Софи не се секирај мама. И син ми и на @Andrejaaaaaa синчето исто се/беа со крвави столици. Поделени мислења од различни педијатри-од преосетливост на кравји протеин (демек од твоја консумација) до идиопатски крвави столици што сами од себе се повлекуваат. И навистина, кај нас како што се појавија, така и се изгубија. Знам како ти е, ама не се грижи, додека не е некое обилно крварење, не е страшно. А кај вас можи да е од пукање капилари од напон или оштетена слузница од топломер/чепчиња.
Како што пишала @IRBBB, истата ситуација беше, и јас бев прво од памет извадена. Првото нешто што го кажаа сите доктори кај што го однесов беше дека може да е интолеранција на лактоза, бев на диета без никакви млечни протеини ама пак се појавуваше крв, еднаш во неделата обавезно. Правевме испитувања, нa снимање го носев во систина се беше ок. Незнам од што беше тоа, дали од напнување, врска немам. Сега веќе месец дена сме со кашички, столицата му е потемна, и да чукнам не сум приметила веќе така. Кај тебе чим не кака подолго време, можно е и од напон да се.. И смири се не се стресирај. Ваква ако си уште сеа ехеее.,,, ќе се збудалиш... Така е со деца...
Леле знаеш колку ми е страв и незнам што да правам, дали да брзаме за Ск или да чекаме до утре. Еве сега пиеше млеко и пак почна да прди прди и се искака малку и пак имаше крв. Го фатив со стапче, значи се познава дека е лигаво и крваво. Дали може шлајмови крвави да се ? Значи претходно од секретот ми се закусна додека спиеше и едвај се продиша, а јас цело време стравувам бидејќи ми рекоа кога е роден имал потешкотија за дишење. Дали може во Лп да ти пишам и да ти пратам слика, ако не ти е грозно. Стварно сум распаметена.
Мајки за затнато носе какви капки ставате? Влечам ама некако ко горе да се не ги гледам а се слуша колку е затната
Синомарин капки нас ни помагаат за затнат нос. Стави неколку капки во секоја ноздра почекај да омекнат мрсулчињата па после влечи. На "суво" не е препорачливо да се користи аспираторот.
Јас користам од она со уста што се влече и обично после бањање само. Ама еве ја сабајлево додека цица имам чувство дека одвај дише
Таков е перодот на настинки и вируси, а и од топлото дома посув е воздухот, добитна комбинација за затнато носе. Нека ви поминува побрзо
Мајки а колку често смејам да прскам од спрејот за нос од бекутан ? Мојот се позатнат е, ама мрсулчиња не се гледаат, а некогаш со носко знам да извлечам нешто. Ај кажете имаат шлајмови сега? значи 2 дена ептен се мачи ќе заспие и ќе се закусне вчера така 5-6 пати и ќе проба да искашла само еднаш и го гледам го голта му стојат во грло. Вчера Педојатар го слушаше, рече нема ништо. Друго смејам да ставам малку свинска маст на градите кај бебе старо 3 недели ? Ќе му помогне ли нешто? Стварно незнам како да му помогнам, а хрчи премногу, плус носот делува доста како да е затнат па едвај диши.
Мајки затнато ни е носето има суви мрсулчиња и не исќзлегуваат. Сега читав за синомарин ампули дали сте ги користеле и како ?
Бекутан е изотоничен солен раствор и можеш секојдневно да го користиш. Јас од старт го користам. А за затнато носе Синомарин, тоа е хипертоничен долен раствор. нас ни помогна. Јас спрејче користев, а има и ампули капки. Ставаш, ќе почекаш да делуваат и влечеш.
Свинска маст толку мало не, може алергиска реакција на пројави. Што направи, беше за каката со крв на лекар?
Тоа ти е исто како капките, само се продавааат на парче и можеш да го користиш 24 саата од отварање. Околу 15 ден се
Jas Pola od ampulata ja stavam vo dvete nozdri ,cekam da omeknat I vlecam so aspirator I sum zadovolna odma izleguvaat.
Koga I e mnogu zatnato noseto ja delam Pola za vo dvete, mozi I mnogu da e.Koga e pomalku stavam po dve- Tri kapki I ok e.Prasav pedijatar Dali ima steta ako stavam poveke , ne mi rece ,slobodno stavaj.
Тоа ме интересираше, немој сакајќи да му помогнам да направам поголема глупост. Бевме вчера, вечерот се искака и носевме примерок. Вирус нема денес стигнал резултатот, а за бактерии ни рекоа во петок. Вчера се искака убаво и жолто и немаше крв. Сега се искака темно зелено, слузава крв немаше, ама на пампесрот има розево под каката. Претпоставувам пак имало, ама не сум сигурна. Докторката вели да не брзаме, ако видиме пак свежа крв тогаш да се прегрлиме на Аптамил без лактоза. Вели за се' има решение, ама малку сум исплашена искрено. Вие тогаш само каката ја испитавте или плус уште нешто?
Кака не испитавме, ехо правевме на цел абдомен И моето имаше зелена кака, и плус повраќаше, и затоа ехо правевме. Не се секирај, убаво ти кажала, за се има решение
Мајки дајте совет. Почнавме со дохрана од пред недела дена. Мојов цела кашичка си јаде скоро, без проблем. Некогаш 100грама, некогаш 110, некогаш 120 зависи. Е сегаа НАЈЈЈЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ е што заспиваше само на цице, а сега не можам да му дадам пошо заменивме со оброк сабајлечки... спасувајте како да го успијам. Ова е лудо колку многу плаче. Премногу!!! Не може да заспие, се врти, се гребе по лице. Пробав со нишкање, во количка по дома, маж ми проба... не бе брате, нејќе да чуе. Има ли шанса да се среди ова? И ако усепала некоја мамичка нека сподели, да ме просветли ♡
Pa daj ja kasata 1.5-2 saati pred vremeto za spienje i ke saka pak da cica Edit ili posle spienje neka jade kasa...
Абе он сака да цица и после кашата... нема проблем. Ама сакам да му исфрлам цицање, да му вметнам каша... станува пример во 7, во 8 ипол му давам да јаде до кај 9 и после го фаќа дремка и треба да спие. Епа он плаче за цице пак да цица за да заспие... ќе го направам буце и да цица и да јаде :/