И ова да те охрабрам така ке биде уште кратко време, заспива на цице може и од што сака да е до тебе да те осеќа а со шишето не го може тоа, уште кратко време ке биде така потоа се поретко и поретко ке цица и подолго ке спие па ке се одмориш и ти. Знам дека си изморена ама издржи период е ако успееш после ке ти биде мн полесно
Сега читам дека фаќа и цуцла, не му давај цуцла додека не се воспостави лактација,биди упорна, наместо цуцла ставај го на града и да немаш ке ти надојде млеко, цуцлата сега не само ке го залаже.
Фала ти многу за одговоров, не е ништо теско за нив. Се ќе се проба. Инаку пијам чаеви, овесни, боза, бадеми... се надевам ќе има ефект
Не мора да ина 3 саати размак, битно е колку мл ќе испие во 24ч (што зависи од килажата). Моево и на саат ипол бара, па му давам некад помалце но почесто. Исто битен е и начинот на кој го храниш, треба полека, да трае бар 15 мин за да осети дека е сито (pbf техника).
Треба околу 700мл вкупно. Ама најдобро е да се водиш по бебето, како што пишала и членката погоре. Се дури си напредуваат, океј е да се водиме по нив. Давај му кога сака
Мислам дека ги отупев сите на форумов со групава, ама стварно е прекорисна, влези ако можеш https://www.facebook.com/groups/530119147175984/?ref=share
Здраво мајки Нова сум на форумот и би сакала да ве прашам нешто. Се работи за бебе од еден месец кое најчесто кога спие буквално како да стенка и се вцрвенува и се стега. Сегде прочитав дека доколку се работи за грчеви бебето ќе плаче бидејќи мислев дека тоа го мачи. Ви благодарам.
Здраво девојки. Ми треба совет. Моево бебе, 3+, почна да кака на неколку дена и ептен се нервирам. Еднаш не беше покакан 4дена, му правев масажа на мешето и се покака. Од тогаш повторно не беше какан 7дена, беше нерасположен, нервозен, ноќе се разбудуваше со плачење и се стегаше, се зацрвенуваше но ништо. По препорака на педијатар ставив чепче и се испокака до гуша. Еве од тогаш повторно не е какан 3дена и почнува да станува нервозен. Да напоменам дека сме само на доење. Прочитав дека може да не се покака и до 10дена, но го гледам дека се мачи, се напнува, не спие убаво а не знам како да му помогнам, некако не ми е во ред ова.
Пробај на под на стомак стави го, вежби со нозе како точак да вози или забележи што јадеш, да не има од одредена храна мака.
И јас ја имам таа од лотус м и сум презадоволна. Тоа што молзиш 15-20 мл не е репер за тоа колку имаш млеко. Мене беба ми е 7 месеци, на ексклузивно доење од прв ден. Со пумпа повеќе од 30мл не сум извадила а супер напредува беба. Често на града бебето, доење кога и колку сака, пиј течности повеќе. Можеш да земеш и лактил капсули.
Мајки, може малку е глупо ова што ќе го пишам... ама моево синче некако многу силно се мава по стомак. Кога ги мрда рачињата кога се радува, ептен силно се мава... не плаче, ништо, не го регистира.. ама некако чудно ми е толку да се шљака... м? Иначе 6 месеци сме точно
Ние сме на комбинирано ад и мајчино. Претходно давав повеќе ад ама еве сега после 2 и пол месеци ставајки ја на силиконски пупки ги извлече и сега сме вез нив, арно ама откако почнав да и давам мајчино повеќе овие 2 дена пелени полни какушки по 6 до 7 пати. Дали е нормално некако премногу ми е, претходно беше 1 до 2 пати во денот