Боди со куси, тенки тренерчиња, скафандер и капа. Таман му е вака, топол е а не се поти. Ќебе и прекривка не ставам.
За сите со овој проблем, најискрено го препорачувам овој шампон, не е реклама, туку е единствено нешто што ми помогна. Кај мене ситуацијата беше драматична, после царскиот имав уште една итна операција, и косата пола ми падна. Од шампонов опаѓањето престана, а од ампулите почна да расте нова. Еве и на инста стори го имав и многу девојки ми пишаа дека и нив им помогнал.
Ампулите се околу 1000ден., варира цената во секоја аптека, ама во кутија има 15 ампули и траат долго време. Се ставаат на коренот со лесна масажа, не се измиваат одма туку да има минимум 8 саати пред следно миење.
Девојки ми препишаа Панцеф, докторката вика дека е безбеден во тек на доење. Какво е вашето искуство, доевте без прекини или?
А уште едно прашање. Кога велат "детето ќе покаже дека е време да се седнува", што знаци да барам? Што да чекам? Вака кога лежи на рамно не се исправа, но на пример во адаптерот од корито или во транспортер се исправа напред. Јас не сакам да го форсирам, но не знам да не пропуштам нешто, дали да го исправам треба? Да не му направам беља? Едит: @GFlower и јас пиев, ми го препишаа и ми рекоа дека е безбеден за доилки
Мене ме советуваше Видоески да му се даваат прсти да ги фати со рачињата и ако само се исправа во седечка положба значи е спремно, обично околу 6ти месец. Нормално ако ортопед претходно не ти посочил ништо проблематично
Од мое искуство можам да кажам само дека само треба да го ставиш на под на подлога и оно само ќе си прави колку што може и ќе си го следи развојот. Моето бебе на 5 месеци застана на колена во позиција на лазење, ама само застана. После тоа застанување по неколку дена почна да пробува да седнува прво на страна на пола газе со двете раце потпрен, па исто на страна со едно раче во вис балансираше, па сеедна на цело газе , па со нозете напред, па го пушти и другото раче. Помеѓу секој напредок имаше растојание од 2-5 дена. И ќе паѓа, да, нема да научи од прва. И ќе стане пак, немој да го стопираш, така ќе научи, не се плаши нема да се повреди на подлога ако се навали на стеана и се чукне на под. Јас во ниту еден момент не му помогнав да седне. Сега е веќе усовршен на скоро 7 месеци. И лази и стапнува на цело стапало со кренато газе и седнува без проблем од лазење. Моето мислење е сепак тоа дека дали ќе седне на 5 или на 7 или на 9 не треба да те загрижува, секое дете си е за себе посебно, само остави го само, ако му даваш помош не му помагаш.
Баш го слу Можеш да ја погледнеш емисијата 0 плус на youtube ја има,гостин е баш антоније од пред месец и го одговара и ова прашање баш и други грешки што ги прават родителите. Така и се вика емисијата.
Да , многу дечиња прво наназад почнуват па после напред. Се согласувам со @Dee*Tee , самото баш ќе ти покаже кога е спремно , твое е на земја да го оставаш што повеќе. Транспортер и адаптер не се мерило пошто се во свиткана помош и му помагаат автоматски да се исправе и седне полесно. Од лежечка позиција коа ќе седне сам тоа е тоа. Ама до тогаш ќе се вежба како со кажа Дее , првен ќе пробува на едно раче баланс да се придржува па ќе се опушта постепено скрос сам. Ја никогаш не редев перници , ни подавав раце , го оставав на широко и подлога се сам да си пробува , па ќе падне , па пак ќе седне Ништо не грешиш секое дете различно ги мине фазите некое побрзо некое побавно , ама ќе седне од 6 до 7м самостојно.