Исто, на чешлање, на бањање, на перница дур спијам... Влакна на сите страни. Да се тешам тогаш дека уште некој период па ќе се среди.
Маж ми викаше дека се осеќа како да чува куче дома... па сеа ти види колку ми паѓаше сега сме 5++ и малку намали со паѓање
Како се справувате со спиење на бебе во раце и на стомак? Никако сака да спие на грб само? Колку и да спие цврсто осеќа кога ќе се премести во креветче на грб. Еден месец е.
Здраво, имам ќеркичка 5 дена сме.. откако не пуштија од болница некако пробуваме да си фатиме ред.. е сега креветчето ни е во спалната, а ние некако се распославме во дневна пошо сите работи ни се тука, а спалната ни е ептен кнап и овие денови бебка преспива во корпата од количката навечер, а и преку ден само таму сака да спие... е сеа количката ни е макси кози лила, корпата има анатомска перница и некако ми е во чудна позиција не знам дали треба да спие така... прво некој ако има ваква количка да сподели искуство... второ дали може да ми дадете совет што да купиме за во дневна да преспива ? не знам што би можело, а да е помало од креветче
На гарнитура ,постилам тетра и нека си спие. Кај нас ретко се случува да заспие во дневна можеби еднаш,два пати неделно. Најчесто ја земам и носам во спална ама ако ми се гледа ТВ ја оставам во дневна
Мама купете си гнездо. Мојата кога беше така мала исто не сакаше да спие во креветчето, изгледа и беше големо и застрашувачко тогаш. Па и го стававме гнездото во креветчето за ноќе и така спиеше. А преку ден во дневна. До скоро 6 месеци дневните дремки ги спиеше во гнездото. Сега веќе на 6 во креветчето си спие и дење и ноќе (добро де, ноќе пола ноќ на спална со нас ама нејсе ).
Мајки моето до пред некое време си гугашњ и со останатите дома , а сега само се смее и некогаш вришти ама не гуга, има ли некоја вакво искуство? Инаку 4++ сме
Сосема нормално е. Сега си го запознава гласот, гледа што може да направи со него Вриска, пее, се смее
Нормално е да престане да гуга определен период затоа што мозочето се фокусира на други работи, најчесто на моториката, т.е. вртење лево десно на страна, на меше итн. Ќе си гуга пак, не се секирај.
Како ја навикнавте да спие во креветче преку ден? Ќерка ми е 4 месеци, навечер си спие во креветче ама преку ден во количка е навикната, не сака во креветче. Сакам да ја научам и преку ден во креветче ама одма ми се буди кога и да пробам.
Ништо посебно не сум правела да ти кажам. Прво почнав по една дремка (првата) да ја ставам во креветче, по неколку дена и втората и сега веќе и третата. Е некогаш не сака во креветче, па на спална ја легнувам и си спие. Во количка дома никогаш не сум ја ставила. Количката ни е за шетање и надвор ако и е време си заспива во количка.
Majki ne znam dali e normalno ili e nekoj problem, Malata koga se smee podolgo na glas obavezno pocnuva da ika I Kako da se zasrknuva ne znam Kako da opisam.Dali vi se slucuva takvo nesto?
Мајки каква е столицата на бебе што пие само формула? Ние бевме на Аптамил прематуре, од тука сменивме на Комфорт дека бебе не какаше неколку денови. Па ни се појави крв во столицата и Педијатарот ни смени на формула без лактоза и млечни сурутки. Ама сега кога кака има како црни точки, како семе незнам како да објаснам. Дали и кај вас вака има, или пак нешто е друго работа? Си немам мира...