Н Хахахах ме пресмеа со стомачните на страна и мојата прави, кога и подадам раце се дига без проблем во седечка позиција ама од страв веднаш ја легнувам.
Здраво мајки, При менување на пелени кај новороденче на кој начин го одмивате? Читав дека влажни во првиот месец не се препорачуваат многу. Ви благодарам.
Го носам во вц и го мијам. Од мочано бришам со влажни туфери а какано мијам секогаш. Влажни користам само за надвор.
Абе смачено им е сѐ на грб од ко се родени, плус сега сѐ ги интересира, а не можат да претнат без нас . Најубаво консултација со ортопед мами, мада кај и да е ќе треба да ги седнуваме во хранилка, еве и на 60* нека е, не верувам до тогаш дека од под сами би седнале. Btw и јас не го оставам да седи, туку само да вежба стомачни , одма го враќам назад.
Секако дека да. Ќерка ми е 5 месеци и понекогаш само што ќе почне да цица, веднаш си се олеснува Дури мислам дека цицањето им помага Ние сме 5+, исто се крева и прави стомачни. Сега почна да се врти едвај но упорна е, од грб на стомак и многу е цврста. По консултација со ортопед, ме охрабри слободно да вежбаме седнување и слободно на 45 -60 степени да си е, со моја помош се разбира. Неа и јадрата ѝ се скоро оформени па може и затоа ни даде зелено светло да вежбаме почесто седнување колку што самата ни дозволува. Би рекла секако да се почека пред да се става бебе во седечка положба сѐ додека не каже ортопед, додуша веќе 5 месеци полека треба да се пробува, ако има бебе желба ) Лежење 5-10 мин па подава раце да ја земеш, ако ја изигнорирам почнува да ржи, да се црвенее како домат и стиска со вилиците без заби хахаха мисли дека е опасна, а уствари е пресмешна Сега интересни ѝ се сензорни шушкави книги, ги треска од земја пред да почне да ги јаде.. Исто така, се воодушевува од звукот кога ќе удри со рака по метална кутија од божиќни колачиња, неа партал ја прави како иден тапанар хахаха
Здр мами , малава ми е 4 дена и има ужасни грчеви , постојано плаче се стега и мн малце ми спие , по консултација со педијатар ми предложи по 10 капки на ден еспумисан…некој друг совет што да применам ?
Фала ти ептен. Се пронајдов. Токму така и ми прави малиот. Ноќе спие цела ноќ, често сврзува и 6 часа без да се разбуди, па веројатно е тоа причината што попладне е понервозен. ❤️
Вежбајте со ноџињата како да вози точак за полесно да испушти гасови, можете топла тетра или термофорче на меше... Колиеф капките нас најмногу ни помогнаа ама мислам дека тие од кај 8ми ден најрано може. Гушкајте се многу, така ем ќе се топли ем ќе се смирува.
3 месеци прави утре..Многу рано ми гледа за забче,непцињата и се исто како што и беа не се вцрвенети потечени иако се повеќе и повеќе се лигави во последно..Многу се плаши низ денот од секаков шум и ми е да не и се рефлектира на сончето тоа.. Посекако сум на 29ти на невролог ќе си прашам и за ова
Влажни општо не се препорачуваат не само во првиот месец! Ние сме 6++ од раѓање на рака ја ставам и во вц на чешма ја мијам. После ја виткам со тетра и ја бришам. Без разлика мочкано какано. Влажни само кога не можам да ја измијам.
Vidi sto ke ti recat.Mojata nemirno spija I ja vrti glavata levo desno koga izleguva zabce ..zatoa pomisliv.
Здраво, Бебе за три дена прави 1 месец. Цица нормално и до сега скоро секогаш е искакана на пресоблкување. Е сега малце се секирам што од вчера не е искакана а сите пелени и се измочани. На моменти ја гледа дека се мачи но се ќе заврши со прдење. Нормално ли е ова?
Нормачно е. Кај доено бебе се толерира и 7-10 дена без кака. Можеби почнуваат грчеви,затоа има само гасови.