И моето спиесе до пред 5 дена скоро по цела нок,исто како да немаме бебе. Сега со 4 тиот скок почна по цела нок да не држи.Уживај дури спие и не го буди се дури добро напредува
После скокот моето почна да се врти во сон на стомак и не знаеше да се врати. Пробав да го местам на стомак ама не сакаше да спие така. Откако почна ова 2-3 недели спиев со едно око
Ќе го ставам линков тука,ако ја следи некој фамилијава на инста ќе знае дека бебево им спие по 10 саати,имаат одлична рутина. Мене ме интересира дали вие што имате строги рутини ви се реметат бебињата во скок,приметив дека и почесто е кај бебињата што цицаат или не? Ајде ве молам споделете,баш ме интересира,ние ниту ред сме имале ниту ништо,можеби затоа сега сме во хаос со скокови,заби... А можда мислењево е и за во темата "Спиењето на вашето бебе"...
Од прв ден дома имаме иста рутина секој ден. Како новороденче имаше промени секако ама гледав да ја задржиме. Само кога зголемуваме прозор на будност се сменува времето на дневните дремки ама пак сме тука некаде. Навечер го бањам во 19:30часот, во 20-20:30часот најкасно е цицан и заспан. Сабајле станува во 06часот. Легнувањето навечер и будењето сабајле е во исто време од раѓање. Ми се има случено во скок да неспие убаво дење и после цела ноќ спиеше немирно и се будеше.
Јас неможам да си поверувам. Ај со син ми ич не спиев ни првите месеци. А сега со малава првите 4 месеци спиеше по цели ноќи си реков ооо убавини ми се насмеа среќата... сега на 5 и пол месеци се буди на секој сат да цица... и прета цело време
И така правев и така не одеше пак плачеше. Тоа и остана навика изгледа. Не знам што не пробав, што и да пробав функционираше кратко и потоа пак по стсро пак со плачки.
Значи сепак рутината е многу битна.. ах Стреси,Стреси,какви грешки имам направено,ама претх немавме проблем со спиење и не се замарав,а сега глава чади... а кажи ми заспива на града па го спушташ или нацицан па го спушташ да си заспие?
Можи сте во скок, можи е само период. Пробувај заспано, полузаспано, од стоење, од лежење, со играчки, со музика...
Не се стресирај , јас сум човек од рутина и така функционирам и со бебе, дури и пред дневни дремки имам рутина, не само ноќна. Претходно не, ама во 3 и сега во 4 скок и те како све ни се изреметува. Протестира со неспиење, продолжува периоди на будност (и до 4 саати знае да е буден, а уште нема 4 месеци), крати дремки, се заспиваме од ко е родено легнати на спална - сега почна да бара да го нишкам за заспивање, нејќе да лежи никако. Порано можев да станам од ко ќе го заспијам, сега шанса нема или во раце или до него. Дремките ни се стандард кратки по 45 мин. макс, сега во скоков почна по 25-30 мин. да дреме и тоа најчесто на цице. Така да мислам дека многу рутинава не може да направи чудо ако детето е живец . Ама не ти е касно, воведи си, брзо ќе научи у глобала по 3-4 дена им треба да се навикнат.
Е ми олесна да ти кажам хахаха,таа заспива без проблем,дење почна да спие и по повеќе сега,со будењето е маката.
Кај нас рутината функционира. Заспива на града, легнати се доиме. Штом заврши пушта града, јас за кратко станувам тој си спие. Се случува во спиење на побара града, ама многу ретко. Да напоменам имам многу мирно бебе и спанко е од раѓање. Ако треба да го разбудам,само за на доктор се случува тоа, многу е тешко. Се успива цврсто и не реагира на галама. Со татко му заспива со нишкање во раце. Тој легнува со него заедно, како што го држи така. После ја трга раката од под него и го остава да спие.
Да ми предложите некој педијатар на приватно што навистина е добар и што би можеле и денес да не примаат во Ск? Бебчето некако се потешко ми дише и ептен хрчи, го осеќам дека се мачи како да неможе убаво да дише. Во Ремедика вчера се јавивме,ми кажуваат јавете се после 15 Декември за да видиме за Јануари термин. Во Систина закажавме, ама за вторник. Ама бебе некако се полошо му е. Ај мислев се чисти, ама ептен тешко доше.
Да го однесеш Систина на ургентен? Или прашај ги за денес докторот што е у амбуланта ако се има некој термин ослободено да ве примат.
Nie imavme super rutina i spienje i se ko svajcarec bese ama sea spie so mene a jas so cicka na megdan