Синко деновиве многу е нервозен ама не во текот на цел ден. Корне уши се тегне наназад дури цица и се лути, 'ржи буквално . Мачкам непца дека прочитав тоа со тегнење уши дека може да се заби. Ама непцата ко да не се потечени. Ако не се заби што може друго да биде?
Заби се гарант. Тоа се симптомите за заби. Мојата исто така правеше а непцата не и беа отечени. Непцата отекуваат баш пред да пробие забчето. А предходно оно си расте од доле.
Ние сме скоро месец, на доење, и до сега не се случило да не е покакана пелена, и повеќе од 7 пати некогаш.
Среќен Бадник мамички. За многу години празникот. Сакам да прашам со што можам да направам отпечатоци на раче и стапалце на бебе? Пополнуваме Радосница и тоа се некако го скокам бидејќи не најдов нешто соодветно за печатење. А ако почекам уште малку ќе ни пораснат уште повеќе рачињата и стапалцата
Среќни празници мајки! Бебе ми е 1+++ и сме на комбинирано, но сум во процес на префрлање само на мајчино ( бебе си цица и намалуваме формула по малку) Деновиве, од вчера, на секои 3часа кака. Каката му е жолта, и вака и конзистенција како претходно. Дали е ок? Инаку стандард и мочкани се сите пелени. Кога беше на поголема доза формула какаше на 2-3 дена..
Дентинокс гелче мама. Тој има и анестетик во него и повеќе делува него фрези дермот. Јас полудев денес готово. од сабајле со вриштење е станата и цел ден пишти ушите ми пукнаа, не знам која лудница да ја фатам . Од маката и блокмакс сируп и дадов за да и се смири болката малку Јас мама со темперна и правев отпечатоци. Ја разредувам со вода и со сунѓерче мачкам на ноџето и правам отпечатоци. Исто и за раче. Само за раче е покомплицирано пошо мора многу да пазиш да не бутне рака во уста.
Фалаа мама, ќе пробаме со темперните на бато И ќе си земеме дентинокс обавезно, мислам дека е во состојба мене да ме изеде душиче.
Па он ваљда знае дека блокмакс не се дава за болка при растење ма заб. Друкпат далерон давај и и готово.
На малата и се отечени непцата, нервозна е, има малку покачена температура и носето и тече (пак)... Од запчето што најверојатно ќе никне е ова или настинка е? Откако ќе отечат жлебинките после колку време расти заб?