А безбедно е за користење? Се мислев со пешкир постелен да пробам кога го држам на рака веќе ми стежнува и мрда многу не можам да го додржам.
Женски на бебе (1месец) горе на косичето почнува да му се лупи кожата, и има како првут бели точки, тоа е теменица? Како да го третирам? Спојлер
Мамички предложете ми добар ортопед на приватно за прв преглед на новороденче. Освен др. Антоније и др. Талевски бидејќи кај нив прв слобпден термин е дури во февруари.
По ова што гледам не е темница. Им се прави така како првут што им е сува кожата. Не треба никакво третирање освен колекција да земеш за сува кожа не знам ти каква користиш
Јас го користам на Фрош средство за флеки бебешко, ептен сум задоволна, на отпрано вади флеки 100%. И на засушено мало делче иако не е отпрано без проблем вади. Во ДМ го има.
Јас користам друго шишенце, во комплетно иста ситуација бев, давав ноќе измолзено млеко. Се засркнува затоа што не е навикнато на толкав млаз млеко. Мислам дека какво и да купиш исто ќе биде, пробав и со медела шишенцето за новороденчиња, џабе. Мене форумов ми помогна со лактацијата со овесен доручек и многу лактамикс, ако сакаш да го откачиш шишенцето
МАјки неможам да најдам, моето се направи лом со црвени точки под устата кај брада од лигавење Со што да го намачкам?
Јас тетра пелена одоздола ставам. Проблем никаков сме немале, моето е женско за машко не знам, ако ти е шубе ножеш да ја превиткаш пелената или пешкирчето на долниот дел.
Јас и ставав пудра, али навечер ставав и наутро кога се разбуди ништо нема, во текот на денот пак ќе се вцрвени.. па вечерта пак. И така во круг. Дури сега намали со лигавење и веќе не е црвена, ептен ретко некогаш.
Podobro nisto da ne mackas samo izmivaj go so voda nekolku pati vo denot I izbrisi so Suva krpa da ne ostani vlazno.Period e ke pomini ke se povlecat .
Моето бебе е 4+, при преглед педијатар ја фати малата за рачињата за бебето да се исправи во седечка положба, истиот педијатар ме праша дали и ја правам таа вежба редовно (многу било важно да се прави таа вежба )со што многу ме збуни бидејќи во Германија тој педијатар стриктно ми забрани да и ја правам таа вежба и дека малата сама ќе си се исправи кога ќе биде спремна. И сега што е правилно? Едни велат вака, други така...
Умерено не е ништо погрешно. Инаку ако се замараш со се и сешто каша попара мозокот. Прави му ја вежбата еднаш дневно и нема да згрешиш. Ама го фаќаш ти за рачињата и ако е спремно самото ќе се крене, не го влечеш ти за рацете, јас прв пат на 5+ пробав и во почетокот не се креваше па почна ама главата му висеше на наназад и сеа скоро на 6 се крева убаво.
Каков е тој додаток? Јас ја држам со едната рака а со другата бањам. А она како прета одвај се додржуваме.
Мајки малата веќе недела и пол многу немирно спие..Преку ден дали 1 сат и се бери и тоа со мрдање претање и само враце.. Главчето само лево десно и само стенка и ги крева и мава нозете од кревет. Навечер дури заспие цврсто исто прави а после првото станување за млекце пак почнува..Грев ми е мислам дека нешто ја мачи пошто до сега тој проблем го немаше.. Совет?
И јас поима немам што е правилно, моево на 3 и нешто почна да крева глава, прави стомачни на страна за да се исправи, се напиња, црвенее.. па му пружив раце и си седна (со клатење секако ). Му се виде интересно нели и штом се најде во хоризонтала, или ќе се сврти на меше или ќе се напнува да стане (мрази да лежи на грб, или плафонот многу бел е или лустерот не му се сфиѓа не знам ). Кога бевме на контрола последно истото и го направи на докторката, таа нешто го фати за раце и тој одма почна да се крева и ми рече “кога ќе видиш сам да дава напор и да сака, пружи му раце, или земи го кај тебе в скут и нека вежба”. На почеток од јануари сме на ортопед, па ќе видиме што ќе каже, мада мислам дека ќе ме отпее што му помагам.