Кај мене се нешто слично разлика 4ипол години со 10ипол месеци . Се случи на 2 пати да ми е настината поголемата , пробувам да и објаснам да не се пика директно во него , и да не го бакнува , да не му диши апла тоа е се . Многу полошо е да го отргниш во друга соба , нов член имате дома тек се навикнувате , може да ти изразе револт и љубомора. Многу зборување , објаснување за можни несакани ефекти па дека е бебе како ќе се одразе на него , ќе свате верувај. Големо е може да разбере. Со две деца е така ако не сега на следна настинка ќе си префрлат , реалноста е таква а едното одма и другото во пакет. Они се деца не разбират неможиме да ги раздвоиме за една настинка , само зборување , објаснување што е како е , и некоа ден да се воздрже од директна близина
Да да разбира му објаснувам дека е бебе и влегува кај него со маска и многу пази ама мене ми е страв во друга соба да го однесам бебево да не го префати и си лежи во неговата соба цело време само
Моите се разлика скоро 10 години. Постариот беше со болки во грлото пред одреден период и му објаснивме да не се доближува директно во лице на бебето и се придружуваше до тоа, арно ама сопругот настина во меѓувреме и несакајќи му пренесе на бебето. Муабетот ми е колку и да ги пазиме периодот е таков. Да се надеваме дека нема да настинуваат и ако настинат побрзо да им проаѓа.
Како се справувате со лупење на скалпот на бебињата? Месец ипол е, горниот дел на главчето и е со струпчиња
Ова е теменица. Земи масло за теменица на фрези дерм и мачкај саат два пред бањање. После со бебешко чешелче. Сами ќе паднат.
Мајки може не е прашањево за тука. Дали се соочувате со опаѓање на коса од доење? Како се справувате,совет? Мислам дека пола коса ми опадна. Пијам Премама дуо, јадам разновидна храна. Можеби мањкам со овошје и зеленчук ама сепак и тоа внесувам. Некој шампон да ви помогнал а да не е штетен за бебе. Предходно кога сум имала проблем со опаѓање сум го користела на Esi шампонот ама сега ме мисли да не е многу хемија тоа. Нешто по природно ако знаете советувајте, очајна сум
И кај мене е иста песна, а мислев ќе ме избегне. Веќе еден месец ми паѓа интензивно и не сум паметна што да направам. Ко што читав тоа е коса во бременоста што не паѓала па сега поинтензивно паѓа, на тоа место нова коса никнува. Само време треба да се средат хормоните.
Jas go koristam samponite od farmasi od Luk I crno seme I dvata se mnogu dobri.Mozis plus vo samponot da pojacas da si stavis ampuli B1,B12 I B6.Ne se sekiraj majka toa se slucuva skoro kaj site I kosata sto paga ke se obnovi.
Хормони, кај сите исто се случува. Одговорот е, како и за се друго - Издржи, период е. Јас издржав, остана нешто од косата, после 5 месеци опаѓање скоро на цело прамени
Оххх само тоа значи ни останува, да издржиме. Ама па не можам да ги дособерам, насекаде ги сеам. Тепих од влакна се прави
2месеци сме, затнатоо носе не диши малава. Што да дадам, ја барам педијатаркава не можам да ја добијам
Истооо, секој ден по една рака коса вадев од правосмукалката а косата собрана во пунџа цело време. Па на бањање 2-3 пати ја празнев решетката на туш кабината од што се затнуваше од коса Сега паѓа ама нормално,по некое влакно денот.
Физиолошки раствор ставај и ако се гледаат мрсули ги влечиш. Ако не се гледаат не влечи. Исто помага во вц пареа од топла вода и да диши. Јас пред бањање му правам пареа и сами паѓаат.
Трпение-спасение. Чим јас издржав, сите можат. До кај 6ти месец негде ми паѓаше како луда, после се стабилизира. Сега имам нова коса, уште повеќе си ја мразам отколку дури ми паѓаше-ни застанува некако, ни личи на нешто.
Може може..ние имавме две единици долу па ни излезе двојка горе па после тоа кецот и толку...и сега горе од една страна има заби од друга не