Ние сме 9 дена , од вчера постојано сака да е на цицка , заспива на цицка а се тргне се буди од сон и пак бара ….за да не плаче лажливка чува…..значи или цицка или се корне од плачење …хелп
Веројатно е гладно, барем такво беше моето искуство додека надојде убаво млеко, првите десетина дена нон стоп бараше да цица и ноќе се будеше. Само многу течности и упорност.
Colief како го давате со доење? На него пишува во 15мл млеко да го растворам и да давам со лажиче па да продолжам со доење... Ми нема смисла ова за 20 дена бебе. Јас во лажичка капнувам млеко и 4 капки и го оставам 15мин па го давам пред доење, има ефект така?
Многу пати сакав да пишам, може некоја ќе има слично искуство да ме просветли што да правам. Ајтаме само по болници. Како почнавме со Аптамил Комфорт нели имаше доста крв свежа. Преминавме на Аптамил АДЦ, свежата се смири ама цело време има црни точки и тоа е крв. Многу ми крчи и враќаше од млекото, ама најтешки ми е кога враќа проѕирна леплива течност каде што се гуши и ако не го видиш не испушта никакви звуци. Значи добивам срцев удар. Не примија во болница Систина 3 дена, хемоглобин упорно си пада стигнавме до 85. Му испитиваа коагулација на крв и испадна продолжено тромбинско време, па ми рекоа во принцип се поврзани со фибриногенот ама тој испадна дека е во ред. Па се сомневаат функцијата на финриногенот да не е нарушена, ама тоа испитување не се правело никаде во Мк. Вака си е Ок, напредува во килажа 4кг сме. Ни сменија сега Новалац млеко без протеини и да не враќа млеко. Искрено незнам што да правиме и колку ни е страшна ситуацијата незнам. Прееска пак имаше црни точки и едно слузаво со свежа крв што во последните 2 недели немаше воопшто свежа крв. И трето некогаш дише многу вознемирено го дува стомачето, кога го видиа рекоа дека не било во ред така. Па му правеа ехо на срце, што среќа испадна добро. Се ожалив доста, ама ако некоја мама знае нешто нека ми дава совет каде да барам чаре. Фала ви многу.
@S.o.F.i ќе ви пратам Стварно немам искуство,незнам што би те посоветувала.Освен дека за секој проблем има решение и дека секогаш на крајот на тунелот има светлина. За враќањето верувам ти кажале легнувај го на повисоко,накосиму го душечето.И гледај да ждригне после млекце пиење. @mariz ќе ја тагнам за крвавите столици може ќе ти даде некој совет,знам и тие мн се напатија ама поголемо беше синчето нејзино и колку што памтам само од себе се среди.
Мамички ве молам за помош... Бебето ми е 27дена. Денес имаме ептен грчеви, неможе да заспие или ако заспие тоа е на 15 мин и повторно пискање и плачење. Во 13 часот дадов еспумисан Л 25 капки ама слабо ни помагаат. Сега земав Колиеф. Па прашањето ми е кога можам да му дадам? Нема ли да е проблем веднаш да почнам бидејќи на пладне му дадов од Еспумисанот?
Нема, различен состав, различно дејство се. Еспумисан се за гасови, ако има гасови давај. Син ми немаше. Колиеф се со ензим лактаза, подобруваат да се вари млекцето. Можеш и сирупче харвис нурс да земиш, доста фалено на форумот.
Имаме и гасови ама проблем ни се грчевите. Фала ти многу ќе почнам веднаш. А за сирупот ако го земам Колиеф да му прекинам или...?
Не, тој е микстура од тревки наменета за грчеви и гасови. https://24apteka.mk/product/nurse-harveys/ Пробај сега со тоа што имаш, ако не се смирува, земи го и сирупчето. Јас давав колипреф (тие се како колиеф), термофорче и по малку чајче од ким. Ама моето немаше страшни грчеви, а гасови ич.