Извади го бебето надвор на воздух. Сите сте пишувале ладно е. Не ќе ги чувате дома до лето. Убаво облечи го и извади го. Да мало е, затоа 10-15мин. се доволни. Јас од педијатар добив совет само кога има ветар силен да не го вадам.
Ако разбрав добро, се мислиш за во кола дали да го ставиш во транспортер? Нема да седи во транспортерот, легнато си е. Не се секирај тие се специјално направени за бебиња. Стави го транспортер, врзи го и патувај.
Zabi Ako ti e shube da iskacas obleci skafander na bebe i izvadi go na terasa barem koga.ke e cisto i da ne duva. Mada ako imas.korpa od kolickata nema da mu duva
15.11 роден на 3 недели го вадев на тераса кога имаше сонце првиот пат 5 минути и му наголемував секој ден кога беше сонце. Му облекував скафандер или го мотав во дебело плик кебенце.
@Mucika мама бебе може да настине од микроорганизми, не од ладно. А микроорганизми повеќе има дома, во затворени простории отколку надвор. Како што ти кажаа, облечи го слоевито, во скафандер или завиткано во ќебенце и вади го надвор по 15тина минути и воздух да подиши и сончева светлина да види. Само не му ја покривај главата.
Му верувам на педијатарот, ама да ве прашам за мислење. Минатиот месец кога бевме на месечен преглед на 2 ипол месеци, бебе беше пораснато 1 цм и педијатарот ми рече дека нормално било за еден месец да порасне 1 до 1½ цм. Денес после еден месец од тогаш, ја измерија плус цели 8 цм! Педијатарот рече океј било што толку многу се извишила, не било проблем. Имавте вие толку разлики тој период? Периодов истите бодиња ги носи, ама шпикозните и се скратија во нозе, по се изгледа нозете и се издолжиле.
Син ми на два пати имаше вакви скокови , по 5-6 цм за нецел месец, е сега може и претходното мерење не било баш најточно ама како и да е приметувам по бодиња и шпихозни пошо брзо ги надраснуваше некои броеви. Ваљда е нормално, не ми текнало да прашам .
Мамички ве молам за совет. Вие што сте на АД како ги давате Колиеф капките? Бели треба 30 мин да отстојат во млекото, ама за тоа време ќе ми се олади и не ми се дава ладно, а повторно не трева да се загрева. Секој совет е добредојден
Педијатарот ни кажа да капнам 4 капки во шишето со млеко, да стои 5 мин па да го дадам. Имаше ефект. Мислам доволно е 5 мин.
Транспортерот е наменет специјално за во кола како седиште. Положбата во која е бебето во транспортер е слична како во матката и сосема во ред. Слободно вози го во него. Никако бебе во раце во кола од безбедносни причини. Само да знаеш дека после 2 часа во транспортер треба да се направи барем 15 минути пауза. Мама бебе од ладно не може да се разболи ако е соодветно облечено. Нема сигурно до март дома да седите. Облечи го убаво, боди на кратки, дебели тренерчиња или шпикозни, скафандер или ќебенце во количка и надвор. И количката ги топли. Ако не дува силен ветер слободно шетајте.
Fati go za usite da ne go bolat mada ne mi se veruva usna infekcija da ima...pre ke recam zabi pocnale toa ne znaci utre ke izleze ama imalo bebinja i na 3-4mes zab vadele
Еве моево е скоро 3 месеци, нон стоп пика раце во уста, се лигави и ги тегне ушите, педијатарот ни рече не се чудете заби ќе избиваат.
Да се надоврзам ,бевме и завршивме во понеделникот,морам да признаам ми беше стресно,ја држев во раце и и ги држев рачињата ,со 2 пиштолчиња бидна,плачеше ама само една минутка....сега е женска со обетчиња .Мој совет на тие што планираат подобро додека се помали и ништо не разбираат,за побрзо да заборават
Честито обетчиња на куклата! Туку ај сподели искуство како ќе се однесува за некој ден, дали ќе се фаќа за ушињата или не?
Фалаа ,и твојата убавица да ја накитиш ....искрено не е ни свесна дека има нешто,еве од понеделникот навака се нема пипнато дури и коа и ги вртам не реагира ко да ја боли.
Да се надоврзам на муабетот за запчињата, моето е 3 месеци и 20 денови. Пред 8 денови и го забележав првиот заб, на нејзини 3 м и 12 денови. Скроз беше излезен, тој веројатно излегол некој ден порано. Скоро одма после тоа забележав дека и соседниот излегува, еве веќе 2 дена и тој е над непцето, го пробило. Педијатарот денес рече ништо не е чудно. Тоа е.