До кога дававте пробиотик мајки? Ако е се ок со изгледот и бројот на столиците дали дававте оти ако е се ок не гледам причина да давам или се препорачува ?
Мајки, бебево е 2м. Нема какано 6 дена веќе, на доење само е. Компот од сливи, суви сливи, овесни снегулки, круша, се тоа пробано, не помага. Нема грчеви, стомаче меко. Кажувајте чаре читам топломерче во газе, како се прави тоа?
Здраво женски.. дали некој има искуство со ортопед за првиот преглед на 2м во Ремедика? Се мислиме помеѓу д-р Димитар Споа и д-р Иванка Стефановска...
Ние бевме на 2м кај Иванка не сум нешто задоволна. Ко од времето докторка ми е, да седиш да климаш со глава а она да те кара ко мало дете. Не објаснува ништо, ко научено на памет. На ехо го виде и следниот муабет: Широк повој до 4 месеци (не знам што ви е толку тешко да ставате широк повој на раце ко божем перете), вежби на колкчиња, дубак џемпер не (не објасни зашо не) и вежба покажа за истегнување на грбче. Совет даде на меше на тврда подлога по 1 час дневно расцепкано (ако плаче, не го жали ) и заврши прегледот. Кај другиот ортопед не сме биле немам искуство.
Ако бебето си е мирно не плаче нема проблем со мешето се е тоа нормално и до 2недели викаат било во ред ако е само на мајчино млеко. Топломерче и такви ствари не ти требаат. Продолжи ти да си јадеш таква храна,прави му масажи на меше друго ништо не ти треба
Мамички дали може да користиме АКВА МАРИС, инаку имаме 1 месец. Му се затнува носето од млекце што враќа, па ни прави проблем.
Здраво мами. Бебето ми е 2 недели и е на адаптирано млеко. Прво пиевме хип органик и после секое пиење какаше течно. Сменивме на хип органик комбиотик и сега имаме запек. Препорака за друго млеко што не прави запек до оние мамички што даваат адаптирано
Запекот може да е и до наглото менување на млекото. На организмот му треба време да се навикне, 2 недели е малечко за менување толку пати. Како знаеш дека има запек, колку време не е какано? И зошто сте прешле на комбиотик?
Јас би рекла да не менуваш пак, можеш бетер да направиш. Кога моево бебе почна со ад, какаше 1-2 пати неделно, педијатар ми кажа дека е период на адаптација и дека е нормално. Исто добив совет да прекинам со пробиотикот пошто самото ад има пробиотик во својот состав. Пробај влези во фб групава, ептен корисни ствари научив од таму, плус можеш да ги прашаш што и да сакаш. https://www.facebook.com/groups/530119147175984/?ref=share
Моето извади заби на 4 месеци. Пикаше раце во уста се лигавеше беше нервозен тегнеше се што ќе дофати. А после 3 недели извади уште 2 горе така да на неполни 5 месеци имаме 4 заби.
Mojata e 2 meseca i se ligavi i tura race vo usta nema veze dali e gladna ili najadena, neli ealce ranicko za takvo nesto