да воведам доручек како оброк.Оброкот треба да биде околу 125 гр најмалку, односно колку една мала тегличка.Ова ми беше наложеноод педијатар.Инаку најдобро е да се почне со пробување на вкусови пред пладне.Мојата спие до покасно, па кога ќе стане и давам околу 10:30, 11:00.После 1 час продолжуваме со млеко.Се надевам дека помогнав:)
    Едит: за тоа што праша доколку сака повеќе, можеш слобдно да му дадеш, но нека биде на третото пробување за да си сигурна дека нема да пројави алергија.Јас кога и давав слива, видов дека и се допаѓа, па на третиот пат и дадов колку што сакаше, сигурно беше повеќе од 15 лажички.Млекото и го давам после 1 час, зашто мислам дека нема да сака веднаш, но ако мислиш дека сака да цица одма, можеш одма да му дадеш.
     
    Последна измена: 28 ноември 2021
    На IRBBB, Lili90 и mace89 им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Да, директно.
    Едит. Од каде им зимате овошје и зеленчук?
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Мила а има ли чиста кашичка од слива? Јас купив на хипп ама пишува дека има ориз внатре :?: Иначе според пишаново ми делува слично на советите кои ми ги даде Живковиќ од ремедика, и вие да не идете таму? :hug:
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Да мила, и ние сме кај Живковиќ:)Да не ми спомнеше за сливата, немаше да знам, сега ја проверив тегличката и гледам дека има оризов гриз, но неа највеќе ми ја сакаше:)Значи добро сме помнале.Инаку тераш баш како што ти кажа Живковиќ? Зашто мене ми рече посе две недели од пробување на вкусови само овошје, да воедеме доручек и паралелно со тоа да пробува вкусови од зеленчук за ручек.Но некако ми е многу рано за воведување на доручек со оглед дека за овие две недели имаме пробано многу малку вкусови и ќе биде тешко за комбинирање со тие вкусови што ги има пробано.
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Пробав како што кажа она и доручек и ручек после две недели но имаше проблем со мешето и плачеше па си реков дека му е многу па продолжив да му давам еден оброк на ден се додека не наполни 6м. Од завчера почнав со доручек и ручек ама најмногу до 120гр вкупно за да не му го оптеретувам стомачето. За некој ден сме на преглед и ќе видиме што ќе каже за житни кашички. Иначе штом ја прифатило кашичката со ориз супер, ако не најдам сливи свежи и јас ќе му ја дадам таа
     
    На Lili90 и Маја Т им се допаѓа ова.
  14. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Колку гр ти е одприлика оброкот и што му даваш како оброк замена за млеко?
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.159
    Пол:
    Женски
    Фала, ние сме тек 12дена,ке почекаме уште малце :)
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    5.242
    Пол:
    Женски
    Експулмо е мелем павле?
    На колкаво бебе може и како се користи, каде се мачка?
     
  17. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Ептен ми помогна си направив и screenshot :) а добро според апликацијава бебе готвач има прв оброк пример авокадо рецепт, и пишува авокадо со мајчино млеко или адаптирано... треба да се измолзувам на секој оброк? Може глупо прашање, ама не знам :(
     
  18. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Доручекот е од прилика 60-70гр и му го давам околу 09-10 часот. Ручекот исто 60-70гр околу 15-16 часот. Сеуште не сум му заменила подој со оброк туку ова му е плус. Така ми кажа педијатарот. А и не сака ни вода ни сок така да само преку цицање добива течности. Оваа недела сме на месечна контрола и ќе видиме што ќе каже. Мислам дека треба оброкот на 6м да биде околу 120гр за да замени оброк, така имам некаде прочитано но ако не е така нека ме поправи некоја поупатена мамичка
     
  19. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    А му даваш непосредно пред или после каша да цица?
     
  20. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Сат до два пред кашата не му давам да цица. За да ја сака треба да биде гладно а после оброкот му давам да цица, ем да внесе течности и во случај ако му е малце кашата да си го надополни оброкот. Кога ќе му ја зголемам количината на кашата тогаш ќе му го исклучам овој подој