3 чаши пијам ако успеам 4, препорачливо е 4 т.е. 1 литар ама јас забушавам на вода. Со 2 л вода си супер
широк повој ... да или не ? што мислите? ортопедот кај што се породив во систина ми препорача да ставаме од втора недела.. јас не би сакала да ставам искрено многу сум на мислам ме интересираат различни искуства.. уште едно глупо прашање.. добивме вртелешка на поклон онаа за на креветче а бебе е многу мало 2 недели дали може да и ја ставиме сега... не знам да не се плаши?
Широк повој му ставија само денот ко не пуштија дома од болница и толку. Јас не ставив ни еден ден. Ако има проблем бебето, не верувам дека со широк повој ќе се среди. Твоја одлука, одлучуваш ти за твоето бебе. Јас одлучив да не ставам. За вртелешка рано е, не ни гледа убаво сега. Јас ја ставив после 2 месеци некаде.
го делам мислењето за широкиот повој.. фала ти за одговорот чисто ме интересираа повеќе мислења да не згрешам нешто ... нормално дома постариве лом ме направија дека не сум сакала да и ставам
Широк повој е самиот памперс. Се прави превентивно додека отидеш прв пат на ортопед, а тебе детето вејќе ти е прегледано од ортопед. Вртелешка јас немам ставено не знам да ти кажам дали ке се плаши ама е мала да ја прати мислам
И јас се породив во Систина. Таму ми рекоа да ставам по две пелени, од кои втората обратно од првата, задниот дел да биде напред. И нормално, дома така пробав. Откако видов што глупост е со двете пелени, престанав да ставам две и си продолжив само со една (само еден ден траеше ова). Нормално грижа на совест е, исто бев и јас, не знаев дали направив правилен избор се' до моментот кога закажавме прв ортопедски преглед кај д-р Антоние. И во емисијата објаснува дека ако има реален проблем, нема да биде решен со широк повој. Инаку, имам женско дете, сега сме веќе 6 месеци, и уште на првиот преглед ни кажаа дека за среќа, се' си е добро во развојот на колковите. Без ниту еден ден носење широк повој, само со правење на препорачаните вежби за отварање на колковите. Реално, самото бебе мрда постојано и си прави вежби. Мое мислење е да си продолжиш без повој. Инаку, ниту јас ниту сестра ми не сме носеле широк повој, но и не сме имале проблем при развој. Ти препорачувам за прегледот што е накај 2ри месец ако можеш да си го закажеш кај д-р Антоние. Човекот објаснува премногу работи.
кај него планирав да закажам..иначе да кога ќе ти каже така некој осеќаш грижа на совест.. затоа толку се мислев ама нема да ставам дефинитивно.. фала ви на сите за одговорите барем да немам грижа на совест..
Супер! Само да знаеш уште сега ќе треба да закажеш преглед. Малку термини пушта, и одма се пополнуваат. Макар што, ако не можеш кај него да фатиш термин, може и кај некој од другите доктори што се таму. По истиот принцип се водат и тие колку што имам разбрано. Нас мислам дека не' просветли. Практикував многу од работите што тој ни ги кажа и сум презадоволна.
Majkii, dali posle banjanjeto stavate kapce na bebe i po kolku vreme? Jas obicno go banjam okolu 6 popladne i veke okolu 8 spie.. Dali da spie so kapce?
Да не спие со капче. Ние се бањаме 19.30 часот и заспива накај 21часот .. Нема потреба од капче плус не е ни безбедно за бебето
Бебуш настина пред неколку дена, носето и беше затнано, хрчеше, солзеа очињата и качи температура. До наредниот ден се и помина освен затнатото носе, ептен и е растечено. Бевме на педијатар и се беше во ред, градите и грлото се чисти, обична настинка било. Ама носето никако да помине, носето и го чистам со солени капки и пумпичка ама пак и е полно цело време. Што можеме да превземеме?ептен ми е жална така затната да ја гледам.
Мама мојата кога беше настината 2 недели и требаше да и се смири носето скроз. Чим нема на плуќа ништо чисти редовно со физиолошки и аспиратор и трпение.
Си пробала ли со лаважа на нос? Прво да кажам јас на поголемото дете сум правела не на бебе. Другарка моја од бебе го чистеше малиот сега сам бара кога е затнат. Јас прво пробав на мене да се уверам дека не е страшно и стварно не е, многу олеснува дишење. Со физиолошки раствор и 10 мл шприц.
Вера ѕверка мала , зимај бубњеви мама нека го крева цело маало . Иначе ептен се интересни сега, рачунај сѐ ги интересира и како некој сообраќаец дома, само ме шалта низ соби, ова да види, она да фати.. моментално елката ни е интересна да ја откитуваме и фрламе лампионите кои среќа па не се стаклени, ко што сака татко му . Едвај чекам да почне со ‘ржење ко што опиша, сега за сега сме во фаза на вриштење . @Oneo @kostovaivana Ви се восхитувам жени како ги миете на една рака сега, јас до кај месец ипол-два миев сама под чешма, оттогаш бришам со вода и тупфери. Плус многу мрда бре ќе ми скокне од раце .