E kako ne...daj mu ke vidis pomalce ke cica i posle samo nema da saka veke Ili pak ke recam neka jade po spienje
А мислиш? Лелее дај Боже. Ај да пробам да му дадам одма штом ќе стане во 7 па во 9 да му дадам каша и да го легнам ..
Kolkvo ti e bebeto? Redot ti mu go prais za jadenje kako ti odgovara taka. Jas nekogas i davam dorucek pred prva dremka nekogas posle zavisi koga stanala.
5+ сме. Сега пред малку почнавме со дохрана. Абе мене ми кажаа дека не е убаво после оброк да цица. Наводно се дебелеело без причина. Нит е гладно нит бутур. Цица од навика... и затоа сум стресена. Не можам никако да го заспијам
Мама цицање не е само храна. И близина и топлина и љубов е. Не му го крати на детето тоа што не мораш додека можеш. Зошто не би чинело? Ако не е гладно, ќе цицни неколку пати и ќе заспие.
@Lili90 мојата цицнува само за заспивање, инаку сме на ад. И сум пресреќна кога ќе ми заспие така. Не може да цица многу после каша е му се секирај. Ова лаички мој совет де Не сме почнати со немлечна сеуште. Лелее не ми се верува почнав да делам совети за цицање и јадење .... ќе се случи нешто денес .
Абе седи мирна какво дебелеење Доено бебе неможи да биди дебело Плус кога ќе седне па ќе почне лево десно да подлазнува , килажата подруго ќе изгледа , па ќе височе . Нека цица колку сака и кога сака , доењето е примарно до годинка. Кај мене е 10+ три оброци има и после секој оброк он пак цица при заспивање , па и пола саат да е после оброк , он мора да цица и тоа мислиш јадење нема видено И не планирам ништо да ускратувам тек околу годинка ќе му кратам некој подој Кај тебе па и уште помало е тоа уште се уче на др храна , давај нека си цица мали
Софче нормално е мама се чисти уште.Јас по еднаш на ден прскам и тргам,еднаш и направив проблем ми се засркна од слиениот секрет кога капев по повеќе пати одвај ја оддавивме до брза помош стигна работата. Ја носев и на педијатар од што ми беше затната баш тој период,околу месец имаше. Ми кажа исто само бекутан по еднаш 2 пати на ден. Сеуште понекогаш и стои на грлце и грчка на спиење,некогаш можи и до млекцето да е.
Мислам дека нема соодветна тема па тука ќе прашам. Ленор сензитив прашок за бебиња сте сретнале низ Македонија негде? не е важно дали течен или капсули, наши роднини не успеаја да најдат.
Моето веќе е буцко и без кашите, уште сме на вкусови. Не планирам да му кратам цице без разлика колку јади. Се буди, за кратко давам да јади па одма бара да цица. Па и ако бара цице не значи дека е гладно. Баш на интернет читав некаде, начинот на цицање ги смирува бебињата.
Јас го користам тој прашок , но живеам во Германија.И кога бевме на одмор во Македонија си носев од тука, немав друг избор бидејки некаде не можеше да се најде во Македонија за жал, а немаше каде не проверивме
Дади му на детето да цица, ќе цица колку му е потребно, нека си заспива како си е научено, мојата исто така заспива со цицање, некогаш само така си ја држи брадавицата некогаш си цица, не слушај од страна мајка следи си го детето, мојата на 10+ е 13.200гр, па никогаш не сум помислила дека ја згојувам со доење(за храна секој ден е молење), сепак до 1година сите хранливи вредности ги примаат од млекото.
Сега за некој ден почнувам со вкусови и од некоја причина многу ми е страв. Не знам н и ш т о! Може ли некој да ми изџвака ама детално како се подготвува, колку, колку се дава, како се готви, ден по ден што да давам? Ќе биде 5 ипол месеци
Мајка погледни си на инста на мала беба велики гурман, буквално се е преџвакано, со многу љубов го работи жената профилот. Во кратки црти е следново: Секоја намирница се воведува 3 дена заради алерген. Се почнува со нешто што е неутрален вкус (тиквица на пример) и е лесно за варење. На почеток е по неколку лажички чисто да се запознае бебето со новата текстура и вкус. Секоја воведена намирница се комбинира со претходна и така се збогатува оброкот. Не се додава шеќер, сол и други зачини, освен целијонски цимет после 7 месеци. Препораката е да се даваат свежо припремени оброци, заради квалитетот на оброкот. Доручек се воведува најрано од 5 ипол најдоцна до 6 ипол месеци. Ручекот се воведува 2 месеци подоцна и вечера 2 месеци подоцна. Во меѓувреме си останува доењето/АД на барање на детето до првата година. Со воведување на немлечна храна паралелно се воведува и вода. Не сокови, не чаеви, само вода. Пиши ми лп за дополнително инфо.
Ок фала. Само маааало прашањце Дали би било ок да почнам прв ден со варен и пасиран морков, па после 3 дена до варена пасирана тиква, па брокула, па јаболко.... дали сите се варат? И од кога и како се дава пченкарно брашно, палента, ориз?
Се се вари ама ако можеш да готвиш на пареа уште поубаво. Со варење дел од хранливите материи одат во водата, затоа на пареа е најдобро. Живо неварено можеш да дадеш нешто што е меко, банана, јапонско јаболко, авокадо. Алергени ти се јајце, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, пченица, соја, кокос, сусам. Овие кога ги воведуваш внимателно, прво по малку и секој ден по повеќе. Ако нема реакција значи е ок. Секогаш се дава само еден алерген на оброк, откако ќе го воведеш можеш да комбинираш.