Фала ти,мислам не се грчеви оти не ми плаче, не се грчи во стомачето ама обесени сме цел ден на цице, нема мрдање денеска почна по активно се да прати омилени и се лустериве а и елката ја загледува кога ја пресоблекувам таман мирна стои
Јас закажав во Image foto, а види ги и други: dreamartpfoto_graphy инста, fairytale photography, знаев и други ама мозок чавка
Од Битола во пазарот, во продавница за играчки. Појма немам како се вика продавницата. 950 или 1000ден. беше мислам.
Koga ke dava napon za kakanje kreni my gi nozinjata nakaj meseto jas taka I pram na mojata koga nemozi da se pokaka polesno i e. A za cajce ima hip bez seker ili na holle
И јас ништо не се сеќавам, сега се што прави бебево, викам абе вака големиов не ми правеше. И некој во околинава дома ќе каже: е како не, исто беше. Јас еве не памтам. @brm_brm една гушка до тебе со прашањава ептен ми си слатка
Прашања кои не заслужуваат одговор . Прашање врз прашање. Ама стварно, јас незнам кога ќе створиме ред...ај за спиење немаме, ама па за јадење исто немаме. А тек сме само на млеко, а сега кога ќе почнеме вкусови/каши. Демек си цицнува за заспивање, и ад како оброци ама малку ми пие. Кој знае дали ставила овој месец. Исто пие како на 2 мес
Здраво девојки... Кажете ми дали БиоГаја може да се дава на штотуку родено бебе? Инаку сме 5 дена само
Како сте вие мами, останавте на А.комфорт ? Витакај ги ноџињата кон меше, кај нас тоа ептен помагаше.
Мами хлоранфеникол маст да мачкаш. Нас на рачето ни беше така. Матичната кажа маст и ракавичка за да не пикне во уста. За два дена помина
Да мила продолжив со Комфорт, претходно ставав чепче и се искака. А, ноќеска пак беше полн памперсот. Се надевам ќе се среди со оваа млеко. Прашање до тебе ако знаеш, кога давам чајче бекутан смејам да ставам капки во млекото или? Некаде имам прочитано или едното или другото. Пример насабајле давам некаде меѓу оброк чајче по 30мл.
Теменицата никако да ни исчезне. Прво ставав бекутан масло, па јекодерм пред бањање Последно 3-4 пати ставав на фризидерм ама пак е исто. Лушпите си стојат, дури бели се. А и на местото кајншо се лушпите и паѓа косичката, нормално е?
Скроз исто, 2 месеци веќе се појавува. Никако да и се тргне. Ми рекоа да ја плакнам со чај од ленено семе, па ќе пишам дали има напредок.
Мајки помош испаничена сум. Бебе претходно има какано пред повеќе од 24часа, сега се искака се мачеше столицата не му е ни течна ни па преѓногу тврда. Ама видов дека уште се напнува му ставав нов памперс како се напна излезе крв, второ напнување и излезе крвав слуз. Исто како мрсули крвави, мене ми се смрзна крвта и незнам што да правам. Утре имаме закажано во Систина на педијатар. Матичниот од тука вели не е ништо страшно, не се плашете дека од тие витамини што ги прима D3+K1 и дека се мачеше со какање. Читам по нет може алергиска реакција од кравја сурутка, а ние нели сменивме на Комфорт и сега многу му мириса каката и дури кога прднува многу мириса.